Ми требаш во овие моменти. Да ми кажеш да се смирам или дека ке се смириме дека нема ситуацијава да ескалира :/ ама знам дека нема да добијам фидбек од твоја страна тоа е.
Многу криво ми беше што денес не беше тука за мојот роденден. Знаеш дека многу ја мразам твојата работа Се надевам дека нема да прогласат вонредна ситуација, несакам таму да одиш.
Денес бев многу расеана,цел ден имав некое претчувство,како да очекував некоја лоша вест во врска со тебе. Незнам од каде ми дојде тој глупав страв? Те мислев цел ден,ама добро е...видов нова слика кај другар ти,добар си и остани таков. А јас? Јас ќе те мислам одвреме-навреме...
Во тебе, во моментов, во овие неколку месеци, најдов сѐ, повеќе од што некогаш сум замислувала и очекувала. Сеуште не можам да ти кажам дека те сакам, и ти благодарам што не ти е потребно тоа од мене. Мислам дека само ти ја сфаќаш мојата искреност, кога ти кажувам дека во моментов се чувствувам како да треба да бирам, без да се налутиш. Да бирам, меѓу човекот кој е добар за мене, кој карактерно ги надминува сите мои критериуми и кој ме третира како да сум најважната личнист на светот и некој во кој потенцијално ќе се заљубам, а кој нема да биде ни половина од она што си ти, зашто нели само на такви паѓам. Доволно ти е само да ни е убаво заедно, без оглед што знаеш дека некогаш помислувам на него, без да имаш било какви барања, без да поставуваш прашања и без да размислуваш каде води ова. Сега, сме подобри од било кога, не си се лутиме за глупости, за сѐ наоѓаме разбирање, ништо не премолчуваме и за сѐ разговараме, се грижиме еден за друг, си попуштаме, се разгалуваме и си дозволуваме секој да биде тоа што сака. Додуша, ти секогаш беше таков, само мене ми требаше време да созреам. Ти ми ја даваш слободата која никој друг нема, ти се грижиш за моите исто како да се твое семејство, ти им подготвуваш изненадувања и сакаш да ги усреќиш сите кои мене ми значат, ти трошиш пари само за една моја мала насмевка, тебе човек да ти даде едно прсте, ќе му ја дадеш цела рака. Да кажам дека си посебен, не е доволно. Нека победи разумот овој пат, зашто срцето ми донесе само страдање.
На безвредни идиоти кои ме повредија , за кои сум плачела би им рекла само едно само еден човек бил вреден за чекање сите други сте биле и останале небитни!
Огромна тежина ме гуши, ми се стега грлово и градиве ме болат. Знам дека свесно ме спремаше за вакви моменти, но не бев спремна. Воопшто не бев спремна, а не бев ни свесна колку ќе ми недостасуваш, колку сум се приврзала за тебе. Ми ги окупираш мисливе. Повеќе од 36 часа ни трага ни глас од тебе...... во главава постојано ми се вртат првата прегратка, првиот бакнеж, допирите, воздишките,твоите зборови...... еден момент си велам само да си здрав и жив, останатото не е важно, а веќе следниот те посакувам покрај себе и не' замислувам со макијато, трилече и бескрајни разговори. Пиши ми буква, не сакам збор, една буква сакам, таа ќе ми каже дека си добар..... Ќе се молам за тебе и за сите нас, ми недостасуваш!
Требаше да биде ова убав викенд... Требаше да се будиме заедно и да уживаме неколку дена сами. Требаше и на време да си ги запреме зборовите, пред да си ги кажеме сите тие неубави работи. Требаше денес да се јавиш... Требаше и јас да си ја погазам гордоста... Толку од нас. Кнедла ми стои во грло цел ден, денов ми е никаков без тебе. Те сакам и биди среќен...
Плави, свесно се откажав од идејата за нас. И не ми е сеедно ама и не сум тажна. Сфатив што сфатив, ти битно да си среќен, и ден денес се читаме со погледи а друг никој тоа нема да го знае и дознае. Фала ти за се а ние уште ке се гледаме и комуницираме, ова нема да ми смени ништо да знаеш.
Смачено ми е од тебе и од твоето никакво понашање... Сакаш се без да пружиш ништо за возврат...не може тоа така нене...
Погледни ме, дали гледаш во мене, човек што би дал баш се' само за тебе. Погледни ме, ќе го видиш својот сјај, мојте очи не знаат да лажат знај. Рефрен Жена ко ти што знае да ме љуби, жена ко ти, сакам да ме буди, каде ли беше до сега ти (жена како ти) Жена ко ти, што знае да ме љуби, сакам да ме буди, сакам да ме љуби, жена ко ти, жена ко ти.... Насмевни се, сакам да те гледам среќна, ти ме лечиш како песна не ме оставај сам. Насмевни се, како мелем си за душа сакам секој ден да слушам биди до мене (биди до мене). Рефрен Жена ко ти што знае да ме љуби, жена ко ти, сакам да ме буди, каде ли беше до сега ти (жена како ти) Жена ко ти, што знае да ме љуби, сакам да ме буди, сакам да ме љуби, жена ко ти, жена ко ти....