Не можам да те сфатам, да те одгатнам мистеријо.. а тоа уште толку повеќе ме излудува. Немам сретнато досега некој како тебе.. ама ни ти како мене. Let the games begin.
Би ти дала шанса... Чудно како овој пат не сум испунета со страв него со желба да почнам нешто ново. Чудно за мене ова. Ама би ти дала шанса
Веќе долго време ме нема, ниту се имам појавено пред тебе, ниту ти имам пишано, ниту ти имам пратено поздрав.. Сигурно и ти, како и сите други мислиш дека веќе ми е сеедно и баш ми е мило што успевам да изглумам дека веќе не си ми битен. Ама сеуште живееш во моето срце, сеуште треперам кога некој ќе го спомне твоето име, сеуште ги гледам сите слики пред спиење и длабоко воздивнувам задржувајќи ги во себе солзите.. Веќе доволно ги имам пролеано. Те сакам идиоту, те сакам назад..
Од преска се мислам што да направам и на крај одлучив. Ти давам шанса уште 24 часа. Не направиш ли нешто во тие 24 часа, тогаш ја се откажувам.
Тогаш 25ти септември. Вчера 25ти мај. Тогаш се запознавме. Вчера се врати. Помина година и пол. Чувствата не поминаа. Се е исто кај мене. Исти емоции се разбудија кога ми кажаа дека си дошол. Исто треперев како и тогаш кога требаше да се видиме. И приказната ќе биде иста. Ќе излеземе и пиеме, ќе зборуваме за се и сешто. Сонцето ќе ни каже дека е време да се разделиме. Ќе ме однесеш дома за среќна да заспијам. Ќе имам изгризани усни како и тогаш. Се додека повторно не одлеташ. Можеби сега заедно ќе одлетаме, а можеби ќе останам да те чекам и да бидам среќна на кратко...и така доживотно.
Јас и ти прегрнати а во позадина го слушаме дождот како тропа на стреите. Уште еднаш треба да се разделиме, велат блиску сме мала километража е не е страшно но мене ми изгледа како јас да сум на едниот а ти на другиот крај од светот. Те гушкам и без никаков повод срцето ми се растреперува, а солзите се веќе на очите. Вилицата ми се вкочанува од претискање да не заплачам, но неуспешно солзите веќе се тркалат, а ти ме гушкаш уште посилно велејќи дека ќе успееме во нашите планови. Ете сакам да ти кажам да не ми замеруваш кога се расплачувам за мали ситници, за секоја разделба која ме крши на милион парчиња. Ти си несреќен кога ме гледаш со солзи во очите и затоа секогаш се воздржувам од плачење пред тебе, но ете некогаш е неиздржливо недостигањето. Ти си најпрекрасниот дечко кој секогаш се грижи за мене и ми го дава најдобронамерните совети за мене. Те сакам најмногу
Денес сватив дека после толку време веќе не очекувам и не се надевам на твој повик или порака.... Се сепнав , можно ли е вака да изгледа заборавот, можно ли е тебе да те заборавам....Можно ли е сите чувства да избледат....ех синоок мој.....