Можеби сега ни треба таа пауза...не знам дали можам вака више. Сакам да одморам, тешко ми е а појма немаш. Kога ми требаш највеќе те нема нигде.
Ме уби... Интересно е тоа што кога на тебе ќе ти го направат тоа што ти го правиш на другите, се лутиш. Не ти чини и не доаѓа убаво, нели? Прибери се, миличок. Ни јас не можам веќе вака.
И само молим прошле дане да забораве ме ал како кад и сенке зову твоје име и у срцу свака промена сеча на лоша стара времена. И како чу сада даље против своје воље и најгоре са тобом било ми је боље и како кад још живим ја за лоша стара времена... Kако за нас пишувана песнава..
Ти кажувам дека чувствувам вина кога и да те видам, како да те искористувам, како џабе да ти го трошам времето, а ти на тоа ми одговараш дека по цена на мојата среќа, ќе се оддалечиш. Кога те барам, доаѓаш, кога мислам дека грешам и се тргам и тоа го почитуваш, буквално правиш сѐ за мене да ми е убаво. Ти кажувам дека не те сакам и да немаш надеж и повторно не бараш ништо. А знам дека страдаш и премногу се грижам за тебе и знам дека еден од нас ќе биде повреден, а некако не сакам тоа да си ти. Зашто си најдобриот и најискрениот човек кој го познавам и посакувам да те сакав барем половина од ти мене. Што ќе правам !?
Сакам да ти кажам дека од минутата кога ќе си отидам откај тебе, почнуваш да ми недостигаш. Што ќе беше ова, ме збудале. Одам по улица и се смеам, да ме види некој ќе си рече дека сум одлепила. А и не ми е гајле за другите де. И онака само ти постоиш за мене и не можам да си помогнам. И не ми се заблагодарувај што ти помагам кога ти е потребно. Тоа го правам само и само од љубов. Јас тебе треба да ти се заблагодарам што ми го разубавуваш животов. Се колнам дека посреќна личност од мене нема на светов. Те сакам душо
Има денови кога кожава ми е тесна.. Има денови кога очиве ќе ми пукнат од солзите збрани... Има денови во кои животот ме става на крстопат... Има денови во кои ме боли секој дел од телото... Има денови кои прдолго траат зошто ноќта сум ја бдеела... Има денови во кои доаѓаш од никаде, ете така неповикан... Има денови во кои доаѓаш да ме потсетиш колку доверба имам во тебе... Има денови во кои ти се препуштам и на она твоето„ а бе џабе сакаат како тебе да бидат...“ Има денови во кои не ги запирам солзиве пред тебе, оти само ти знаеш дека и јас човек сум... Има денови како овој...еве баш како овој...кога погледот ми лута, и мисливе, и телово не ме слуша веќе, а ти...ти слушаш и се смешкаш, така сигурен изустуваш„ ме плашиш волчице...“ Има денови како овој...еве баш како овој кога си потврдувам дека како волк ме чуваш... Имаа денови како овој ...ете баш како овој...кога минутите ги бројам додека во раце ти се скршам...
Жицата од тоа прслукот ти го прободела срцето, затоа ни срце имаш, па ни прслук носиш повеќе веројатно...