Што да и кажам... Дека ти беше онаа што бев спремен куршум да примам, рака во оган да ставам...Дека правев се, за да те заштитам на секој можен начин, од секоја можна работа што може да ти наштети... Дека за 3 години, успеа да ми докажеш дека и ти го сакаш тоа, сето тоа што и јас ти го посакувам, она најдоброто. Тоа што дозволи да го изгубиш сонцето поради една ѕвезда во ноќта, тоа не можеше да биде поподло нешто. Не знам што те натера на тој страшен чин, да е до мене, би знаел, но не е. И најсилниот маж плаче, секој плаче... Но што фајде?! Ги истрошив веќе сите солзи, направив психичко самоубиство! Зошто?! Затоа што те сакав без обзир на се. Бев спремен да поминам преку тоа, но ти не покажуваше ништо што би го поткрепило тоа. Кога велев, дека ти ми претставуваш се, тоа и го мислев. Не го велев само колку да се каже. Кога велев те сакам, тоа го мислев, не говореше мојата уста. Говореше моето срце! Само ти дозволи тоа СЕ, да се претвори во едно НИШТО. Сакам да ти кажам дека можеби ќе најдеш некој, кој ќе го чувствува он што јас го чувствував за тебе, некој кој ќе биде спремен за тебе да го прави тоа што јас бев спремен да го направам. Некој што ќе те сака, со целото срце, со целиот ум, со целото тело, со се! Секогаш ќе бидеш во моето срце! Среќно!
Не си ме зaбoрaвил сеуште. Ти пoсaкувaм тoa чувствo дa ти трaе цел живoт. Ти ме пушти дa oдaм, ти беше тoј штo се oткaжa oд мен, ти. Секoе лoшo ззa дoбрo дa е.
Многу ме разочара. Последните неколку месеци бев постојано тука за тебе, за што и да ти требаше веднаш скокнував без збор. Без разлика со какви проблеми и јас самата да се соочував, твоите потреби беа на прво место...оти нели тоа се подразбира, партнери сме, безрезервна поддршка еден на друг...и ти истото би го направил за мене. Ама НЕ! Моментот кога ти прочитав во очите дека мојата среќа не е и твоја, дека воопшто не ти е гајле за моите успеси и падови во животот, и за тоа како јас се чуствувам, се се скрши во мене. Глумиш големина на збор, а внатре си една ситна себична душа која не го заслужува моето време!
Си имал женска.. Имаш женска а мене ми пишуваш да се видиме... Уфф колку ме повреди со ова не си свесен..
Другачките ми викаат да ти пишам..ама пусти мозок вика не..да си седам мирна, а мене ме копка зашто пред две недели го направи тоа, или јас бладам не, не бладам, и нетот не лаже а и гледам убаво, и они убаво видоа де их ке си пукнам
Зошто мораше вака да биди ? До кога ќе ме измачуваш со истите прашања ? До кога ќе се расправаме без причина ? Признавам јас сум крива, што уште сакаш.
Само ти тоа го знаеше најдобро, дојди ми ќе ти опростам за се и нигде ама нигде не те пуштам, те сакам стварно те сакам и со душа чекам да те гушнам.
Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава, ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам. Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња ќе те љубам и губам и во пости и пред гости само да ме сакаш. Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила. Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам, сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам, ќе ти дадам се што е солено и молено само да ме сакаш. Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам. Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица само да ме сакаш. Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови. Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам и ќе те фалам и кудам под сите небеса само да ме сакаш. Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено, на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе, не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас, со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам само да ме сакаш.
Помина многу време... Уште чекам на тебе. А ти, ко дух се изгуби во сенката на моето трпение. А, јас, жедна и гладна за твојата енергија. Ладно ми е без твоето присуство во мојата реалност. Да бидам поконкретна, две илјади часа поминаа од кога последен пат те видов, и на секој час на тебе помислував, како аларм што не можев, и сеуште не можам да го исклучам. Можеби го губам умот, можеби го губам чувството за време, но не можам да ги изгубам чувствата кон тебе, а секој поминат час во агонија и во бранови на копнеж и фантазија, нема да претставуваат ништо откако нашите души повторно ќе се сретнат.
После толку пишани зборови во оваа тема, денеска само ќе влезам онака, да се прошетам...не чуствувам потреба ништо да кажам...
Во моментов гледано, совршен си за мене. Ти си тој на кој ќе му речам, ајде да медитираме, и ќе прифатиш иако не го разбираш процесот, ниту веруваш. Ти си тој кој искрено се радува кога ќе го заборавам паричникот, за да уживам во денот, без грижа за пари. Ти си тој со кој ќе видам некое парче облека и ќе се мислам за цената, а ти ќе ми го земеш од раце и ќе отрчаш кон касата, иако не верувам дека имаш пари за такви луксузи. Ти си тој, кој кога ќе му ја соопштам идејата за тоа што сакам да работам, ме тера да верувам дека е остварлива и ми вели - Навистина, имаш талент за тоа. Сакаш да отвориме таква продавница? Ти си тој кој ако му пратам слика од Италија, ме прашува кога сакам да тргнеме. Ти си тој кој вежба со мене, ми дава совети и ми дава верба дека можам да постигнам и имам сѐ. Ти си тој кој од 3 работи кои ти имам потенцирано дека не ти чинат или ми фалат, има сменето 10. Иако во моментов имаш далеку поважни прашања кои треба да ги решиш, од кои ти зависи работата, домот и здравјето, ти се фокусираш мене да ме освоиш. И неколку пати ти кажав дека џабе е сѐ и нема да повторувам повеќе, за да не ти отежнувам и не се каам што сум тука за тебе, ќе ти помогнам додека ти се решат проблемите, ама залудно си го трошиш времето. Зашто тој не беше ништо од тоа што си ти, а сепак по него ми заигра срцето и го гледав и слушав со таков интерес, што малку ми беше секој момент поминат заедно. Само што неговото беше глума, а ти имаш толку искрено срце, што разумот ми вели дека правам огромна грешка. И ова е последен пат да го споредам со тебе, ветувам. Сега сфаќам колку ми е убаво сама, зашто додека не научам во целост да се сакам самата, не сакам никому да му го трошам времето. И не ми е лесно што пак си тука, со сите сеќавања кои ми се враќаат, ама три месеца бев себична, а сега е време да ти се оддолжам во барем мал дел. Ќе ти бидам пријател, поддршка, рамо за плачење и верувам дека на крајот ќе застанеш на нозе, посилен од било кога.
Да си даваме лажна надеж дека ќе е подобро вака, е многу полошо и од самиот крај.... ти си премногу млад за борба а јас веќе уморна.....колку не болат сите убави ноќи, колку болка кријат сите тие прегратки....погледи..Мислевме и двајцата дека е страст, но да беше страст до сега ќе поминеше...љубов е....љубов проклета....