Како помал секогаш ме прашуваа, што сакам кога ќе пораснам ? Нејзин тоа сакам само, а не цајкан како што одговарав.
Најтешко во животот ми е да верувам некому. Ама затоа, кога ти ќе ми кажеш да не се грижам, пример "Не се секирај, остави на мене, јас ќе го изгаснам огнот, нема да причинам пожар" или "Опушти се, ќе бидеш дома во пет, ќе најдам начин", знам дека апсолутно можам да се потпрам на тебе. Зашто сѐ што си ветил, си исполнил и многу повеќе од тоа. Често размислувам колку си посебен и уште почесто те прашувам зошто ме сакаш баш мене, а ти ми одговараш "А зошто пак да не?". Ме сакаш со таква сигурност, одлучност, непоколебливост, посветеност и иако велиш дека битно ти е само да ти е убаво во моментот со мене и не правиш долгорочни планови, јас знам дека твојата љубов нема да се промени. Уживам во авантурите со тебе, во времето поминато на било кој начин, во твоето присуство, среќна сум за слободата која ја имам, за тоа што никогаш не ме прашуваш за него, што немаш никакви барања, услови, што не ме ограничуваш. И вистината е, што таков прекрасен човек како тебе, не заслужува некоја која ќе се колеба, со мене не знаеш на што си, ни колку ќе трае, ни кога ќе те оддалечам, јас носам импулсивни одлуки и најстрашно е, што откако го видов, мислам на него. Ми се чини дека никогаш нема да те ценам доволно или пак кога ќе научам, ќе биде премногу доцна. Само сакам да те сакам како ти мене...
Би му кажала дека го сакам толку многу што би го поделила последното парче пица со него .. Шала на страна, би му кажала колку многу копнеам по неговиот мирис, допир, глас. Вечно би би била во неговата прегратка, ах љубов
Да знаев дека е последна прегратка ке украдев уште една минута, да знаев дека е последен бакнеж ке ја оставев душата.....
Знаеш,кога им кажувам на другите,дел од работите кои доведоа до наша разделба,сфаќаат какви прекрасни мажи имаат,воглавно нивниот коментар е „па јас злато маж сум имала“.Орден за спасување бракови ќе ми доделат,благодарение на твојата мизерност.
На светов постоеше само едно прашање чиј одговор не го знаев. Често тебе те прашував што би одговорила, а ти се смееше и ми велеше дека никој нема да ме праша никогаш. И ете, ме праша. Тој од кој ти ме зеде. Ме праша и молчев. А потоа те обвинив тебе. Зошто ти си виновен... Ти и таа твоја исфрустрираност. Ти ме уништи. Сега Ти спреми се!
.... И секоја вечер кога тишината ќе ја надвладее собата, ја гушкам перницата и болката уште толку се зголемува. Ми фалат до мене пар очи во кои се пронаоѓам себе. Ми фалат пар раце кои ќе ме гушнат цврсто и ќе ми понудат заштита. Ми фалат гради на кои ќе можам да се навалам и ќе можам да го слушам најубавиот звук - чукањето на твоето срце. Ми фалат усни кои ќе се спуштат врз моите и ќе ми дадат живот. Ми фали еден мирис од кој го губам здивот и ми зоврива крвта. Ми фалиш ТИ. Како луда ми фалиш да ми ги потполниш празните ноќи, да ме топлиш, да ме правиш среќна. Ми фалиш како никој друг на светов. Ми фалиш за јас да бидам целосна!! Те сакам.. Еден си ми!
Уште само 2 дена љубов!! Па да го галам тоа лице, будало мое.. да ја бакнувам таа најубава насмевка кошмари што растерува, црни ноќи што зазорува. Да заспивам во тие раце, па да те живеам место да те сонувам...
Како почнавме, а каде сме сега Љубов, верувај ми, ми измамува насмевка на лицето кога ќе помислам на нашиот почеток. Никој не беше свесен дека вакви чувства ќе ми се родат. Требаше да дознаам што е страдање, за ти да дојдеш и да ми го излечиш срцево. Требаше многу ноќи да ги поминам плачејќи, за ти да ми покажеш што значи искрена насмевка. Не ми се верува и дека прво не ти верував,не ти верував ни тебе а ни себе не си верував. Не ми се веруваше дека можам после се` пак да сакам, и тоа баш тебе. Личноста што ја знаев со години, а одеднаш ми го зароби срцето, без предупредување. Се плашев многу, се двоумев многу, ми беше страв пак да сакам и да бидам повредена, можеби уште посилно. Но не можев да се одбранам од тебе, од твојата смиреност што и мене ме смируваше, од твоите зборови од кои одново се родив, од твоите сини очи во кои тонев и тонам како во океан. Не се каам за ништо, секој ден ми е се` поубав сo тебе. Денеска кога чекорев заедно со тебе, кога се свртев кон тебе и видов дека и ти се смееш, кога почувствував дека и тебе ти годи моето присуство, само во себе се молев ова нашево да не заврши никогаш. Ти благодарам што си тука, ти благодарам што ден по ден ми ја покажуваш убавината на животот, што ми црташ насмевка на лицето а ми ги бришеш солзите, што не се откажуваш од мене и што секогаш со насмевка ме дочекуваш. Те сакам најлудо
"Сега ми требаш ти, Како сон на очиве, Дај ми да ти кажам се, И само еднаш слушни ме. Сега ми требаш ти, Како вода на усниве, Дај ми да ти раскажам се, И само еднаш гушни ме."