Гледам си станал буце убаво и си се разубавел многу Ах ми идеше да ти рипнам во прегратка и да не те пуштам никогаш. Значи сеуште си ми љубов само тоа да знаеш
Ми будиш нови шарени светови во ова сивило во кое живееме. Лицево ми цути додека ми зборуваш. Среќна сум. И те сакам на милион познати и непознати начини.
Премногу ми фалиш, душава ми е празна без тебе..... Едвај чекам да те видам, да те прегрнам, и да не те пуштам....Тешка била далечинава..... проклетство.
Осаменоста боли. Одбивањето боли. Губењето на саканата личност боли. Зависта боли. Љубомората боли. Многумина овие работи ги дефинираат како љубов, па затоа велат дека љубовта боли. Но, реалноста е дека љубовта е единствената работа на овој свет која ја лекува секоја болка и прави повторно да се чувствуваме добро во сопствената кожа.
Не знам дали ке имам сила да издржам без тебе ако пак треба да одиш. Не можеме да си дојдеме при себе од само два месеци не цели разделба а замисли ако одиш пак на малце подолго Ох, колку те сакам еј Се осеќам ко кралица бре! Никој до сега олку многу не ме пазел, чувал, сакал, ценел... Не знаев како изгледа ова...не знаев дека постоеле вакви чувства Со тебе научив што е вистинска љубов уствари.
Фала ти за честитките ептен ми значи , свесен не си колку те сакам, дојди ми израдвај ме со панделка Се ближи денот
не ми се верва дека до ова дојдовме...го памтам денот ко ја спомнав пред тебе, мојата прва другарка која ми беше ко сестра, а сеа странец, ти реков дека мразам такви луѓе....и на крај....таков стана и ти.....те мразам ЃУБРЕ ЕДНО!!!!!!!!!!!!
Помислуваш ли некогаш на мене кога ги искачуваш тие стари тесни скалички? Оти срце ми трепери кога и да ги погледнам... камењата се изронале мислиш ја чувствуваат мојата болка.
поминаа 16 дена откако сме само на "SEEN" и отприлика месец откако сме скарани. иако не се допишуваме веќе знај дека цело време собирам храброст да ти кажам дека ТЕСАКАМСАМОТЕБЕ покрај сее
Добро зарем секој ден ли ке те гледам? Не знам дали е подобро или полошо за мене да те гледам, или да не те гледам. Зашто секој ден си ми тука, зашто секој ден ми доагаш. Вака никогаш ке нема да можам да те заборавам, колку и да сакам да се трудам џабе е све.Зашто сеуште се надевам длабоко во себе дека еден ден ке ми се вратиш. Се каам синока што не влегов, што не дојдов, толку блиску ми беше, а ипак те осекам далечен. Проклето нека е се, сеуште ме болиш како првиот ден, сеуште те сакам како првиот ден. И да само едно да знаеш сеуште сум сама и немам никој друг покрај мене, така и ке остане. Те сакам највеке
Неможам да кажам дека се е како првиот ден,затоа што се е во нагорна линија. Љубовта,почитувањето,разбирањето,задоволството,довербата... се се движи онака како што посакува секоја жена да биде задоволна од својот партнер. Посакувам секогаш да останеме вака и чуствата кои ги имаме еден кон друг никогаш да не се променат Spoiler
И ме знаеш дека сум емотивна, И ме знаеш дека уживам во развојот на сите емоции И знаеш дека сакам сите книги да ги прочитам за подобро да ги знаам тие емоции и да се гордеам со нив, И во една вели: „Тоа што си направил грешка, не значи дека ТИ си грешка“ и сватив за да спијам мирно јас само морам себе да си простам Морам себе да си простам што се заборавив Морам себе да си простам што љубовта на погрешно место ја барам Морам себе да си простам што заборавив се што знам Морам себе да си простам што заборавив како е да те милува некој, да те гушка додека спиеш Морам себе да си простам што заборавив тајните да ги доверувам некому, соништата да си ги раскажувам Морам себе да си простам што на самотија и затвор се осудив себе, на чекање на нешто што нема да дојде Морам себе да си простам што растев и се развивав во најдобра и најцврста пред очите што никогаш тоа немаше да го видат Морам себе да си простам што дадов толку многу, а мислев не заслужувам ништо за возврат... Морам себе да си простам...зошто не сум грешка... туку некој кој за да се развие мораше да направи грешка Морам да си простам зошто и цветот кога расцветува ги отфрла зелените листови на земјата, а тоа не е грешка.........тоа не е лош сон, лош спомен...........................
Пошто не сум дотолку ѓубре да ти го кажам ова стварно, еве овде... Среќен празник. #hehe Или да чекав 03.03 требаше, повеќе одговара за безмудни.
Гледав да биде побезболно, и не знам како се чуствуваш после ова, но веруј ми дека е најдобрата одлука за двајцата. Факт е дека се навикнав на тебе и твое присуство но не е тоа тоа што мене ми треба. Ти посакувам се најубаво, не те мрзам без разлика на све.