Чиста психологија е тоа верувај Само така владеат со јаките жени Оти си мислат тоа се мажи И јас психички уште се собирам верувај И затоа пишувам за да се најдеме ние една со друга За да знаеме дека не сме сами И дека ние секако победуваме А тие остануваат со својата квази машкост Поздрав
И сега што ќе се случи? Ќе ме видиш на фб,или веќе ме виде? Сигурна сум дека ќе ме видиш,означена сум кај твој пријател..... Ќе ти признаам,еве поминаа 2 дена откако се стави сликата,а јас се фатив како барам дали има лајк од тебе
Те мразам зошто секогаш го правиш ова. Те мразам зошто никогаш не успевам да си ја ставам гордоста пред тебе. Те мразам зошто знаејќи дека душава ме боли, се смееш и уживаш. Те мразам зошто знам дека јас сум таа што те бара после секоја кавга. Те мразам зошто никогаш не признаваш дека си крив. Те мразам зошто знам дека и после ова јас ќе те побарам. Те мразам зошто ме претвори во слаба, немоќна девојка... Те мразам зошто мислев дека сум силна. Те мразам зошто некој толку небитен за светот има моќ да ми го разубави и расипе целиот живот. Те мразам зошто ме правиш виновна што се чувствувам лошо. Те мразам зошто правиш да изгледа како да сум го заслужила тоа. А најмногу од се, те мразам зошто толку многу те сакам...
Станувај! Доста спиеш бебе мое! Жал ми е да те будам. Којзнае какво си сега, пикнато под тенко јорганче. Со очите затворенки...
Чии очи се потемни, моите или твоите ? Твоите се црни како небо без ѕвездички, но толку топли и мили. Го сакам твојот остар поглед. Ги сакам твоите полни усни, но највеќе ја сакам твојата совршена насмевка која ми ја храни душата со љубов.
Уште пишувам за тебе ама веќе не се надевам за нас двајцата, цврсто решив да не се навраќам на минатото... И болка си ми, и борба е секој ден за да те исфрлам од себе ама знам дека ќе успеам и се радувам за денот кога тоа ќе се случи...
Ме потсетуваш на книгата "Ask and it is given"... мојот Универзум си ти. Само што тебе не те интересира дали желбите ми се чисти, искрени, дали ги посакувам со цело срце. На секоја моја молба, одговараш со "важи". И не поминува ден без да се запрашам со што те заслужив.
Ми фалиш. Не знам зошто ама ми фалиш. Боли што те нема. Боли се. И не сакам да е вака. Ако пак ќе сме заедно, ако пак ќе се будам до тебе среќна, сега не сакам да е вака. Врати се...
Немам сила повеќе да те правдам и пред самата себе и пред светот. Мојата преголема толеранција, а твојата преголема гордост доведе до ова. Се изморив упорно да се бркаме, а никако да се стигнеме. Издржав колку што можев, ама овојпат мислам дека е доста. Толку многу ветувања не исполни, па зошто мислев дека ќе го исполниш и она наше "засекогаш"? Не очекував, но се надевав...Кога ќе засакаш некоја колку што јас те сакам тебе, ќе сфатиш како е... И не те мразам тебе, се мразам самата себе затоа што знам дека ти си единствениот кој некогаш ќе го сакам..Толку од мене, доволно беше