Знам дека ќе дојде ден кога ќе се покаеш за се! За жал го имам тоа грдо предчуство, дека ќе ме бараш ти еден ден, и ќе ти биде жал за се. верувај ми и мене ми е и сега и тогаш ќе ми биде, ама некој одлуки ги правиме за цел живот, а ти твојата ја направи и ќе мораш да живееш со неа за цел живот Неизживеано дериште!
Ахх во право си дека не сме се виделе 3 недели. Ухх ми фалиш и мислам дека се заљубив ама ilent: ilent: Срцка
Викендов....ех....срце си најмило,тие мили очиња и насмевка....како ме освојуваш од миг во миг...иако милиони прашања ми се мотаат низ глава ке оставам времето да ги одговори не се брзам јас, убаво ми е со тебе
Е утре здравје ако биде све во ред...ќе те видам..така да мисли му ја..... т.е. женска ти нека му ја мисли...дали ке биде се во ред
Требаше да излеземе да шетнеме денес, ама гости ми дојдоа не сум крива . Еден ден не се видовме и веднаш ми фалиш најмногу. Ајде утре едвај чекам да се видиме
Ми недостигаш сонце, сакам да те гушкам, цело време мислам на тебе иако си малце смотано па за Дедо Мразовската секси долна облека од Џамбо, рече дека е облека за маскенбал за деца а баш мислев да те изнандам за Нова Година со неа
Почнав да сум рамнодушна кон тебе. Сакам нешто ново во врскава, не правиме ништо интересно. Те сакам , ме сакаш, е не е доволно. Мрдни го тоа задникот и однесиме на кафе ко за промена. Слушаш? Ако не ќе превземам драстични мерки.
Збогум.. ќе си останам сама,навикната сум да ме оставаат. Сама но никогаш осамена Ете така да си знаеш. А ти ќе дојдеш,ќе се вратиш.. Но убаво ти кажав - Ти си глуп,поглуп од тебе немаа !! А јас? Не ја правам истата грешка овој пат. Секогаш кога и да се заљубам јас сум таа што се треска од земја, јас сум таа што чека и чека некој да се врати од неповрат.. Епа нема веќе !!! НЕМА !! Овојпат.. Ќе си го живеам животот. Да,мојот стар живот,одамна заборавен.
... И уште многу работи сакав да ти кажам Добро е што добив храброст така да те исплескам со зборови (неколку чашки си го направија своето).... Доби на знаење дека сфатив, дека не сум иста како порано... А ти уживкај си А всушност, ти си бил виновен во целава ситуациииија И не ме мери со долни уличарки Не ми се ни до колена, ти кажав. И ти кажав дека за некој ден ќе сфатиш што изгуби
Никако немој да фатиш телефон и да го доближиш до увото. Многу е штетно и многу зрачи инфекција некоја може ке добиеш. Плус па да си ги замараш прстите како колбаси што ти се. Ма не доаѓа во обѕир. Ама Затоа ни јас не вртам. Магарешки инает. И јас те сакам. Ја утнав прво темата не ми замерувајте. Во љубовни проблеми го пишав постот Срамота
Да ти кажам искрено не ми е криво денес што не те видов и што одложив...за некој друг пат...(а кога ќе биде тоа не се знае) .. Поарно шо не те видов,барем нема да се нервирам што не си мој Уживај во нејзино друштво