Леле ќе те убијам. Зошто продолжуваш со играта?!? Да можев барем за минута да влезам во твојата глава и срце, да видам што се случува!
Еднаш си реков.. една грешка на следниот после него не попуштам, ама ти... ме тераш да останам дури и кога не треба... Не можам да го кажам на глас она што го чувствувам за тебе. Те молам, последен пат те молам - Ајде да успееме, ајде. Видов нешто во тебе, те молам не ми ја расипувај сликата. Не ме туркај од себе.
Те личи да се смееш, убава насмевка имаш. И ти кога се смееш имаш дупче на лицето како мене, ама од спротивната страна.