нисам, љубоморна нисам али хочу да знам јесмо ли једном за другом ил пролазна ствар ако погледаш другом, другог погледачу ја све што можеш ти, могу и ја ако погледаш другом, другог погледачу ја све што можеш ти могу и ја па ај да видиме шо ќе биди на крај
Оваа тежина што ја чуствувам ми е од навиката. Се навикнав цел ден да ми висиш на глава/моб/месинџер. И сеа ништо. Како се чуствувам? - Празно ама и сигурно дека знам дека ова е најдоброто нешто. Дали би пак од почеток со тебе? - Да, сега знам како, ама прекасно е. и така...
Не знам како се живее со вакво неподносливо недостасување на некој. Ужасно си ми потребен, да те гушнам, да ти ги слушнам отчукувањата на срцето и така во твоја прегратка да заспијам... најсигурна затоа што знам дека си до мене, дека ме чуваш.
Ama mi se cini ja premina granicata na pristojnosta..Ne znam na koj nacin veke da ti kazan. Covek izgleda mora so tebe da prestane da bira zborovi. Ne vredi
"Како утринската роса што роси, срцево мое љубовта го носи. Како моите солзи за тебе се леат, така утринските птици за нас пеат. Копнеам барем еднаш да ме погледнеш во очи, за моето срце вечно да не закочи. Сеуште те сакам можеби е грешка, а судбината моја без тебе е тешка. Треперам кога минувам крај тебе, дали некогаш ти си се сетил на мене. Тажни се облаците кога дожд се спрема, тажен сум и јас кога тебе те нема. Затоа не дозволувај во љубовта друг да ти суди, затоа што моето срце љубов ти нуди. Собори ги препреките пред тебе, верувај во љубовта и живеј за себе! "
2 години поминаа, но.. Зошто уште болиш? Зошто треперам кога ќе те видам? Зошто со поглед те барам за случајно, барем на секунда да те здогледам некаде? Зошто ко за инат сакам да ме гледаш со него,и да сфатиш што си изгубил? Зошто осеќам вина кога ќе не видиш заедно,небаре те изневерувам? И уште мал милион "зошто?!" без објаснување.. Прва љубов,најискрена..
Си кажав дека знам со колкава љубов сакам некој да ме гледа и се убедив дека едноставно не си ти тој. И секогаш си велев дека со умот сум способна да ги контролирам емоциите, но одеднаш пак почна да ми се појавуваш. Денес, дознав можеби не толку многу работи за тебе, ама оние најбитните, дека си ми се прикажал во вистинско светло, не си глумел да ме освоиш, туку си таков - весел, зборлив, трупаш реченица по реченица и си велам колку само сме биле слични. И сега кога ме прашуваат што е тоа што не ме пушта да се откажам, не знам како да објаснам. Чувство дека сум препознала некој свој дел во тебе, твојата енергија, живоста... За на крај да треба да си кажам дека си дете и несериозен и тоа да биде доволно. Како !?
Хахахахаххаа Дејт во 6 сабајле? Е ај, како да не те обожавам? Само на дилајла ко тебе може да му текне ваква фикс идеја
Една наша песна ми наврати милион спомени плавоокце мое најубаво. Не не, дефинитивно не се забораваш ти. Сеуште те носам во срцево да знаеш Прва љубов ми беше и ке останеш засекогаш
Зошто само ме штипна така ѓаволесто за половина и ми се изгуби низ гужвата? Требаше да ми пријдеш, ке ти направев муабет. Спојлер ја претерав со одбивањето, не те обвинувам.