Не ми се верува дека сеуште кога си шетам по скопскиве улици уште се вртам по коли налик на твојата. Главата се буни, но срцето упорно. Па и регистрации пратам дури. Поминаа месеци, што по ѓаволите се случува со мене??? Очекувам да те видам, насмеан и среќен како бакнуваш друга додека чекате на семафор. А тебе те нема Јас важно надеж не губам. Кога тогаш ќе се судриме
Цела ноќ би те гледала. Одново би откривала која е нијансата на тие твои очи, би се дивела на твојата насмевка,би се топела од твојот глас. Би ти останала во прегратка до мугри, само тие твои раце околу мојот струк совршено одговараат! И само оној ист муабет би го правеле пак, додека со бакнежи не го запреме.. Цела ноќ. Секоја нова ноќ. Еххх, кога би можеле!!!
Твојата прегратка е баш онаква каква што ми треба, мирна и спокојна Но јас не сум за тебе... и ти не си за мене..
Кога едно зло си оди доаѓа ново.....барем кај мене. При шанса за совршена врска јас пак во невозможното. .....Виќенди...денови...ноќи заедно....јас и ти....совршени во ноќта....Но што е со реалноста ммм? Што е со утрава како ова....еден куп прашања а ниту еден одговор...
Ме излажа затоа што сакаше да патам како што ти си пател? Те молам, не биди смешен. Јас сум личност која дава шанси на сите, па тебе ова ти е последна, гледај искористи ја добро. Само се чудам на самата себе, како после СЕ, јас тебе уште те сакам, ни грам не ми се намалила љубовта. Сигурно сум изрод.