Можеше да постапиш на друг начин, треба сам да одредиш што ти приоритет и при тоа да не го запоставуваш она што ти е најмило...
Колку сакам да ти се отворам, да ти кажам што ми лежи на душа. Секое делче што ме пара, проблем што го имам. Но, НЕ! Не сакам да си расипувам однос за ова, јас сум јака и силна и таква ќе ме знаеш. Мирна и повлечена, тивка... Ох.. дали е ова љубов или само привлечност...
Да ти кажам право, муабет ми се прави со тебе, па макар и виртуелно. Прво, за да ти кажам како ми беше на мене, и ако не си свесен, колку ме повреди и се што ми се случува(ше) поради тебе иако знам дека нема да ме разбереш зашто никад не си бил заљубен. Остај тоа, ми фалат нашите муабети, да тресеш глупости а јас да ти се смеам, па да филозофираш за животот, и иако знам дека ме лажеш пак да ти верувам... Абе таман ќе помислам дека сум те заборавила, некој период нема да се сетам на тебе, еден ден како денес ќе ми се врати се и ќе ме искрши.После ти не ме составуваш, а не па некој друг. И на крајот од денот, ќе си ги пуштам Тропико, знаеш дека ме гаѓаат и бум, солзите сами течат! п.с Кај тие ороспиите твои љубов не наоѓаш, слободно ти пак кај нив, јас не те држам...
"Таа уличка, тоа место се моите топли спомени на кои се враќам често. Времето и местото мислите нè бираат, а сега и солзите сами ми навираат. Срцево чука, бие на глас, се обидувам во спомените да си најдам спас. Очите наши копнежливи срамежливо се љубат, а погледите заљубени во минатото се губат. Некој спомен, нечие име во мене остана, а без тебе сè на светов во миг како да застана. Низ мене и радоста, а и тагата минува, но не знам дали љубовта доаѓа или заминува. "
Мислев ако те оставам и не си повеќе во моја близина, ќе те заборавам. Сега знам дека она што е тетовирано во срцето и всадено во мислите никогаш не се заборава. Што и да се случи, кого и да запознаам, никој нема да биде како тебе. Никој никогаш...