Не се каам што ја донесов одлуката да те видам, зашто не сум среќна кога сум себична. Во твојот глас имаше толку тага, безнадежност, депресивност. И знаев дека кога ќе те видам, ќе се потсетам на сѐ што сме доживеале, сите осум години ми поминаа пред очи. И не треба да ми годи, ама убаво е да почувствувам колку е некој среќен само што ме гледа. Па да не може да ја затвори устата од возбуда. Да ми го држи чадорот за да не ми мрзнат рацете од ладното. Да се лути кога ќе му давам пари за сметката, зашто сака да уживам без да се грижам за било што. Да ме испраќа до дома, иако за назад треба да фати два автобуси и нозете му се мокри. После толку време, да се интересира како напредувам ЈАС во животот, а да не каже ништо за себе. Ти ме гледаш како да ме сакаш, а тој како да ме посакува. Ти си бил секогаш искрен, а тој се трудеше да ме импресионира. За него имам пеперутки, а со тебе се чувствував сигурно. Кога тебе ќе те прегрнев, се чувствував како да сум дома. И сум слушнала дека сродните души не ти предизвикуваат струења и треперење, туку смиреност. Ти по секоја цена би ме задржал до крајот на животот, дури и да патиш ако не добиваш сѐ, а него му служев само за флерт. Само ти можеш, ако јас се заљубам во друг, вината да ја бараш во себе и да не ме обвиниш ниеднаш. Само ти знаеш така да простиш, само ти си смотан да мислиш дека тој е повреден од тебе, зашто сум паднала на него. Само тебе ти е приоритет јас да сум добро, а после доаѓаш ти на ред. Само ти би бил луд да сакаш да ме вратиш дома на лошово време. Само ти ми се лутиш ако ти зборувам дека пак ќе се заљубиш, зашто не сакаш да помислиш на друга. И само ти искрено и отворено ми кажуваш дека би ме чекал секогаш. Дури сум сигурна дека нема да фатиш друга, од страв да не се премислам. Чудно е колку ти е доволно само моето присуство, чудно е како ме сакаш после сѐ... Да знаеш и да кажеш дека сум затреперила за некој, до степен да заборавам на тебе и нашата врска која сме ја граделе со години и пак да немаш гнев кон мене. И додека сите наоколу зборуваат колку нивните парнери се посесивни, јас се чувствувам толку благословена што дозволи да бидам своја. Што никогаш не изрази љубомора, што ме тераше да излегувам со други, што ми даваше поттик да најдам работа, што ми укажуваше колку сум способна и паметна. Никогаш не си ме омаловажил, потценил, исмеал, навредил, иако сме имале караници. Толку си добар за мене, а сепак не можам да ти одговорам на ист начин. Убаво велиш, можеби треба да се изгорам за да сфатам што сѐ имав со тебе. Само, разумот разбира сѐ, но јас сум личност што ја водат чувства. Сакам треперење, сакам возбуда, сакам да ми игра срцето, а најчесто ми се случува со погрешни. Нема ништо да преземам засега, времето ќе ги направи работите појасни . Лекцијата која ја научив е дека сепак не ми е потребна љубов која ме повредува, туку некој кој ме гледа со поглед како твојот.
Најубав ден поминат со тебе љубов моја Најсреќна сум Секоја минута чекање вредеше. Во мене има бура од чувства. Се прелива љубов. Сакам засекогаш да ни биде вака. И сега знам, сигурна сум дека остануваш. Многу силни чувства а недоволно силни зборови. Само да си знаеш дека те сакам најлудо
на кафе седнат те видов. ај то. те глеам, ме глеаш додуша прв ме виде ти ама со поглед кој укажува на грижа на совест и каење. после ја наведна глата долу....иако сеа е најверојатно касно, не би ми сметало да ми дајш објаснување шо го чекам одамна...
Ти бладорам за поздравот, и за прашањето како сум, но очигледно немаш лице мене да ме прашаш па се распитуваш наоколу, нема потреба од тоа повеќе животот продолжува понатаму, жал ми е но неможам да ти вратам на поздравот ти ни тоа не го заслужи среќна сум без тебе, ти благодарам поради тоа што повеќе не ми ја пренесуваш твојата негативна енергија !
Дали мојата интуиција е толку голема за да препознаам дали вреди нешто да се проба или не? Немаше да има ни причина за двоумење ако останеше оној кој беше на почетокот. Оној кој направи да ми затрепери срцето на самата помисла на него. Но една твоја страна, негативна за жал излезе на површина и ме тера да се двоумам за тоа што следи. Дали секој разговор кој тебе не ти се допаѓа ќе го претвараш во караница и закана за прекин? Дали ќе бегаш од чувствата и намерно ќе ги затвараш? И пред се дали ќе продолжиш да ме одбиваш од тебе, наместо да го правиш спротивното? Твоето одбивање само ме привлече кон особа која дава надеж. Да бев сигурна во тебе, немаше да имам двоумење да речам не на поканата за кафе. Но ти си го направи своето.
Се плашам дека се ближи нашиот крај. Не ми недостасуваш Не чувствувам потреба за твоите прегратки Не копнеам да водам љубов со тебе. Не мислам на тебе постојано Не можам да изговорам "Те сакам" Избегнувам да те слушнам, Наоѓам 101 причина за да не се видиме.. Дали љубовта исчезна? Дали веќе далечината си го прави своето? Или пак се тоа е дел од една врска и е нормално.
Деκа минатото го фρлив во Ваρдаρ убави и лоши спомени све отиде аρвиρидеρчи и јас саκам да сум сρеκен не само ти збогум засеκогаш
Колку подобро те запознавам, толку повеќе за заљубувам во тебе. Тешко ми е да молчам за оваа среќа што ја предизивикуваш во мене, за ова чувство рамно на лудило, од кое не одам по земја, туку како да лебдам. Молчам пред другите само зашто сакам се` ова да трае подолго. Но сјајот во очите ме издава, ме издава тоа што поради тебе сум немирна, постојано насмеана. Те гледам и ти се радувам. Се радувам што си дел од мојот живот. Се радувам и за тоа што не се откажав кога беше најтешко и ти си мојата награда. Кој мислеше дека ќе стигнеме до тука, кој мислеше дека вака ќе се наредат коцките. Сега верувам во тоа дека љубовта е најголемата сила и дека поместува и планини. Кога те гледам му се заблагодарувам на животот што ми те донесе. И верувај ми, нема поубаво чувство, не ми треба ништо друго, ми требаш само ти. Јас сум сега нова личност. Ти ме направи подобра личност, и кон себе и кон другите. Ја нема веќе онаа што беше огорчена и бесна на се` и секому. Сега се радувам на секоја секунда, се радувам на секој ден кога до мене си ТИ. Да трае ова, само тоа го посакувам.