Лута сум на самата себеси, и нема никогаш да си простам, што дозволив да ме имаш за толку кратко време, што дозволив да ме имаш кога ке посакаш ти, што ме изигра на најубав начин, што ме повреди ама ако мие заслужив искрено затоа што бев премногу добра со тебе. Сакам да те мразам, сакам да ти посакам се најлошо ама зашто неможам.И не заслужуваш да бидеш срекен искрено затоа што ти не си човек.
Еј ти, мој љубен човеку!! Прекрасно суштество мое, добра душо моја. Ти благодарам што постоиш во овој живот. Што правиш се за да бидам среќна, што си најсветлата ѕвезда во моето мрачно соѕвездие. Светлино моја. Секој би бил среќен само да те знае тебе, а јас сум најсреќна што те имам.
И синоќа, така пивната, пеејќи песни кои зборуваат за скршено срце, додека тој ме гледа со заљубен поглед, само кај тебе ми бегаа мислите. И се прашав, кога, кога ќе престанеш да болиш? Колкумина, од тие луѓе, се чувствуваа исто како мене !? Дали се заборава, дали избледува, дали престанува да пече сеќавањето и дали некогаш воопшто ќе се откажам иако не те гледам и не знам ништо повеќе за тебе? Ми иде некогаш да вриснам "те сакам!!!" и замислувам како зборовите стигнуваат до тебе, те будат, вибрираат во тебе, па барем за еден, макар малечок момент, помислуваш на мене. Некако, некое делче, верува дека Универзумот чувствува колку е силна мојата желба и ми се смее колкав отпор пружам со самото неверување дека пак ќе бидеш дел од мојот живот. Па ќе ми смилува, зашто секоја искрена желба, посакана од срце, станува вистина. Биди жив и здрав, па дури биди и сакан, доживеј една голема, неверојатна, филмска љубов, зашто не знаеш колку пропушташ. Ти се надевам со секој нов ден. Стани ми реалност!
Неможам повеќе да ја издржам далечината. Сакам секој миг да сме заедно, да сме еден покрај друг во среќните и во тажните моменти. Сакам да си мој за цел живот. Бевме толлу блиску до целта, а сега некаде изгубени во проблемите но со исти желби за иднина.
Колку не сум навикната да не збориме секој ден. Сеуште посегнувам по телефонов нонстоп, да не си ми пишал случајно, иако свесна сум дека нема да ми пишеш. Мислам дека најмногу ми фали делот од тебе кој ми беше најдобар другар, и тоа што можев да бидам комплетно своја со тебе. Се фаќам себеси како ти пишувам порака секогаш кога ќе ми се деси нешто, и ја бришам, знам дека не можам да ти ја пратам. Ми фалиш, ама се надевам дека си среќен.
Да се трудеше барем на пола од она што другите го вложуваа за мене немаше да завршиме вака.И покрај се морам да си признаам дека таа што стои сега до тебе многу подобро ти прилега од јас.На извалкана душа и прилега кал, а не скапоцени нешта како љубов.Ти мене не ме заслужи а јас на крајот од се ќе кажам дека без разлика на оваа болка што сега ја чувствувам јас сум среќна што е крај а жал ми е само за изгубеното време со тебе...
Сега си само едно најголемо ГУБРЕ во моите очи......Едно големо НИШТО...од вечерва си мртов за мене готово, повеке нема место за тебе во моето срце....Дефинитивно ова вечерва е последен пост напишан за тебе. Поздрав
Не можам веќе да ја поднесам далечинава, ме гуши, психички ме убива. Сакам да си покрај мене и во добри и во лоши мигови, сакам среќна да ти се фрлам во прегратка или да ти плачам на рамо цела вечер..Не можам веќе вака да издржам, фалиш премногуууу...Едвај чекам повторно да те видам и се колнам дека тогаш нема веќе да те пуштам !!!
Никогаш нема да бидеш,онаа старата што знаеше да ме насмевне.Престана да се искажуваш,престана да им навлагаш на проблемите,почна да бегаш како мало дете.
ми доаѓа да те киднапирам..... да те однесам некаде каде што не не знае никој, каде што нема да не гледа никој....каде што ќе си бидеме целосно посветени еден на друг... и така...