@Oscar Lady Јас многу добро те разбирам..Ние се гледаме само 2-3 пати годишно, чекаме по пола година за да се видиме...Ете тоа нека ти е утеха..А времето лета, април одма ќе помине Јас септември го чекам за да си го видам бебето мое Од мене до него: Во последно време бев неподнослива, ми се врза некој филм дека не сакаш повеќе да бидеме заедно и се однесував како мало детенце..Ама ти пак најде начин да ми докажеш дека не е така и сфатив дека навистина ме сакаш..Ќе издржиме уште 5 месеци, љубов и после се ќе биде многу полесно
Толку време намерно шетав во твое маало и се надевав дека ќе те видам и кога конечно се откажав од тебе, се сретнавме очи во очи. Знаеш што највеќе ме радува? Што не почувствував ништо, а на твоето лице се читаше срам. Добро е, си имал совест. П.с. Си се разубавел .
Велат „љубовта доаѓа кога сите други ќе заминат, и стоплува кога стравот телото ќе го излади....“ затоа фала ти уште еднаш. Фала што ми покажа што не е љубов... не би менувала ниту миг од тоа искуство ...............
Толку очајно сакам да ти се јавам.. а знам дека ќе зажалам во истата секунда. Тоа ќе значи дека ти победи. Секогаш победуваш. Секогаш јас сум таа што се јавува прва. И кога сум крива и кога не сум. Се чувствувам како да сум во состојба да ти простам веднаш што и да ми згрешиш, што и да ми кажеш... Се изненадив колку далеку биле моите граници. Сум била во илузија дека сум многу силна и издржлива. Како мало бебе сум.. Толку сум преплашена од помислата дека ќе те изгубам што се гушам.. Само плачам и плачам и плачам. Станав очајна и патетична. Веќе не знам да препознаам што е правилно, а што погрешно. Ме прашуваш зошто се борам, имаш храброст да ми речеш дека не си ми рекол ти да се борам. А јас мислев дека се подразбира дека ќе се бориме за врскава само што стапивме во неа. Изгледа не сме се разбрале. Како и секогаш, јас разбрав погрешно. Ама не грижи се срце мое. Моето трпение за тебе имало дебели граници. Сеуште ги немаш поминато, за чудо. Себеси се надминувам со секој твој нов испад. Се чудам колку сум била способна да претрпам за љубов... Силна? јас? Ако некој уште еднаш ми каже дека сум силна, ќе му се изнасмеам во фаца. Жими се.
Ти познавам по чекорите. Ти се стрчав низ темната улица во прегратките и долго те гушкав, без зборови, само тешко издишување како знак за олеснување дека пак си тука. Те чекав предолго, ги броев деновите, минутите без тебе, страдав, но синоќа со само една прегратка ми ги излечи сите рани, заборавив на сите исплакани ноќи. Те сакам. Се посигурна во тоа. Сеуште треперам кога ќе ми се доближиш исто како и првиот ден кога те сретнав. Јас ти припаѓам тебе, твоја сум и ќе бидам се додека дишам.
Се' е во очите! Твојот продорен поглед успева да премине преку сите лузни и да го изваде најдоброто од мене.... не се плашиш од гребнатинките на твојата кожа, кои настануваат додека стигнеш до таму! Како награда што си го издржал тој пат, крадиш нежен бакнеж од меките лепливи усни.....
..и пак те видов,ме гледаше и ти,само ми дојде онака инстантно да ти свртам глава,после ми беше тешко малку,само малку де...
Некогаш толку многу ми недостигаш што дури чувствувам физичка болка... Иако плановите ни се развлекоа, иако се продолжија роковите, сеуште ми е мило што двајцата вложуваме во нас.. безрезервно, исто како и првиот ден. Знаеш.. некогаш, во само дел од секундата се предавам... демоните ме победуваат, па ми иде да вреснам од очај што не сме заедно... А ти, без воопшто да претпоставиш што се случува внатре во мене и какви битки баш тогаш се бијат, веќе во следниот момент ќе ја кажеш вистинската работа и за момент се што во срцево прокрварило до тогаш, расцутува одново...
Многу години од сега, многу безвредни луѓе ке ти зборуваат, а ти ке заборавиш дека еднаш си гледала во очи на некој што мислел дека си магија.
Како што кажа и ти, немоќни сме пред Аморовата стрела. Заљубеноста не се контролира, ниту пак се бега од неа. Зошто тогаш јас на почетокот сакав да избегам од тебе? Сега со секој изминат ден ми покажуваш дека вреди што сепак останав, вреди што сепак ти се предадов. Моето срце го чуваш ти. Во тебе ги имам вложено сите надежи. И не се каам ни најмалку.
Тешка е вечната борба меѓу срцето и разумот....се прашувам кој прв ќе попушти?! Или сепак добро е и вака,се навикнав веќе.
Уште 2 недели и ќе бидеме пак заедно Веќе почнав да ги одбројувам деновите И баш се радувам што ти ќе ме пречекаш, има веднаш во прегратка да ти се фрлам