Биди храбра, направи чекор напред, сакај се себеси и најмилите. Нетрпи тортури човек си тешкото ќе помине не дозволувај агонијата да те сотре. Влези му на стравот и проблемот клизачи директно по цеваница нека го боли него не тебе. Запријателка
Мече мое,знаеш дека те сакам повеќе од се на светов.Зошо ме сјеба вака ? Што стана со нашите планови за иднина ? Ќе го шетавме светот,ќе се журкавме,ќе се сакавме како никој на светов.Што стана ? Си најде друго партнерче ? Се откажа од сите планови ? Јас не.Ќе го живеам животот како шо заедно планиравме.Ќе те почекам уше малце,али знаеш дека ја ако се откажам од некој,се откажувам за навек.После и месечината да ми ја симниш залудно ќе ти е.Створени сме еден за друг,си го знаеш тоа.Ај не ми води инат и дојди да те изнагушкам.
Сонував сон како спиеме заедно ти свртен со грб и почнуваш да рчиш силно јас те будам да се свртиш кон мене и те гушкам најсилно... Се будам и со раката барам да те гушнам ја ширам но нема никој. Гледам темница, празнина, нема никој ти не си тука. Ми доаѓаат солзи на очите, по незнам кој пат ја проколнувам оваа далечина а на перницата се тркалаат жешки солзи. Колку ќе беше убаво да не беше сон. Да не се разделуваме никогаш мило мое јас неможам без тебе.
Ми излезе слика од тебе во news feed, заеднички познаници шта чеш.. па коа те видов си се израдував за себе на чуден начин, ми проструи некој филинг како на дете кое го пуштаат надвор да си поигра после долга казна. And suddenly I felt recklessly happy. Благодарам што те немам и тебе и тортурата што ми ја вршеше. Среќен човек сум јас бе, а што е поважно и free like a bird. Spoiler Кој би рекол дека еден ден толку ке уживам во статусот сингл.
Не сакам да се лажам по тебе, нека биде што биде. Така се надевав со еден 3год потрошив за дури сега да сфатам дека сум била во златен кафез цело тоа време. Не било љубов тоа, не знам што било но не љубов. Премногу надеж и енергија а ништо за возврат. Затоа не ти се надевам и тебе. Нека тече се лагано...
Како можеш вака ? Со еден збор правиш да се чувствувам убаво . И покрај вишокот килограми , и покрај тоа што понекогаш не се поднесувам себе си , и покрај проклетиот пмс низ кој поминувам со толку променливо расположение и не ретко знам да ти викам и да се расправам со тебе за најмали нешта .. ти ќе се насмевнеш и ќе ми речеш дека сум најубава кога сум лута .. ќе ме гушнеш и тогаш го чувствувам спокојот ... Нека потрае ..
Едно време,а ќе излажам ако речам дека траеше кратко,броев денови до нашата годишнина..и така ден по ден,година по година јас ги славев сама нашите годишнини... А сега се е поинаку,нашата годишнина ми помина толку бледо и незабележително,дојдов до состојба да го заборавам тој важен датум,тој ден на кој му придавав посебно значење што дури по неколку дена се сетив дека го пропуштив.. А и што е важно? Можеби е подобро вака,можеби веќе ми излезе од срце ...не знам што чувствувам но не те мразам,не те сакам,не ме болиш како порано... Слободен си...оди,те пуштам и само едно знај,никој нема да те сака како што те сакав јас,но не било да успееме во овој живот,а знам и дека нема во наредниот...не смееме....
Ааа каков ден Надвор топло, во срцево уште потопло Ти благодарам за се`, ти благодарам што црташ насмевка на моево лице Те сакам
Не ти посветив ништо посебно внимание околу тоа зошто знам дека ќе ми помине, еден ден се поминува. Моја грешка е, секогаш истите глупости ги правам не еднаш, туку милиот пати ете требаше да знам дека вака ќе излезе.
Се додека си ти до мене можам и без сонце да живеам,ти ми ја грееш душата и повеќе од него. Нека трае долго многу долго...