Да ме прашаа пред неколку недели што чувствувам за тебе без сомневање ќе речев љубов, страст, силни емоции. Да ме прашат денес што чувствувам за тебе немаше да знаам да одговарам. Оладив кон тебе, се измешаа чувствата, посебно по извисувањето неколку пати во ден. После не возвраќањето на моето те сакам. Браво, на добар пат си да ме изгубиш. Одјеби.
Морам да те пуштам да си одиш. Не сакам да те вовлечам во безднава во која се наоѓам јас, морам да те спасам од мене и од мојот емоционален хаос. Посакувам да знаев што чувствувам ама не е возможно после се низ што поминав. Ми напиша мисли ме понекогаш, сакам да знаеш дека ќе те мислам секогаш и ќе се обидам да го средам хаосов.....ти мислиш дека ќе продолжам понатаму, но нема да е така....не те оставам....само сакам психички да созреам и да сфатам што сакам. Јас ќе те чекам заедно со чоколадава што ми ја даде за збогување не ја јадам без тебе. Дотогаш чувај се и не заборавај- се ова го правам за да не те повредам, знам дека ќе ме сфатиш еден ден душо моја...фала ти за се
Какви недостатоци имав па не ти бев доволна и достојна за тебе....Кому згрешив за да не заслужам љубов... Не може така нене.... Секој заслужува да биде сакан,не се лутам на тоа што не ме сакаш се лутам затоа што не ме пушташ да си пронајдам среќа со друг....се надевам овој пат ќе ме оставиш засекогаш... Толку сум заслужила
Да можам да го задржам секој момент со тебе би дала се на светот. Една минута со тебе да трае вечност. Да ја имам твојата прегратка, твоите усни секогаш кога ќе посакам. Да не треба да чекам за да ги добијам. Душо верувам дека на овој копнеж еден ден само ќе се сеќаваме, а тој ден ќе биде кога ќе сме секогаш заедно. Те сакам бескрајно.
Многу си ми мил, се би сторила за тебе.. Само да си во моите прегратки, да не те делам со никоја друга. Би прифатила секаков начин на живот, само да сум до тебе постојано. Постојано да ги гледам тие твои преубави очи, и да се топам во твојата прегратка. Ех, да беше сега тука до мене, би те милувала со часови. Кога сум со тебе сум најјсреќната личност на светот. Те сакам премногу
И 5 пати во 3 години ракот гостин на мојата трпеза седеше... И 505 пати се запрашав како сега... И 50005 лекови пробав... И никогаш не проколнав оти тоа ми се случило, зошто мене .... Ама зошто ти ми се случи во животот ,е тоа не знам.... Зошто 5 пати во 3 години немав убав миг, нити 5 насмевки... Зошто 505 пати ми кажа бегај не те сакам, зошто 50005 начини смисли за даме дрградираш и омаловажиш... Е зошто таа казна мене ме снајде , ете тоа јас не можам да го простам... А друго се... ќе помине и се ќе победам и се ќе се заборави.... ама зошто ти??? зошто ти го надмудри мојот ангел чувар и животот во пекол ми го претвори, зошто..... ќе трае ова прашање знам...............................................
Ахам.. А уште газиња да дојдеше да си повежбаше со мене? Гледам цело време каде одам јас ти по мене немаше потреба да ја слекуваш маицата пред мене, за да се пофалиш колку си развиен убав си кисс
Одмори срце малку. Ти се молам одмори се. Исклучи го барем пола ден телефонот, и одмори се од обврските. Те видов преска тажно ме гледаш, знам дека работиш премногу за иднината, но со тоа само си го уништуваш здравјето. Стануваш во 04:30 и си легнуваш во 00:00, секогаш си со малку спиење. Цел ден си на патиштата. На жешко 40 степена, на ладно на -10 ти цело време работиш. Жал ми е за тебе, премногу ми е жал. Ти велам одмори се, но ти ми викаш дека со одмарање не се печалеле пари. Злато бе, џабе парите ако не си здрав. Со парите може нешто ситно да купеме, но среќата, здравјето, љубовта тие немаат цена.
Колку и да те сакам мислам дека еден ден ќе морам да те напуштам да бидеш сам и да одлучиш во животот што ќе правиш и дали ќе продолжиш животот некој друг да ти го прави и планира. Ми се смачи од се од сите трудења за да разбереш. Направив се да ти докажам дека те сакам и ти исто.Али кога некој друг ти го планира животот јас неможам повеќе да се борам и да се мешам.Ќе те оставам сам во тој живот што го живеш ти посакувам еден ден очињата тие убави да ги отвориш и да разбереш. Правиш се за нас да имаме подобра иднина тоа ме прави многу среќна и горда сум на тебе,али сето тоа што се случува и со луѓето од страна што се прават помеѓу нас тоа ме прави многу тажна и ме отрга од тебе т.с они ме отргат би сакала да го вратам времето и да сменев многу работи или пак да не те запознаев воопшто. Жал ми е за се и може еден ден ќе се каам,али таков е животот суров,болен и тажен.
Ти си моето чудо! Се појави баш така, кога ниту планирав, ниту очекував нешто вакво. Јас сум чуден човек, јас не знам дали и колку те сакам. Јас никогаш не успеав да дефинирам што точно значи љубов за мене. Јас те гледам со воодушевување, потребен си ми за да дишам и да те држам за рака. Јас за прв пат до тебе имам можност да се почувствувам слаба, немоќна, затоа што не го носам товарот само на мој грб. Ти си тој што толку се грижи за мене што немам повеќе потреба да се правам силна. Само знам дека многу ми требаш.
Пак доаѓа време кога ќе ме побараш. Знам дека ќе ме побараш. Порака во твој стил...и пак ќе сум твоја. И пак ќе сум среќна. А најтешко ни е нам кои среќата ја доживуваме во пар.
Те мислам Секогаш кога одиш, тие 7 дена сум на штрек. Се надевам дека ќе биде се во ред како и порано. Те сакам..
Некогаш.. паѓам за момент. Ти ми се чиниш недостижно далеку.. Некогаш за секунда кревам раце и се предавам.. и велам не можам повеќе... претешко ми е... Некогаш ми недостига верба.... И таму си ти.. стоиш цврсто и ме чекаш со подадена рака... и само ќе ми се насмееш а јас станувам и тргнувам пак, одново. Но јас... јас се сопкам на секое камче... и никако да стигнам до тебе... никако конечно да ти ја дофатам раката...
Ми недостасуваш многу, ми се гушкаш, со нетрпение чекам да дојдеш утре, да се видиме и бидеме заедно, овој месец конечно после толку време ќе завршат нашите гледања за кратко и испраќања, нема да си бидеме веќе на далечина, колку сум среќна што успешно го надминавме тој период и дочекавме пак да си бидеме блиску, нема зборови кои ја опишуваат мојата возбуда и радост Среќа си ми