Смачено ми е од твоите лутења за ништо, кога најмалку очекувам ти ќе се намуртиш и после имаш храброст да кажеш дека јас сум намуртената...Смачено ми е од глупавите закани и од уште поглупавите лишувања од твоето присуство само затоа што многу добро знаеш колку те сакам и колку сакам да поминувам време со тебе. Смачено ми е од плачењето по тебе и од тоа што правиш да се чувствувам толку несакано и неважно.. Смачено ми е од твоите глупави изговори и ставање на се друго пред мене. Смачено ми е едноставно од тебе, и тоа многу...ептен многу. А најмногу од се, смачено ми е да молам за внимание, за средби и за малку романтика. Доволно си возрасен за да знаеш дека девојката треба да ја цениш и да ја направиш свој приоритет. Твоево на ништо не личи. И за крај, смачено ми е што кога гледаш дека толку многу се трудам околу нешто, и тоа нешто за кое ти си инсистирал да го направам такво... ме демотивираш премногу. Наместо да ми бидеш поддршка, ти си ми најголем демотиватор на свет. До вчера ајде ајде, сега почнав да го правам тоа што го сакаш и ти сега ми викаш дека не е добро тоа. Молам?!?!?! До каде со ваквото однесување? Смачено ми е од твојот лош карактер и смачено ми е од ваква врска... Сакам дечко што ќе ми посветува внимание без постојано да го потсетувам дека постојам, сакам дечко што ќе се бори за мене, што ќе инсистира да ме гледа и слуша редовно и што нема да ме навредува, понижува и игнорира. Мислев дека сакам со тебе по секоја цена.... Ама стварно почнувам да сакам нешто сосем друго од ова...
Да можам да го вратам времето, денес би биле заедно Инаетот нема да постои Би продолжиле таму кај што застанавме....
Знаеш ли дека пак почнав да те гледам и замислувам во другите? Се плашам да излезам надвор од овој мој свет...
По нашето раскинување често размислував што ќе се случи ако случајно се видиме, што би почуствувале во тој момент, што би си кажале...По три години во петокот кога најмалку очекував те видов, погледите случајно ни се сретнаа. Ти беше изненаден, збунет и не знаеше како да реагираш. За рака држеше некоја девојка само се одминавме не си рековме ниту здраво знам дека не ја сакаш добро те познавам. Дали тој ден размислуваше за мене додека седеше со неа? Дали се сети како те сакав, чував,на нашите планови, бев тука за тебе кога ти беше најтешко. Ми вети вечна љубов, а ме остави кога најмногу ми требаше.
Ако сето она кое ни се случи, беше потребно за да не донесе до ова ниво на блискост, не се каам. Деновиве, кога сум под толкав стрес, само ти знаеш да ме смириш, де со зборови, де со прегратка, ама знаеш, доволно ми е само да си до мене. Пред некое време, ќе одберев некој со кого ми е забавно, кој ќе ме импресионира со своето знаење, некој кој е опуштен и животот го сфаќа како шега...и ќе испуштев сѐ што имам со тебе. Никогаш не сум мислела дека некој ќе ме чува на таков начин. Ти благодарам што ме сакаш, што се грижиш за мене, ми посветуваш внимание и ми ги разведруваш деновите. Фала му на Бога што си мој.
Секогаш си ми бил потребен да те гушнам и да останам во твоите прегратки. Да застане времето и да бидам со тебе засекогаш. Ама не памтам некогаш да си ми требал како денес
Смртно ме преплаши сеуште неможам да се совземам, чуствувам некој немир во себе. Те чекав рече веднаш ќе дојдеш само да извртеш колата. Те чекав, се вртев натаму наваму бев до паркинг да видам дали си таму и никаде не беше. Милион работи ми поминаа во главата да не си се судрил некаде, да не ти се случило нешто лошо, а ти со некој колега си се муабетел, а јас во тие 20 пеколни минути едвај преживев и на крај ми се смееш. Сеуште срцето брзо ми чука и ми се тресат нозете... Доста беа стресови овој ден.
Самата не знам што сакам и што ме задоволува, и не знам зошто од тебе очекувам и барам да ме разбереш... Среќни ли сме ... ?
Сакам да го осетам мирисот твој , да ја осетам таа сатенска кожа , тие плави очи да се секогаш вперени кон мене , сакам сите мои фантазии да ги остварам со тебе ... Ајде дојди ! Јас и ти во пар ? Како Бони и Клајд
Немам зборови. Ми требаш, но те нема. Те посакувам, а ти молчиш. Ми требаш повторно, и пак те нема. Се обидувам и повторно те посакувам, а ти пак молчиш. Ми требаш, но сеедно ми е што те нема. Те посакувам, но сеедно е што молчиш. И се така додека не станам мраз...