Понеделник е денот кога конечно ќе се видиме после 3 месеци! Пресреќна сум што порано ќе си дојдеш љубов ! Не си свесен како ќе ти се фрлам во прегратка на аеродром!
Кога сум со тебе се чуствувам посебно. Ти ме правиш најсреќната девојка на светот. Ти благодарам што постоиш во мојот живот и што секој ден ми го правиш посебен. <3
Пројде многу време сама спијам, а ме галат копнежи. Уште те сакам тебе, ти си дел од сите мои молитви. Ех, да најдеш некој повод или причина на полноќ да ме разбудиш, ќе откриеш во очи дека било вистина штом велат дека пак нè заљубив. Сакам да те видам, да те бакнам исто како некогаш, Чекам и твоја ќе бидам. Зошто мислиш, зошто не се јавуваш?
Само што те испратив, а веќе ми фалиш...собава мириса на тебе, јас мирисам на тебе, би сакала и оваа вечер да заспијам во твојата прегратка...но ќе издржиме, се ближи времето кога ќе бидеме секогаш заедно
Абе се топам на секој твој збор,толку милувања досега не сум доживеала... уште колку пати ќе се заљубам во тебе?!
Чувствуваш нешто за мене... Не бе душо ти немаш чувства, ти не знаеш да чувствуваш ништо за некој после НЕА. Признај си го тоа дека без неа ти си потполно празен....Јас сум ти меракот, а мене тоа не ми е доволно... Секој нека си прнајде среќа за себе... Бидеејќи заедно нема да можеме...
Поради тебе се плашам од понеделниците. И од недела вечер помината со тебе. Страв ми е дека пак утрото ќе те однесе како тогаш. И дека пак ќе почне агонијата. Дека ќе те нема... Сега кога се врати, остани. Нека недела вечер ни трае засекогаш. Дури и подолго.
Вчера се шетам со другарките, и за момент ми се пресекоа и раце, и нозе, срцето ми чукаше, мислев во секој момент ке ми искочеше, си помислив ти си, дечкото што го видов толку многу личеше на тебе....... Но кога видов дека уствари он не си ти, тука престанав да сањам више. Болиш, премногу болиш љубов...
Една феминка спомна како некој после 30год чекал да ја види/слушне што и да е. Јас да ми ти речам мало, после 30год да ми дојдеш и земјата нека се руши под мене и светот да се распаѓа нема да ти простам што си чекал до тогаш, ни што би чекал 3год нити 3 месеци. И сега да ми се вратиш би била со мислата што ми се враќаш сега... Нема врска