Ги мразам оние спонтани моменти кои потсетуваат на тебе... Ме гушна силно,од позади грб. А : "Убаво од тебе..не ни знаеш кој те гушка,а воопшто не мрдна да видиш кој е." Јас : "А ти,од кај знаеш така свртена со грб дека сум баш јас? Можеби некоја друга гушкаш!" А :" Зарем мислиш дека можам да не те познаам по косата,најубава на цел свет? По парфемот и со затворени очи ќе те познам." Јас :"А јас не морам да те видам,чувствувам дека си ти,те познав по рацете..." Е така,ме врати шест години наназад,а само сакав да си го купам парфемот кој некогаш го користев...
Пробај да те болам исто како што ме болиш ти, а ништо не можеш да промениш.... И денес сме само спомени...
Не.... по милионити пат покажано, по билионити пат докажано, не, не си ти вреден за јас да ја променувам за себе перцепцијата... не, не си ти вреден за после тебе да не мислам дека не заслужувам се... и не, не си ти вреден за да ја дефинираш мојата сила, моите соништа, моите идеали... не....
Ќе трчаш еден ден ти по мене.. Ете така да си знаеш. А тој инаетот и гордоста на глава има да ти излезат!
Кога знам дека не доаѓаш ти, однапред ми е уништена вечерта. Џабе се шминкам, не можам да изгледам убаво, во бестрага нека иде се`!!! Нека помине викендов, од понеделник да те гушкам пак!
И така изминаа години, а ко да беа вчера глупостите. Кога и по други места да одев ти по мене одеше, ама камо да беше вчера и никогаш да не завршеше. Еднаш човек љуби вистински, втор пат само сака.
Не сакам ништо да ти кажам. Не сакам ни тебе да те слушам. Ти си веќе во друга динензија,таму јас ни како мува не сакам да прелетам.
Знам што се обидуваш.. Начека добра прилика да позборуваш со мене,да дознаеш каде работам,со кого се дружам..Демек музиката многу гласна па мораш на уво да шепкаш.Не каниш кај тебе.Па уште и колку би било убаво комшии да сме,секој ден заедно кафе би пиеле. Признавам дека малку ме вознемирува твојата појава,ама те игнорирам. Се правам дека не сфаќам што се обидуваш. Само подалеку од мене неволјо.
И после две години сеуште му се лутам за ситница. Па ако го сретнам не знам можеби ќе останам без здив...
Денеска сватив колку животот може да биде непредвидлив... И за миг ми пролета мисла за тебе за нас...За миг заборавив на целата лутина,сакав да те побарам...во тој момент ти ми беше единствената желба....
Zoshto mi go zema brojot ako ne mislese da se javis? Zosto me izgushka ako ti e seedno? Ne ti lichi bre, nemas 20 godini.