Што и да зборам излишно е .... барем јас сум во шашава фаза не би да си правам проблеми кадешто реално и ги нема ....
Одамна не сум кажала ништо....а и шта би....ние сме тука и после толку време...длабоко во ноќта кога сите спијат....скриени од сите погледи....една тајна љубов...за која сите знаат а никој нема да не види никогаш заедно...Само што желбата за борба за нешто повеќе сега е твоја...а јас сум само препуштена на судбината...
Ми недостасуваш многу. Ми недостасува твоја прегратка Ми недостасува твојот бакнеж Ми недостасува твојот поглед Ми недостасува твојот глас Се ми недостасува. Веќе ги одбројувам деновите кога повторно ќе те гушнам, а времево како да е против мене многу бавно поминува.
Иако секое утро ти изигравам будилник, ѕвонам по 5 пати да се извлечеш за да не касниш на работа пошо те мислм, ти во недела ми се дереш уште во полусон зошто не сум станата до сега???!! Што карактер ќе беше,што чудо, ми се одмилуваш !!!!
И знаеш, знаеш како да составуваш се полека...полека.. полека... само не знаеш како полетувам кога речеш:„не си свесна за самата себе бе...што имаш, што носиш во себе“
Ме прави среќна тоа што изјавуваш гордо дека сум твоја девојка. Ти ме правиш среќна. Ти ме исполнуваш.
Денес ти имам кажано над 10 пати дека те сакам.. Ама што е тоа... Ти заслужуваш уште безброј пати те сакам
Плавоокце мое најубаво сакав само да ти кажам дека ми остана еден преубав спомен, спомен кој вреди да се памти секогаш. Ти благодарам за тие 4 години поминати со тебе, тие беа најсрекните и најубавите денови, и години во мојот живот. Ми фалиш премногу
Ги сакам ноќите со тебе, кога гледаме нагоре и трагаме, трагаме... Па ќе ни трепне ѕвезда, ќе зашумоли нешто..Ќе шепне дека сме на правиот пат- оној во кој времет е круг. Нема почеток и крај.
Кој ти к**ац ???Ми фали стариот ти , што за мене ќе поместеше и планина со две раце .... Ме боли , сериозно!
И така, една цела година помина. Неосетно и пребрзо. Најубавата година во мојот живот. Ти благодарам што си тука за мене секогаш. И во добро и во лошо. Само ти ја црташ насмевкава на моето лице. Со тебе првпат заплакав, но од среќа. Ти си мојата лудост, и единственото нешто што ми помага да останам разумна. Дојде кога најмалку очекував, дојде кога ми беше најтешко, и можеби најблагодарна сум за тоа што ми ја врати надежта и вербата во животот. Ме крена од дното на кое бев толку време. Ми подаде рака кога ми беше најпотребно. Колку сум среќна што ете, одбележуваме годишнина. Со тебе времето ми лета. Со тебе тагата исчезнува, а среќата станува се` поголема. Ти си комплетна личност каква што секој би посакал во својот живот. Понекогаш се прашувам со што ли те заслужив. Денеска се разбудив со насмевка знаејќи дека ова е НАШИОТ ДЕН Кога ме пресретна со таа насмевка, со тој сјај во очите, уште еднаш ми стана јасно дека животот е убав. Вреди да се помине низ се` и сешто, само за да се стигне до вакви моменти. Вреди да се помине секоја бура за вакво сонце да те огрее. Се надевам дека уште долго, долго ќе бидеш до мене ТЕ САКАМ
Онаа вечер, намерно се преправав дека спијам... а ти, ми помина со прстот по челото, веѓите, образите, внимателно и нежно од страв да не ме разбудиш. И слушнав како се издиша, од жал дека не те сакам како ти мене. И кога јас плачам што страдаш, а јас сум виновникот, ти се трудиш да ме расположиш, правејќи ја мојата болка поважна од твојата. Не знам што се случува, но сакам да поминуваме време заедно и некоја чудна смиреност преовладува кога си до мене, кога ќе ме фатиш за рака или кога ќе те прегрнам. Можеби затоа што кога и да сум се соочела со некој проблем, ти си го наоѓал решението и сум знаела дека сѐ ќе биде во ред. Збунета сум, многу...