Преголема е болка затоа што не можам да те гушнам,бакнам,да те милувам. Се би дала да можев сега да заспијам во твоите прегратки. Колку ја мразам оваа одалеченост Те сакам најмногу
Ми фалиш да ме гушнеш, да ме допреш со твоите дланки и да предизвикаш морници по целото мое тело. Ми фали оној благ поглед кога преуморен се мачиш да ги држиш очите отворени за да украдеш минута плус за нас. Оние последни зборови во денот кога си раскажуваме како ни поминал истиот и што е на дневен ред за следниот. Ми фалиш кога малата наутро влегува во спална и те бара под ќебето од десната страна. Кога ги дига рачињата и со тажен поглед покажува нема. Ми фали твоето добра ноќ и добро утро. Проклето ми фалиш. Едвај чекам да поминат овие 3 недели. Ќе бројам денови до наредната прегратка, наредниот бакнеж, наредниот допир... Добра ноќ
Не знаев дека некој може толку длабоки чувства да има, не знаев дека јас го можам тоа. Не е ова како ниту еден пред тебе, не е слично на ништо до сега, нема ни да биде на нешто наредно. Што ми правиш? Не можам на никој да опишам што имам во себе. Како огномети да има во мене и постојано се распрскуваат, а кога ќе ме повредиш како градите со нож да ми ги отвараш, така ме боли.Не ми го прави тоа. Не разбирам како може толку да чувствува човек ? Не мислев дека сме способни за тоа. Во мене си ми. Во душата си ми. Внатре те чувствувам. Длабоко, длабоко внатре во мене. Како корења што се протнале длабоко под земја така те чувствувам. Правиш секоја твоја мана да ја обожавам и да ја гледам како свршена. Секоја црта на твоето лице, секоја неправилност, секоја лузна и секоја брчка, буквално ги обожавам и ги гледам со воодушевување. Тие црни очи, боже да знаеш само како се губам во нив, како друга си ми. И уште не ми се верува што ми се случува и како може да постои вакво нешто. Сите овие работи кога ги слушав пред тебе ми беа толку патетични и толку глупави. Сега разбирам. Сега ја разбирам секоја заљубена личност на овој свет. Сега ја разбирам секоја љубовна болка, секоја тага. Сега ништо од тоа не ми е патетично. Се ми е ужасно трогателно и допира до душава. Сега се разбирам. Ама станувам некоја што пазев да не бидам и некоја што претходно ја сожалував и ја сметав за бедна. Види сега, јас сум тоа. Треба да си заминам од тебе, ама не можам. Гледај колку сум бедна. Не можам. Навистина пробувам со месеци...ама не можам човеку. Што ми направи? Душата ми ја кинеш, срцето ми го распаруваш и пак се ти е простено и пак кога ќе те видам ќе се насмеам и пак кога ќе ме гушнеш ќе се изгубам и пак така од почеток и пак така. Со право бегав од вакви работи ама ти ...од тебе не можев.
На симпатија 1 На симпатија 2 Многу си убав,убав е денот кога ќе те видам тебе така згоден , насмеан... На синооок со свои камења да си удирам по моја глава нееее не играме веќе така.
Преку ден си еден навечер си друг. Те сакам и го знаеш тоа и затоа си ваков. Ти фалам и јас тебе и после се знам дека пак јас ќе заспијам на таа иста и само моја перница. Ќе ги истресеме влакната од оние кои на кратко поминале на неа и со штиклите в раце си заминале скришум во ноќта и ќе заспијам до тебе. Знам дека ќе ме разбудиш со турско и ќе ме гледаш дури го пијам. Зашто само ти ме сакаш таква. Бушава, ненашминкана, во твоја маица...
Оди...згази ги сите наши спомени и години, пред олтар со неа застани...нека биде како што треба...но кога ќе ти треба љубов не ме барај мене.......
Ма рамнодушна сум веќе.Не будиш ништо во мене.Ти кажав дека брзо се заљубувам ама брзо и одљубувам.Си се истриповал дека си битен.Уствари јас направив да се осекаш малце од малце битен,па егото ти проработи.Не знаеш што сакаш.Не знаеш како со себе.Ни убав не си ми више.А ти иди си секој викенд со надеж дека ке се видиме. За џабе трошиш гориво.
Наредната сабота после 3 месеци пак ќе ги почуствувам твоите бакнежи и пак ќе бидам во твојата прегратка
Двосмислен си, мозаик кој не можам да го составам.. будиш нешто долго време заспано во мене, па топло ми пенетрираш во секој дел од умот на начин на кој досега никој не успеал.. Кој си ти всушност? Тргни ја маската и препушти ми се..
Повеќе од година има откако почна ова нашево. И ништо не избледува, напротив. Се` посилно е од ден на ден. Зависна сум од тебе. Бројам денови, часови, минути до нашата следна средба. Јас и ти, онаа наша соба, нашето место, што друго е потребно за среќа? Срцево полудува од самата помисла на твојата близина. Се ежам од помислата на твоите погледи и допири. Понекогаш се плашам од самата себе. Се плашам од овие пресилни чувства. Се плашам дека ќе полудам. Заборавив што беше тоа разум. Спремна сум на се` за тебе. Спремна сум да преминам преку се`, спремна сум да се изборам со се`. Ти си мојата лудост, мојата љубов. Ништо, ама ништо друго не ми е важно. Само ти да си ми тука, блиску.
Јaс имaм,и че имaм нaдеж зa нaс,нo ме убивa пoмислaтa и тoa штo гледaм пo фб декa имaш другИ. Си се oткaжaл oд мене,oд нaс. Јaс Не. Прoклетствo. Некoј дa ми дели сoвети не ќе е лoшo. Ах прaсенце мoе.