Не очекував дека еден ден ваков ќе постанеш. А од тоа и најмногу се плашев. Ме разочара, а беше единствениот во кој имав доверба и утеха...
Само ти кога ме држиш за рака, се чувствувам најсигурно, само во твоја прегратка кога заспивам, спијам најубаво. Сакам никогаш да не ми ја пуштиш раката и засекогаш да заспивам и да се будам покрај тебе.
Не.Јас веќе не можам да се трудам за врскава за која очигледно е дека не ја сакаш Моето прашање е: Зошто??? Очите не лажат. Знам дека ме засака повеќе од што очекуваше Тогаш зошто упорно ме бркаш од животот? Зошто ме тераш да те замразам кога јас само сакам да те сакам. Можевме да бидеме многу среќни. Двајца повредени од љубовта кои се најдоа во вистинско време Зошто мораше и ти да бидеш уште еден од оние кои ми го имаат скршено срцето?
Не сум сакала вака до сега, не не не! Тоа погоре што сум се глупирала е чиста детка љубов бе.Минато свршено време.Глупости Единствен си ми,најсакан си ми,најмил си ми! Сакам да се будиме заедно засекогаш
Во сите моменти кога ми требала поддршка, утеха, кога сум чувствувала трема, несигурност и страв, си бил покрај мене. И затоа денес, кога ми кажа дека ќе дојдеш макар и во дванаесет ноќе, сфатив колку си посебен. Нема веќе луѓе како тебе, знаеш?
Посакувам да си тука Да ме допираш, цела ноќ, нежно, долго, полека... таму каде никој не ќе забележи траги, а допирите вечен траг ќе остават - на душава...
Уште 4 дена и ете ти месец ипол како се немаме видено..ама те разбирам љубов..мораше да одиш. Таман мислев дека до 15 април ќе си дојдеш од таму, ти ми соопшти дека имаш уште работа и цел април пак сама ... Ама не можам ништо да сменам, само да си жив и здрав, чувај се, здравје да ми дојдеш на почеток од мај .. Премногу е знам.. Се тешам дека луѓе се разделени по пола година,година,две па и повеќе. Ама тоа е.. Зашто не поминува времево толку брзо, сега, кога сме физички одделени, а кога сме еден до друг лета? ... Оххх ... долг е април ... долг ... Ми фалиш премногу , знаеш.. Те сакам повеќе од се на светов.
1 година 6 месеци и 2 дена од "нас". Ама не бројам. Престанав. Те заборавив. Не чувствувам ништо за тебе. Пред луѓето. А вака сама пред себе знам дека никогаш нема да престанам. Во твојот живот нема место за мене. Во мојот секогаш ќе има за тебе. И ќе ги поминам тие километри само за уште еднаш да те видам и да те гушнам. Ќе дојдам на другиот крај на светот за 5 секунди среќа...