Никогаш не се откажувам од она што го сакам, но од тебе едноставно морам. Збогум и не тражи ме повеќе.
И требаше уште да ми светкаат очите... И требаше да ме запознаеш... И требаше да иташ да ме насмееш... И требаше да ми ги знаеш сите соништа... И требаше да бакуваш во чело додека спијам... И требаше утеха и доверител да ми бидеш... И требаше да ме туркаш кога сама ќе се сомневам во себе... И требаше и мотив и тајна и сила и нов свет да ти бидам... И требаше да ме убедиш дека вредам... И требаше да ме милуваш како никој за да ме боли... За сега да ме боли секој збор... За сега да ме боли кога ме омаловажуваш... За сега да ме боли кога горделиво стоиш и ми се смееш во лице... За сега да треперам од болка, да крварам од разочарување... И требаше да биде се поинаку, за да ме боли сега, ама кажа ти „не сум јас таков маж... не знам јас така...“
Уште едно одбројување во низа. А таа низа е најубавото нешто што ми се случило. Јас знам дека на крајот од секоја низа ти ме чекаш, со таа твоја убава насмевка и во тие моменти секоја моја грижа исчезнува. Те љубам толку силно, а сепак толку вознемирувачки смирено и сигурно.
Ете дојде, бевме заедно и замина. Поминавме преубава ноќ, се беше супер, подарокот преубав, чинам прв пат во овие години си се потрудил да биде совршено спакуван. А јас.. Прв пат во овие години глумев среќна, глумев воодушевување, глумев љубов..совршено глумев. Ми беше мило што си до мене, убаво ми беше во твоите прегратки.. Ама јас не чувствував среќа, ниту жар, страст.. Те гледав како спиеш, гледав во часовникот и се молев побрзо да мине времето за да си дојдиме.. Незнам да си објаснам.. Те сакам, сакам да сум во твоја близина, но чувствата не се исти.. Не како, кога те запознав. Во главата ми се мотаат милион прашања.. Што сега? Дали е време да бидам искрена и да си тргнеме секој по својот пат или да си дадам време на себе? Си враќам назад филм и не успевам да се сетам во кој период и што се скрши во мене, само знам дека повеќе не е исто.. А дали ќе биде? Немам одговор.
Се изморив да трчам по тебе,што и да правам не чини,а и двајцата знаеме дека ти си тој што бега....за жал
Сите други ми се небитни, нападни, досадни, глупи, лажливци, идиоти кои посветуваат песни, кои нон стоп пишуваат глупости на фб од типот те сакам ... Во вакви глупи денови, со вакви глупи излишни личности со кои сум опкружена помила ми е болката по тебе и осаменоста, помили ми се солзите за твоето неверство, предавство, помила е вистината дека не си ме сакал, ниту ќе бидеме некогаш заедно. Се е помило освен лажни зборови на глупи луѓе на кои не сум им дала никаков повод за додворување и кои ме нервираат па ги откачувам со еден збор, не ми се битни! Секој ден сум иста помисла го изгубив моето што ќе ми е прашина, што ќе ми е било кој до мене...можеби и со причина ниту една врска не успеа, никој не може да те замени.
По колку пати ќе се враќаме еден на друг... чуствата не ми се како на почетокот но секогаш пак ме враќа нешто назад. Ах бе ахх....
Знаеш дека сум преблиска со другарките... И знаеш на место сестри ми седат... И знаеш дека се делиме, дури во болест и крвта си ја споделивме... И знаеш дека се тешиме и караме... И знаеш дека заедно раснеме... И знаеш дека јас без нив не сум јас... И заеш дека знаат се за мене... и знам кљако дишат пустите... И знаеш дека и тие плачеле во моите раце за некој, како јас за тебе... И знаеш дека и нивниот поглед бил замаглен, а телото слабеело од болката по некој... И знаеш дека сурово сум ги тешела со зборовите на баба ми: „ќе поминеш еден ден до него и смешно ќе ти биде мори, смешно што си го сакала... ќе му се смееш, ќе си прегризеш устата и ќе речеш Фала Господе што си ме чувал од овој...“ И знаеш дека никоја така не ми рече мене за тебе... И знаеш дека чим те видев пеперутки ме преплавуваа... И знаеш дека чим те видев со друга трупци нозеве стануваа, не мрдаа пустите од љубомора и болка... Ама не знаеш дека јас денес пеперутка станав кога те видов... Ама не знаеш дека ѕверот злобен во мене се насмевна и рече„ уф , како после мене со ваква ќе си бе“ Ама не знаеш дека уснава крв пушти од мигот„ фала ти Господе, што овој не знаел со мене како...“ Ама не знаеш дека смешно е сега се....смешно...
Quiero respirar tu cuello despacito Deja que te diga cosas al oído Para que te acuerdes si no estás conmigo Des-pa-cito Quiero desnudarte a besos despacito
Ќе ти кажев многу, ама ова е некако најбитно - Ти благодарам што си покрај мене, без оглед на сѐ. Ти благодарам за начинот на кој ме сакаш, што не се откажуваш од мене, иако ти кажувам да немаш надеж. Ти благодарам што си искрен, човечен, добар, чесен, скромен, дарежлив и несебичен... И само да знаеш, во овие најтешки мигови за тебе, не си сам.