И таман мислев самотија ме обви и ете не ми треба никој, ништо, подмолно навлезе во болката , во солзите... и почна да го смируваш трепетот на телово, и почна да го слушаш гласот кој се губи во задрушен плач. и почна да ме потсетуваш дека се заборавив себе, и почна да ми ги читаш мислите , борејќи се да ме потсетиш која сум, и почна...ете трпеливо почна да ме потсетуваш на соништата, и да ми покажуваш некои други дефиниции љубовни а таман мислев не ми треба никој, не ми треба ништо...........
Добро дали е можно секогаш кога нешто важно се случува,јас да не сум тука? Пак пропуштам нешто убаво,аман!!! Како од некаде да знаат кога не сум тука,па сите дешавки да ги планираат
Боже чувај ја од зло,таа лименка душа ми милува,рани на усните но не се од тебе,среќна ли си ти,излажи ме,лошо ти стои,љубена.
Да се одкажам ли или повторно да проголтам се и да се борам за нас...ама вреди ли да почнам одново се вреди ли?????
По долго време вчера ја отворив кутијата во која ги чувам сите работи што ми ги поклони, а меѓу нив се и шестте страни на А4 формат кои ти ми ги напиша во почетните месеци од нашата врска. Се сеќаваш ли кога се двоумеше дали да студираш во странство, а јас не го знаев твојот одговор до самиот крај. Одговорот ти ми го напиша на тие шест страни. Хипотетички ми напиша како си раскинал со мене, ми напиша како би изгледал твојот живот во странство без мене, а доколку за пет години се вратиш во МК и случајно ме сретнеш ќе си сфатил каква грешката си направил, ќе си посакал да ги бакнеш моите очи што имаше обичај да ги бакнуваш кога ќе се видевме, ќе си посакал да ја гушнеш мојата тенка половина што многу пати беше кршлива под твоите раце, а најважно од се ќе си запрашал дали човек може два пати да се заљуби во една иста личност. Иако кратко се знаевме ти знаеше дека сум поинаква и поради мене не замина во странство но, по неколку години ти ми раскина и си замина од мојот живот.....Ние не се сретнавме после пет години, туку после три, а дали кога ме виде го помисли ова што ми го напиша? Дали сфати каде згреши? Дали мислиш на мене? Дали повторно се заљуби во мене? Ти ми должиш одговори на овие прашања. Бескрајно ми фалиш и премногу солзи потрошив на тебе. До следното наше случајно видување, а до тогаш ќе се обидам да ги блокирам моите чувства. М
Денес незнам колку пати ти честитав роденден, па и тука ќе ти честитам. Среќен роденден сонце мое сите желби да ти станат реалност и уште мнооогу години да си го славеме заедно Знаеш откако те запознав животот ми го смени за 360 степени. Мојот живот почна да има смисол. Знаеш за утре ти држам среќичка..
Знаеш, проблемот со мене е што не знам да изиграм тактички, кога нешто силно чувствувам сакам да го вреснам на сиот глас, оти мислам дека ќе полудам ако го чувам во себе си. Избрзав и со неумешни зборови ти кажав што чувствувам. Можеби ме сфати, а можеби и не, ме буни твоето однесување како ништо да не се случило. Ти си истата, секогаш насмеана, со тој поглед што секогаш сакам да го фатам бар за миг верувајќи дека е за мене. Најголемиот дел од времето одам на факултет само за да те видам, да разменам два-три збора со тебе, зборувам неуморно, најчесто глупости, само за да те гледам како се смееш. Возбудава и пеперуткиве ме потсетуваат на основно, седмо накај осмо можеби. Од друга страна, ме скрши тоа што ми го кажа, и просто не ми се верува дека е така, не се тешам, но се' си мислам дека со тоа што го правиш се лажеш самата себе... Има некој немир во мене.. но длабоко во себе чувствувам дека има нешто меѓу нас, што ни двете не сакаме да го признаеме на глас. Секогаш кога сум останала на само со тебе, само сум сакала да се изгубам во твојата прегратка, да ти легнам на гради и да не говорам ништо. Не сакам ни да те бакнам, зошто не сакам да те повредам на никаков начин. Времето минува во неизвесност, и не знам до кога ќе издржам вака.
Истата близина...Истите пораки...Истиот ти...Леле луѓе што напраивме? Погрешно е ова. Јас сум крива, и јас мора да пресечам...ама како? Никогаш нема да те избркам од мене. Никогаш не можам да те игнорирам. Треба за добро на сите да те игнорирам и да се правам дека не постоиш, ама немам сила. Ме разбуди твоја порака и цел ден комуницираме...Ко порано... Кнедла имам. Неописливо чувство имам. Од една страна сакам кога помислуваш на мене, од друга страна не сакам. Не смееш да мислиш на мене...Бори се сам ко јас што се борам, а не да ми пишуваш. Треба да учам, а немам концентрација. Што ми правиш вака? Ова не е здраво. Нека ми го земе некој телефонот и нека ми го исфрли.
Благодарна сум ти што ме разбираш и прифаќаш со сите мои недостатоци. Ти си еден од ретките што не го смени мислењето за мене откако ти кажав што сум претрпела, ама знам дека и тебе не ти било лесно, затоа разбираш. Знаеш како ми било, си почувствувал и на своја кожа, а се плашев дека ќе ме отфрлиш. Повредените најмногу разбираат, најискрено знаат да подржат, од тебе го дознав тоа. Нема да се откажам од ништо, колку да ме потценуваат, ти ветувам.
Заслужуваш да те мразам. Ама како да го мразам некој кој една деценија ми течи низ вените? Како да мразам некој кој иако ме повредил како никој друг срцево нејќе да го исфрли и заборави? Немоќна сум...сакам да те мразам,да и тоа го заслужуваш... Ама како да те мразам? Ќе те заклучам пак на дното на срцево и таму и ќе останеш,таму ќе бидеш до наредната средба,ќе се сретниме пак и пак ќе завртиме грб,и пак некаде ќе ја слушнам песната што ми ја пееше и ми ја посвети,уствари веќе ја слушнав пред неколку денови и веднаш се вознемирив... Не ми се појавувај пред очи,слаба сум на тебе,сеуште се лечам,сеуште ми крвари телото и срцето,сеуште те замислувам и барам во секој што беше после тебе,а се плашам,уствари знам дека и за секој нареден ќе биде исто...