Не си свесен колку ме израдува со тие зборови преска, и ти верувам. Ти дадов неќна 24 часа и ти ги искористи максимално, браво така треба. Се надевам дека во иднина се ќе биде многу подобро. На моменти ме нервираш со тие твои зборови и со тоа твое понашање, но само со еден поглед ме смириш.
Никогаш не вели никогаш кога сме во прашање „ние“. И кога нема шанси, за нас има. Судбината гадно си игра со нас. И со сите околу нас. Страдаат и други поради нас. Но, најмногу јас. Ставена меѓу две љубови кои се невозможни. Тапкам во место додека те чекам да ме оживееш. Да почувствувам љубов, страст, желба... Да гориме во себе додека изгледаме ладни како лед. Да се изгубиме тајно во ноќта за да уживаме еден во друг. Да ми оствари сонот. Да видам дека се што искрено ќе посакаш ќе ти се оствари. И да внимавам што посакувам. Всушност, не посакувам веќе ништо. Те имам тебе пак. Доволно ми е.
И во моментите кога чуствувам дека не можам, дека немам повеќе сили, помислувам на тебе. Помислувам на тоа колку се радуваш на моите успеси, и повеќе од мене. Можеби во тој поглед сум "поуспешна" од тебе, ама ниеднаш не ти засметало тоа. А и ако мене ме прашуваш ти ги заслужуваш сите титули, знаеш кога точно што да му кажеш на некој и да му бидеш ветар во грб. Титулата човек е најбитна. Ми веруваш, ти си се што моите не беа, Бог те прати оти знаеше дека ми е потребна љубов и потпора. И како да не те сакам?
Душо ајде да одиме некаде некаде да одмориме малку од местово, од луѓето... Да заебеме и работа и факс, барем на 10 дена. Да можеме на раат да си се погушкаме да се помуабетиме.
Затрупана сум во работа и иако си во иста куќа со мене, ми недостасуваш. Се чувствувам како со денови да не се гледаме. И едвај чекам да се стемни, да легнеме еден до друг и да те опсипувам со љубовни изјави. Да те почувствувам до мене, да те изгушкам, да те изгњавам и да заспијам на твоето рамо. Не знам колку пати да ти кажам дека те сакам за да сметам дека е доволно. Како премногу љубов да се натрупала во мене, па секоја втора реченица ми е "те сакам" и пак не успевам да ја исполнам квотата. Се плашам да не остане нешто недоискажано. Те сакам бескрајно. Пресреќна сум што судбината не' спои, што се најдовме и што животот го поминуваме заедно. Ти си мојата поддршка, мојата сила и мотивација, најдобар другар, соговорник, слушател и љубовник. Ти си ми се'.
Поминаа толку месеци без тебе и убаво ми беше. Зошто пак почнав да мислам на тебе? Зоштооо? I don't know what I'm supposed to do, haunted by the ghost of you