Баш убаво, по толку денови разговараме толку долго и се испонапаѓавме на секој можен начин. Ако, ајде да си ги отвориме картите, редно беше да бидеме искрени.
Ептен ми недостигаш. Те сонувам и додека спијам и додека сум будна. Ти си секаде каде погледов ми залутува. Ти си. Секогаш си бил само ти. Срцево и душава те љубат исто, и за нив ниедна далечина не постои.
ајде ајде, ќе дочекаш ете кукленцето го дочека и сеа ја нема ама и јас чекам. мн сочуствував со тебе и со кукленцето ко одбројувавте, еве јас уште одбројувам...и зато вака ве цитирам, ми олеснува дека не сум единствената...ама ете и ти ќе дочекаш, изглеа само јас ќе си чекам посакувам во овој момент да беше до мене и само со поглед ќе ме смириш
Кога те нема да ми кажуваш „не , не мооже ова“ „не, не е рационално тоа“ „не, фантазираш премногу“ Кога те нема душава во кутии да ми ја ставаш, во боие на просечноста да ја обојуваш... Кога те нема да речеш „преемотивна си, лошо е тоа, разумот е најбитен“ цел свет ете можам да го покорам со своите соништа... Само кога те нема крилата да ми ги сечеш..........................................
Бројам саати Не поминува денов ејјјјјј... Ми иде уште од сега да дојдам кај што треба и да те чекам. Толку сум нестрплива. Нема спиење за мене вечерва Те сакамммммммммммм
Те сакам, како никого досега. Те сакам, затоа што дојде неочекувано во мојот живот. Те сакам, затоа што ме направи среќна. Те сакам, бидејќи ме научи да верувам во љубов. Те сакам, со искрено срце и безусловно.
Секогаш е така, од самиот почеток ја чувствуваш онаа искра, оној жар, хемија, привлечност, чувство дека светот ти се свртел наопаку заради таа личност и конечно е се на место. Во еден момент ти станува јасно дека го пронајде она што не си ни бил свесен дека ти фалело - личноста која ја замислуваше, посакуваше, идеализираше, сонуваше, твојата сродна душа, својата втора половина.. За такви моменти се живее. Моменти кои го запираат срцето и истовтремено го забрзуваат пулсот. Моменти кои го одземаат здивот и ја полнат душата воедно. Моменти кога ти се губи тлото под нозе и ти се издигнува битието над небото. Прекрасни моменти! Среќни се тие кои имаат чест да ги доживеат! Ретки се тие кои знаат да ги препознаат. А уште поретки се тие кои умеат да ги задржат и уживаат засекогаш. Зошто знаеш - колку е засекогаш? - понекогаш само момент! А ние? За нас??
Ми се води љубов со тебе додека свират нежни песни во позадина Спојлер: 18+ Се разнежнив нешто вечерва инаку сакам да се рокаме као луди и на оние нашите!
Или ке работиме на подобрување или прекинуваме. Неможам вака да оставам и да си губам време. Искрено и така не се гледам со тебе у некоја иднина, ко да не си одговараме. Зашто те прифатив у животов? Која лекција со тебе треба да научам?