Може некој стварно вака те сака само уште нема храброст да ти признае... Не можеш да знаеш, верувам дека си сакана многу повеќе одошто мислиш
Да можеш да ја баталиш некако, пошто по муабетов не те заслужува... али те сфаќам, срце е тоа, не можеш против него.. ќе дојде некоја што ќе знае да те цени, а тогаш оваа поради која сега ти е тешко ќе се јаде сама што не ти дала шанса. Се се враќа, кога-тогаш, карма е животов
Колку што бев на дното, ти ме крена во облаци! Ме смееш, ме тешиш, ми го будиш одново сетилото за љубов кое ни јас не знаев дали некогаш ќе проработи пак. Ама тука е, живо е, го чувствувам! Фала ти што ме потсети колку може да е убаво заедно со некого да делиш убавини и чувства! Не менувај се и ќе траеме!
Ти си најголемото срце што постои!Ти ја обожавам насмевката,косата,рацете,добрината.Чувството кога ќе ме гушнеш после (премногу за мене) време оддалечени е непроценливо.И секој ден ќе ти са заблагодарувам што постоиш во мојот живот и ме усреќуваш !Постојат ли доволно зборови и дела да ти кажам и покажам колку ми значиш,колку ми фалиш,колку те сакам?Да си до мене сега...
За прв пат во мојот живот да се почувствувам своја и прекрасно и во твоја и во своја кожа. Не ни очекував дека се може да биде полека и ние да се поврземе на некој начин. За прв пат почувствував како е да се ужива без да мислиш на ништо и ова што сега тука на овој форум го пишувам ќе ти го кажам и во очи. Твоите дела кон мене те издаваат за емоциите кои вешто ги криеш, но ако мене ми се допаѓа тоа. Јас го знам тоа, те читам и сеуште не можам да ти кажам ништо за моите емоции, те чувам подобро и од бебе. Ми недостигаш.