Значи ме убиваш вака! Кај си појави се човече! Срцето забрзано ми чука...не ме терај да се појавам таму и да те шлогирам!
Навикната бев да те гледам често. А сега половина месец не сме се сретнале онака случајно... А јас те мислам,иако не заслужуваш...се надевам се е во ред,добар си нели?!
Што ми правиш? Во мене е хаос. Живеам само за миговите кога сум со тебе. Се` помеѓу за мене е неважно. Сакам да ги преспијам моментите кога сум без тебе и да се разбудам во твојата прегратка. Скроз ме полуде. Знаев дека ќе биде вака. Убаво ми е кога од ден на ден ми откриваш се` повеќе за тебе. Знаев уште од првиот момент кога ти фрлив око, дека во тебе се крие нешто многу повеќе од она што го покажуваш на површината. Баш во тоа се крие и твојот шарм. Не се обидуваш да ме привлекуваш, а јас умирам по тебе. Но под навидум ладниот карактер се крие најслаткото суштество на светот. Ме стопи денеска.
Велат оние што се разделиле со бакнеж и прегратка повторно ќе се сретнат. А ние?! Како се разделивме ние,не се сеќавам,помина многу време,само знам дека се случи се толку брзо и всушност ние прекинавме без збор,и двајцата бевме преполни со инает и не се побаравме повеќе. Знам дека мене душата,телото и срцето ме болеа долги години после тоа. А тебе? Знам дека не.....
Не мора баш секој ден да те гледам низ населба... Вака никогаш нема да те заборавам. Те молам не ми се појавувај више, остави ме да те заборавам...
Никогаш немаше да поверувам дека човек може да сака некого повеќе и од себеси да не се појавеше ти... Многу ми е поважно ти да си добро и да не ти фали ништо, отколку мене да ми е се совршено... Ти текнува на таа вечер кога беше болен и ме молеше да не се видиме дури не оздравиш само за да не се разболам и јас? Е па не ми беше грижа..Дојдов кај тебе и ти донесов секакви апчиња, ти варев чај, те покривав да не ти е ладно..А бе цела вечер како бебенце те гледав Ми се изначуди кога почнав да те бакнувам иако толку се противеше за да не ми ја пренесеш настинката. Ми беше битно само да оздравиш, на мене не ни помислував Ова е една од најмалите работи што ја имам направено за тебе, знаеш и сам што се друго сум правела.. Те сакам бесконечно многу и ќе те сакам засекогаш, само тебе!
Уживам да те гледам додека спиеш. Ги сакам утрата во кои заедно се будиме – полека, без брзање, без обврски кои натежнуваат над нас. Ги сакам и вечерите во кои заедно заспиваме – кога легнуваме затоа што сакаме, затоа што ни се спие, а не затоа што наредното утро мора да станеме рано или затоа што сме преморени од дневните обврски. И знам дека ваквите периоди на безгрижност и слобода секогаш кратко ни траат, а колку и да траат – никогаш не траат доволно. Но, сепак уживам. Уживам во моментот, уживам во тебе и во нашиот мал микрокосмос кој заеднички сме го изградиле – непознат и недостапен за остатокот од светот.
Мислев дека сум лоша со тебе, ама не, малце било тоа.. Со тебе треба само лошо. Со тебе треба само да го најдам она што те повредува најмногу и упорно да ти го правам тоа гледајќи колку те боли и правејќи те будала, како што ме правиш ти мене а? Со тебе само така може да се издржи. Да се правиме будали еден со друг и да видиме кој ќе издржи повеќе пред да полуди. Ама секако дека тоа ќе бидеш ти. Ти си бесчувствителен махер во таа игра. Ти нема рамен! Што сакаш прави веќе, уморна сум. Толку се изморив од ова што веќе немам ни желба да го повторувам. Одново и одново само истиот филм го гледам. Како и да погледнеш, пак јас сум таа што е нервозна и расплакана. И плус виновна! Епа ако очекуваш да бидам среќна и насмеана од уво до уво додека човекот за кој правам се и сешто не ме почитува ни 2%.. тогаш браво Попаметен си отколку што си мислев
Признавам, и ден денес ти го прегледувам профилот бидејќи секогаш ќе имаш место во моето срце, иако многу ме повреди. Не знам каде си, со кого си, како си, дали се сеќаваш на мене воопшто. Само знам дека со кого и да сум нема да ги отстрани лузните и сеќавањата од тебе. Признавам, некогаш сакам да ти напишам порака, за да проверам што правиш, како знак дека се грижам за тебе но ќе се сетам дека не ти беше важно, ќе се сетам на сите подмолни работи и веднаш бришам. Знам дека би направила огромна штета ако те контактирам, знам дека би повредила многу личности со тоа, знам дека ќе нема назад и проголтувам кнедли секогаш кога ти си во прашање. Знам дека никогаш нема да те видам, но кога и да одам во твој град ми навираат солзи и спомени во очите, ми се пресекуваат нозе, и посакувам да се вратам назад затоа што стравувам дека некаде ќе те видам случајно и сама себе ќе се издадам дека никогаш нема да ми биде сеедно во врска со тебе. Знам дека не ме заслужуваш.