Искрено после се што ми се случи денеска, најмалку очекував дека денеска ќе се случи ова. После година ипол постојано зборење, не знам како да продолжам понатаму со фактот дека повеќе ќе го нема тоа, дека нема повеќе да ми бидеш најголема поддршка и да бидеш личноста на која и се обраќав секогаш кога ми беше најтешко. Не знам на кого да се обратам сега кога не можам да престанам да плачам за тебе и не знам како ќе те преболам. Мислам дека најтешко ми паѓа фактот што те разбирам зошто го правиш ова, и секогаш ќе сум ти благодарна за сите преубави моменти, за се што ми помогна да сфатам, шо ме научи да се сакам таква како што сум, што ме спаси во оние моменти кога не гледав никаква надеж и желба за живот. Има уште толку многу работи што посакувам да можам да ти ги кажам, ама знам дека никогаш нема да можам. Секогаш ќе ќе имам едно специјално место за тебе во моето срце, и се надевам дека еден ден можеби и ќе имаме некаква иднина. Само како јас да бидам јас без тебе, ох колку ме тераш да звучам патетично.
Ме асоцираш на авантура, на живот, на неисцрпна енергија, на насмевка и радост. Твојата појава ми буди мисла дека животот не треба да се сфаќа пресериозно, дека треба да биде забавен, да се ужива во него, да се искуси во целост, да се надминат стравовите и границите... Ми се чини како да совршено би се надополнувале - ти би ме поттикнал да бидам поопуштена и да живеам во моментот, да верувам во себе, а јас би ти ја дала таа доза сериозност која очигледно ти недостига, како и емотивност која ја имам во изобилие. И кога ќе видиш како е да си сакан, кога некој ќе ти ги изрази чувствата кои ги будиш во него, кога ќе те гушнам и ќе видиш со каков поглед те гледам...ќе си се чудиш што си мислел дека доволен си си сам на себе, дека и така си среќен и дека љубов не ти е потребна. Дај бе, смотан, удри си ја главата, од кога не си фатил женска !? Кога последен пат на некоја си ѝ пратил порака за добро утро, од кога не те разбудила со бакнеж, паметиш ли дали си треперел во нечие присуство? Паметиш ли дека истите мелодии ни ја придвижуваа енергијата во телата, паметиш ли како се смеевме заедно, заборави ли како те гледав и како бев тажна што се ближеше денот кога веќе нема да бидеш покрај мене? Заборави ли дека единственото чоколадо го поделив со тебе, забележа ли колку силно, силно посакував барем една вечер да те држам за рака и да шетаме покрај морето? Дали од очите не ми прочита колку немоќна се чувствувам што изразуваш интерес, а не е моментот да ти возвратам? Жал ми е само што сеуште не си сфатил дека смислата на животот и најголемата радост е во љубовта... А уште повеќе ми е жал што треба да ти нацртам и обојам добра шанса, за да знаеш што е кога ќе налеташ на неа .
Сметав дека сме доволно блиски за да ми го кажеш тоа. Па сепак не се знаеме краток период, еве скоро две години ќе биднат, а и толку работи поминавме заедно... Ја од трети лица што се да дознавам дека ќе правиш операција? И како сега да се однесувам како ништо да не знам? Толку немаш доверба во мене и не сакаш да зборуваш за тоа? Колку и да ти е тешко во цел овој период ќе бидам со тебе и ќе те поддржувам... И ќе бидеш добро, верувам и знам.
Се до април ќе се молам на Господ да те пуштат од работа да дојдеш тука да прошетаме и заедно да си дојдеме за Македонија Ми недостигаш многу
"За тебе сонцето ме грее за тебе душата ми пее од тебе не сакам ништо само еден бакнеж врел Колку што има полиња на земјава толку за тебе богатство и добрина колку што има луѓе и села на земјава толку за тебе бакнежи и девојки Само едно најмногу што вреди да сум до тебе и да ми даваш бакнежи врели"
Другари, вие или сте сите биполарни или имате амнезија или некоја трета дијагноза, а јас, во пакет со целата екипа, сум исто така ненормална што воопшто и ве рецкам. Реков дека ќе има драмичка во февруари. Стеј тјунд фор мор. Ако не дојде барем еден да ме проси на врата, ќе бидам благо разочарана.