Со тебе сè изгледа полесно. Немирот ми го претвораш во спокој, стравот во надеж, а нерасположението во насмевка. Дневна доза позитива си ми. Имам лоши денови кога светла точка ми е тоа што знам на крајот ќе те видам, а со тоа ќе исчезне секоја негативна мисла и енергија од моево тело и душа. Со таква мисла успевам да го поминам секој лош ден.
Да знаев дека некои моменти поминати со тебе никогаш повеќе нема да се повторат, ќе уживав многу повеќе во нив.
Деновиве некако имам огромна причина да ти речам ИЗВИНИ ИЗВИНИ што мислев дека си љубов ти ИЗВИНИ што долго гледав во тебе ИЗВИНИ што не гледав дела и нне слушав зборови, туку меѓу редови читав ИЗВИНИ што заборавив дека љубов е споделување споделување време и споелување соништа и споделување утринско кафе и крадење прегратки , бакежи и доцни повици во ноќта и стискање за рака и сокриени солзи и споделени тајни и предолги разговори ИЗВИНИ што заборавив дека љубовта е страв , страв да не прекине и љубомора и поседување и слабост и признавање ИЗВИНИ, ете те моолам ИЗВИНИ што предолго љубов гледав во тебе, а таа пустата други дефиниции имала... Затоа деновиве некако имам потреба да ти се извинам....
Чекај ме срце, биди тука кога ќе се вратам. Ќе ми фалиш многу, ама нема да сум тажна зошто знам дека кога ќе си дојдам ти ќе бидеш тука. Можеби добро ќе ми дојдат овие 15 дена за психички да се смирам, да прочитам некоја добра книга, да уживам малце повеќе, едноставно да се одморам од се и од сите.. и со ладна глава да размислам за мојот живот.. Кога ќе се вратам да бидам посмирена и подобра и со тебе, и со сите, но и со самата себе. Чекај ме и немој да си направил нешто што знаеш дека не би ми се допаѓало или би ме повредило. Едвај чекам да си го поминам роденденот со тебе кога ќе дојдам и да поуживаме сами неколку дена кај тебе. Те сакам бебенце!
Многу ми е никакво кога знам дека немам моќ да влијаам некако за да го сменам текот на нештата кои те онерасположуваат.
Те сакам. Те сакам повеќе од што се сакам себеси..а ти го знаеш тоа и правиш секој ден да се чувстувам се посилно и поубаво. Ти си мојот лек, моето добро утро и добра ноќ. Ти си тој што ме прифати со сите мои маани и доблести и никогаш не посака да се сменам. Не се менувај ни ти. Ти благодарам што си дел од мојот живот, што си дел од мене и се надевам ќе остане така засекогаш.
Ништо не е исто после тебе. Никој не може она што можеш ти. Никогаш нема да бидам јас истата што бев порано. Ми ги крена стандардите до небо. И мене ме качи на облаци. После тебе или ќе останам сама или ќе го повредам секој нареден. Од две зла, помалото...?
Јави ми се кога ќе ја надминеш "hoe" фазата во која се наоѓаш. ..Вака си ми малку ко за жалење ама ти си знаеш...јас веќе не се трудам во врска со тебе...Кога подобро ќе размислам ти само таква и заслужуваш ..
Ти правиш да бидам силна,твојот ентузијазам твојата борбеност , издржливост посветеност ме прават среќна и горда што имам сопруг како тебе. Ме боли глава, а ти ми велиш "срцево ми се кине кога не ти е добро,мене нека ме боли , само тебе не!" Колку е прекрасно кога знаеш дека на некого му значиш,дека некој те става пред себе. Можеби не си совршен,но за мене си најголемата поддршка во животов! Фала ти господе што ме благослови со него.......
Нема веќе далечина, плачење и нервирање да дојде тој еден ден во неделата кога само тогаш се гледавме. Нема недостигање и разочарување бидејќи не си до мене. Не беше лесно ништо ни понатаму нема да виде лесно, таков е животот, но јас се чувствувам сигурно, заштитено и спокојно покрај тебе. И конееееееееееееечно ни се исполнија најголемите желби за да се земиме, пресреќна сум најсреќна, поскреќна никогаш не сум била.
Те сакам премногу. Понекогаш се прашувам дали е можно некој човек толку многу да е заљубен? Се надевам дека е можно, бидејќи јас сум.
Не очекував дека вакво влијание ќе имаш врз мене кога те видов повторно активен на фејсбук. Не ми се верува дека си се преселил. Се осеќам многу чудно, можеше барем да ми кажеш. Знаеше дека сум ти огромна поддршка за тоа што пробуваше да си го оствариш сонот и мило ми е што успеваш. Само посакувам да не завршеа работите така. Во секој случај ти посакувам се најубаво, не сум злопамтило, макар и што ме повреди доста. Се надевам дека си среќен.