Спојлер Најсреќни да сте мила. Се радувам за тебе. Кога те прочитав одма си помислив камо Чадорче да го видеше ова, колку ке беше среќна, нели? Ти посакувам се најубаво [/QUOTE] Душо, уште малку остана. Аааааух колку сум нестрплива Едвај чекам да видам каков сопруг ке бидеш Морее не се сомневам ич, знам дека како до сега, така и од сега ке е, дај Боже Ако не ке си се вратам кај мајка
Понекогаш ја слушам тишината Понекогаш ја молам тишината Понекогаш, за миг, и јас сум тишина што те довикува, тишина што ти зборува
Се впуштам во нешто ризично. Не сакам да ја играм улогата на спасител , психијатар, некој кого ќе можеш да го побараш во секое време за да се ослободиш од демоните кои те мачат. Се обидувам да не вмешувам емоции, ама јас сум човек што дава се, или не дава ништо. Ќе биде тешко. Така си рековме од старт, без очекувања и надежи, ама сепак делче од мене, тлее дека оваа приказна ќе има добар почеток на почетокот. Природно ми се раѓаат пеперуткиве во стомак и се смеам кога ќе ми текне на тебе, затоа што си прекрасен, во секој поглед.
Ќе ти признаам дека се потресив малку кога ти ја видов пред мене службената кола и тоа не еднаш,туку двапати денес го доживеав тоа глупаво чувство. Ми олесна кога видов дека не си ти,туку колегата...
Пробувам да свртам нов лист и да продолжам без тебе, но за жал сеуште, и после се, таа проклета љубов кон тебе ме спречува..
Дали еднаш ќе сфатиш дека не можеш лицата околу тебе да ги ставаш он холд на неодредено време секогаш кога си нешто зафатен? Може кога ќе се вратиш веќе нема да бидат таму..
Ќе те избришам целосно тогаш кога мене ќе ми дојде редот да ти направам се` што ти мене ми направи. Верувај не си одам од светов додека не го дочекам тој момент. А до тогаш седи заборавен таму некаде. Одмаздата ми е најслатка, посебно кога се работи за тебе.
Во овој хаотичен свет полн со вреднување на површни нешта,луѓе без чувства желни за внимание,глумење живот.... Сакав да ти дадам искрена љубов, за прв пат сакав да побегнам од се, да створиме едно мало гнездо во кое ќе најдам спокој, многу ли сакав или едноставно сакав погрешна личност не знам... Само знам дека на крајот пак јас останав повредена