Се појави некој кој ми го дава цело внимание....некој кој е многу поразличен од тебе....некој со кого добивам се....не сум научена до душа...затоа што се навикнав со тебе само јас да сум таа што дава и се бори...а за возврат добивав само солзи. Сега више и ти сфати колку сум сменета...па дури и сум ладна. Сега да ѓи смениме малце местата да видиш како е.
Да ти кажам и јас за ова си се чудам секогаш. Читам некој коментар: -Јас те сакам, ти ме сакаш, ама бегај од мене...............Зошто по ѓаволите? Ако стварно толку премногу обострано се сакаат, што може да биде пречка за да се заедно Ама ај да не навлегуаме во туѓа интима Или кога читам: -Фала што ми го разбави денот, ти си сонце, ти си најслатко, преубаво мое..........Па кажи му го тоа нему, а не нас Оваа тема е за забранети љубови
Де бре @Petar80 стварно ко цајкан на темава си денес Мојт жена му ја имат видено на фемина и чекат да прочитат нешто
Баш на овој ден, пред точно една година, мислам дека се појави првата искра помеѓу нас. Уште ги паметам убаво твоите зборови тогаш, кога ми кажа работи какви што немав слушнато дотогаш. Тој период бев многу несреќна и немав ни трошка надеж дека може нешто да се промени. Но ти седна до мене и ми го покажа спротивното. Да, работите се менуваат, и понекогаш е потребен само еден гест, еден збор, една насмевка. Се вратив дома и те мислев цел ден. Ми беше чудно зашто те познавав толку време и дури толку доцна открив нешто во тебе. Тоа "нешто" знаев дека е моќно. Дека нема смисла да се спротиставувам. Но не сакав да си признаам дека почна да ми се допаѓаш, не сакав пак да се заљубам. Но прашува ли срцето? Иако следните месец-два ги поминав во борба со самата себе, на крајот срцето го спушти штитот и ти се всели во него. Оттогаш па наваму следуваа само светли денови за мене. Ти ми го промени животот и продолжуваш да ми даваш причина за да се будам, не само да постојам туку навистина да живеам. Ти си среќа каква што не се надевав дека некогаш ќе искусам. Се молам секој ден за да потрае ова. Не знам како на друг начин да го опишам ова чувство, но ова е љубов каква што посакувам секому да доживее.
Овде повлекувам линија. Не, нема да кажам дека нема повеќе да те мислам, дека нема повеќе да те зборам, дека ќе те испратам во заборав. Ама редно време е да ставам штит пред себе, и од тебе. Заслужив повеќе од ладнокрвност.