Не знам за кого ти се наменети зборовите, но - со мене секогаш имаш избор. Иако сфаќам дека според сите закони на логиката и разумот, таа опција не треба ни да постои. Сеуште те чекам и сигурна сум дека мислиш дека не сум ти простила и дека си идиот (што и си), но само пробај. Зашто ако не прашаш, одговорот секогаш ќе биде "не". Те молам, не се откажувај пред да се обидеш.
Знаеш да ми приредиш прекрасни изненадувања, да ги направиш љубоморни сите. А на кој ќе му текне на такви поклони, од нив можам да прочитам едно големо те сакам. Секако мене си ми потребен само ти, и без нив ќе те сакам подеднакво, ама убаво е некој на тој начин да те потсети, уште поубаво е ако е често. Уф на среќата и нема крај, мојот живот со тебе рај. <3
"Се појави без глас, од никаде... А веќе си во мене, насекаде... Во глава, во мисли, во спомен, во слатки моменти од секој домен. Ми остави насмевка налик принц, и кроток поглед од кој се ежам. Допир од кој искрена стремеж блеска, во дневни мечти и вечерна треска. Направи и во магија да верувам, во слаткоречивоста твоја да поверувам, да се надевам на довековна идила, и кристална љубов од бајки со крила. Овој силен занес кон тебе ме носи, пркосејќи и' на реалноста, ја коси. Го наоѓа патот кој води кон тебе, зашто само таму се пронаоѓам себе."
Сите мисли што ги имам за тебе прегореа ко стар фен. Сега знам, што и да направам не можам да излезам од овој лавиринт. Но барем лавиринтот мириса убаво и е полн со цвеќиња. А излезот е самото дно.
И во соновите ми изгледаат реални чувствата за тебе.. Чувството дека не си заборавен. Чувството дека сеуште си сакан. Чувството дека треперам покрај тебе. И дека најмногу од се, сакам да ми се вратиш. Иако на сон, се разбудив со насмевка затоа што твоето "Те сакам сеуште", не изгледаше како да сонувам,воопшто. Немав храброст да си го признаам ова толку време, но ете... Уште си ми во срце,како и тогаш. Невин човек покрај мене кој се трудеше да те заборавам и преболам, и кој парче по парче ми го лепеше срцето одново, не заслужува да биде оставен од некој што мене ме оставил.... Не знам што значат соновите и зошто толку често си во нив, ама ако, посетувај ме.
Фала ти за најубавиот ден.. и ти си конечно среќен, а богами и јас, после долго време.. Многу убаво си личиме еден со друг.
Од кога те запознав, мислам дека се сменив. Или можеби пак се прифатив самата таква каква што сум...Сепак среќна сум што те имам.
Не ми се верува дека сеуште не сфати зошто стигнавме до тука,ама веќе ми е сеедно.Не трошам ни време,ни енергија за да ти објаснувам