Те сонував. Толку беше реално. Ми зазвони на врата. Јас брзо се скрив во соба и слушав од малку подотворената врата. Мама те пушти да влезеш. Почна да ме бараш по станот и само што сакаше да влезеш,јас ти ја затворив вратата пред нос. Не те пуштив и ти си отиде без да те видам. Ама гласот тој беше,те слушнав. После 6 години се сетив наа гласот...
Направи некој чекор, дај ми знак, покажи ми дека ти значам барем малку. Дали вреди да се потрудам за да те имам или воопшто да не се трудам бидејќи не си заинтересиран.
Ми влезе во срце баш кога требаше и како што требаше. Ајде те молам остани и не си оди, никогаш. Од животов знам дека нема, другото од тебе зависи....
Таа твојата убава и нежна страна која ретко ја гледам би сакала да потрае повеќе од вообичаено. Би сакала да ми посветуваше внимание повеќе, и да не ме гледаш како мало детенце кое е лудо заљубено во тебе. Барем за минута да почувствувам љубов од твоја страна, да ми остане таа минута во сеќавање, да знам дека човекот што најмногу сум го сакала ми посветил барем една драгоцена минута. Болна е едностраната љубов, особено ако тој те гледа во очи и ти вели дека не е заљубен во тебе
Помина пола година откако последен пат те видов. Ќе те излажам дека те заборавив, ќе претерам ако кажам дека не ме боли, но сигурна сум дека ми е подобро. Во изминативе месеци го извадив сељакот од мене, се пропив, истрошив пари на облека ама научив да бидам ти. Да бидам друга што никому не му се допаѓа, најмалку мене, но така се изолирав од сите можни емоции и заклучоци затоа што порано или подоцна луѓето се говеда. Исти како тебе. Грда ти е женската. Не, не е курва туку е грда онака баш грда. Ама ти ја сакаш и тоа е доволно да сфатам дека што и да се случи во иднина, едно нешто е сигурно - морам да се пронајдам повторно себеси. А ти можеш да се ебеш, онака масовно на цело Скопје. Сакаш буквално, сакаш метафорично.
Секогаш! Ама си ќутам, оти ќе ми речеш се занесувам И вечерва ми фалиш до мене. Да се подразбудам и видам си се свртел со грб, па со сета сила да те гушнам и да се залепам до тебе, да не можеш да спиеш од жешко
Шекши! Миљо! Пуфе! те ѕадевам јац а миљо?! Обожавам да те задевам да досаѓам Хихихихх... гуденце тоа доди бацам
Ќе ти дојдам. Ќе се гушкаме, Ќе се гњавиме, Ќе се мазиме, Ќе се бакнуваме и милуваме. Ќе се сакаме засекогаш
Прочитав негде низ темиве.. Менувам години живот за еден чај со тебе. И се сетив на тебе. Одамна не бев. Минаа и години. Не знам ни како си. Ни каде си. Ништо не знам. Не сакам да те сретнам. Неможам да дадам ни ден од мојот живот за чај со тебе. А делот во срцето за тебе,си стои. Мислата за чајот ме потсети.
Не си веќе она што беше,згрешив јас,згреши ти,згрешивме и двајцата,еден ден можеби судбината ке не спои,а можеби и не.Но секако јас ке ти посакам да ја имаш целата среќа од светот,целото здравје,и целиот живот да имаш насмевка на лицето.
И по тебе ми остана само она чувство на вишок, на терет, на сметање, на одземање време, на мака и како, ај те молам кажи како да ги послушам сите овие што велат: „зборувај...исфрли се од себе те молам, јави се во секое време... те молам“ е ај кажи како да го сторам тоа без овие печати што ми останаа по тебе....
Го отвараш своето срце иако знаеш дека еден ден може да биде скршено и во отварањето на срцето доживуваш љубов и задоволство кое никогаш не си помислил дека е можно.Сваќаш дека ранливоста е единствен начин да на своето срце му овозможиш да почувствува вистински притисок кој е толку стварен да те плаши. Пронаоѓаш сила во знаење дека имаш вистински пријател и веројатно сродна душа која ќе ти остане верна до крајот на животот. Животот ти изгледа потполно различен,возбуден и вреден за живеење.Твојата единствена надеж и сигурност е во верување дека они се дел од твојот живот..
Среќен роденден, злато мое, секогаш да си ми таков забеган, весел и насмеан Сите желби да ти се исполнат и дај Боже да бидам засекогаш покрај тебе и да ги исполнуваме заедно ..Многу ми е жал што не сме заедно на овој ден, но ти ветувам дека ќе го прославиме роденденов на најдобар начин кога ќе се видиме Те сакам со цело срце !!!
Ти благодарам за се од Некогаш си мислам дали те сонувам цело време јас толку добар дечко не би можела да имам, ама знам дека си реален, дека не сонувам јас. И ти благодарам за се за сета пружена љубов, внимание и помош Те сакам највеќе на свет