Мoлчиш не реaгирaш Гoрдoст и инaет ете тoa си ти. Не пoпуштaш епa губиш. Не си искaжувaл чувствa. Нa здрaвје дa ти е,
Патот да те води до моето срце. И така да си го гледам ликот во твојата зеница. Почесто... Но патот не е наша страна за жал. Не ни е време изгледа, или сме пораниле или сме задоцниле. Појави се за да се борам! Уморна сум.
Никогаш не мислев дека ќе ризикувам пак за некого, се додека не се појави ти. Фала ти што ми го правиш периодот најубав, те сакам.
Кога само би знаел колку солзи ме чиниш секоја последна ноќ од секое наше видување.. Додека во тишина чекам да заспиеш, за да не ја видиш тагата во моите очи.. Па ги пригушувам солзите во перницата само за да не те загрижувам, да не ја видиш мојата кревкост.... каква слабост си ми ти... Нема потажна насмевка од мојата додека се поздравуваме... и со секој нареден пат е потешко...
Јас тебе ти го разубавив денот, а ти мене животот. Ова е само почеток на една среќна приказна, ти ветувам!
Иако ногу си ме повредил, јас уште те сакам. И шо и да биде јас засекогаш само тебе кје те сакам и никој друуг.
Одвратен си. Не ми пишувај, не очекувај ништо од мене. Стварно со ова вечерва ги премина сите граници. Фала ти. Ми помагаш да те преболам, при крај сум еве. Не продолжувај, оти стварно не сакам да те замразам. Те изигнорирав намерно, разбери дека не сум ти играчка.
Јас не знам како ти ме трпиш мене, јака ти душа, мајке ми свака ти част Како не се измори од моите барања, желби, мрчења, муртења Spoiler: .. Како би една кока кола сеа пред спиење
Мојата темнина добро и` стои на твојата светлина, се надополнуваат и ветуваат да бидат посилни од се`. Само ти успеа да ме омекнеш. Иако немав намера да те пуштам преблиску до мене од страв дека ќе бидам повредена, препознав колку ми годи твојата близинаи те пуштив не само да ми се приближиш, туку и засекогаш да ми влезев во срцето. Сега те гледам како моја втора половина, најважен дел од мене, незамисливо ми е да живеам без тебе. Како воздух. Од далечната и на прв поглед ладнокрвна девојка сега нема ни трага, сега ти покажувам колку сум емотивна и желна за што било од тебе, па нека се тоа и нови рани на срцето. Од почетокот препознав на каде оди ова нашево и затоа не те пуштив. Ти влезе во мојот сон и во секоја секунда од моите мечтаења. И не се каам за тоа. Да можев, ќе те засакав уште порано. И верувај ми, додека сум со тебе, на светов не постои посреќна личност од мене
те сонував како ми се прикрадуваш, скришно ми шепнуваш дека си тука некаде, ме демнеш во сенката, некогаш блиску, некогаш далеку.... се разбудив во реалноста, денес веќе ништо не знам за тебе, знам само за себе.
@♡BuBaLe♡ duso aj te molam pisi mi vo lp sakam da te prasam nesto, jas probuvam da ti pisam ama nejke nz zasto