Порано мислев дека не сакам врска лигушења и умилкувања со изопачени зборови и преувеличување на се и сешто, у таа вљубена, добра смисла. На некои парови им стои тоа. Нас не. И уште стојам на тој став, мислам дека ако беше човек со златна уста од која постојано излегуваат убави коментари за его бустинг, сигурна сум дека одамна ќе ми се здосадеше. Едноставно се гушам од такви моменти. Ми одговара што си ми таков повлечен, со ситнурии ме возвишуваш до небо кога суптилно ми покажуваш дека ти значам, дека сум значаен дел од твојот живот, но се поретки се тие моменти. Ама кога ќе се случат, некако правиш да бидат поголеми, позначајни. Ми фалиш некако, ми фали да ми кажеш дека ти требам, дека ти фалам, дека сакаш да го поминеш денот гушкајќи ме, ми фали да ми кажуваш како ти прошол денот и што ти се случило.. Ми здосади да ти вадам зборови од уста, да ми кажеш дека немаш време да ми раскажеш, и на крај да се извадиш со тоа дека не ти се зборува по телефон, во живо е најдобро. Се плашам дека си одиш полека..
О ти, барда од келтски народ, што ме претвораш во амазонка. Да можам сонов да ти го дадам, да не спијам, за да те гледам дур заспиваш... За да ти ги почувствувам прстите, зариени во косата...и стисокот.
"Замина тивко, и пустош остави, зад него непробоен ѕид постави роза подарена, искина на две реши таа да стави крај на се’. Со солзи ја пратеше, и убиствен молк, а во него владееше глад како на волк сакаше да се стрча, да ја гушне силно, да ја погали по образот, да ја бакне милно. А сепак таа продолжи, не гледајќи назад, а него само продолжија морници да го лазат. ќе се врати ли таа некогаш сакаше да знае, ил го остави вечно за минатото да се кае..."
Тешко можеш да бидеш игнориран кога сме на сантими растојание, знаеш? А уште потешко за набљудувач и психо како мене е да не ги забележам промените. Посакуваш на моменти да излезеш од улогата на карактерот кој го глумиш и таму некаде да сретнеш некој на кој ќе можеш да ги кажеш сите проблеми. Да не бидеш Ајнштајн, да не бидеш детето како кое сакаш да те гледаат, нервозата и избувливоста позади кои се криеш да ги снема... и да останеш само ти. Да кажеш за неправдите кои ти се направени, за болното секојдневие во кое ги гледаш како се мачат, за борбата што ја водиш секој ден. И поима немаш колку посакувам јас да сум таа личност. Ама тоа нема да се случи. И додека вечер ти ќе пиеш во некој кафич за да заборавиш и да им дадеш на другите материјал за исмевање кои ти се под нивото, јас како и секогаш ќе помислам на тебе и ќе се убедувам дека џабе само трошам време. Кое го немам, чисто информативно. Види колкави сакрфајси правам за тебе, еј. Се надевам дека опсесијата кон тебе ќе помине што поскоро. Во спротивно би била во шах-мат позиција со себе.
Од сите овие години, овие 7 месеци ни се најтешки. Ако поминеме низи ова, ќе поминеме и низ се друго.
Само ти можеш да ме држиш за рака кога сум нервозна после напорен ден. Само ти можеш да останеш смирен кога ти презакажам средба 5 минути пред да тргнеш. Само ти можеш да ме пречекаш со ручек на маса после работа. Само ти можеш да ми чистиш мрснини од пилешко. Само ти можеш да ја завршиш секоја прегратка со бакнеж во чело. Само ти можеш да најдеш разбирање за секоја зезната мисла во мојата глава... Ангел пратен од Бога си, иако мислиш дека многу пати во животот те разочарал. Ма каква принцеза, кралица направи од мене. А јас за греота, без навика да бидам така третирана, на секој твој убав гест наместо да ти се заблагодарам, ти се извинувам. Ти благодарам што постоиш!