Што е не ме препозна или се шокира ...Тешко ми е да поверувам дека се беше случајност вчера.Уште кога дознав дека се знаеш со другарка ми ке умрев..Мислеше ке ти кажам еј ја сум таа и таа..Ај сега праќај ми стикери кога немаш што друго Колку ке се срамиш за 2 недели хахаха
Секој нареден роденден ми го правиш поубав од претходниот...и колку и да не ми е до славење, како мало дете го чекам твоето изненадување. И секогаш точно знаеш што ќе ме насмее, што ќе ме развесели и успеваш да ми го направиш денот посебен. Од балони, конфети и свирчиња, до куп храна како новогодишно пакетче. Не знам што да кажам, ми доаѓа да те запросам . Душа си ми
Никогаш, ама баш никогаш нити во сонот скриен јас несмеев те сакам да ти шепнам, нити кога ми требаш да ти се јавам. нити пеперутки душава кога ми ја прелетуваа, недостигаш да ти пишам. Никогаш, ама баш никогаш слабост да покажам не смеев, грев беше тоа, грев бе па да те допрам да посакам не смеев, да те бакнам уште помалку. Никогаш, ама баш никогаш како жена да те посакам не смеев, да те имам без срам... И така ладнеев, ладнеев, ладнеев додека на себе не престанав да личам. Па сега кога одново се учам да покажувам чувства ете во мигот кога ги чувствувам, ете баш кога ме преплавуваат без дозвола те мразам уживам кога ти кажувам. Ете уживам кога гласот ми се промени на помислата колку си ме газел, уживам кога телото пот ладна ми го прелие од бес, од се што пресметано си сторил, уживам кога се јавам и ти кажам те мразам, ете со секоја онаа клетка што да те сака не смееше, ете те мразам со секој сон, со секоја солза што капна, со секоја забрана и правило што ги смисли.... те мразам...ете се смирувам кога го речам, оти те потсетува дека уште имам чувства во себе, дека не си убил се, дека не си скаменил се...
На бившата што во мојот живот единствено на неа гледав и ја ценев повеќе од самиот себе и се обидував да што помалку да грешам односно, да биде секогаш среќна и задоволна, а истовремено и јас со тоа, се погазив себе си на крајот, и после толку време пронајдов нова личност. Се плашам да се "пуштам" повторно и да верувам некому како неа. За жал ме уби и го уништи мојот свет. Како и да е нема да ја разочарам оваа личност. ^^
Само сакам засекогаш да останам со тебе обвиена со твојата љубов во мене , да лежам на твоите гради пред да заспијам и наутро будна јас страсно да те разбудам .. Немам душа без тебе едвај чекам да помине ова проклето време . Ми недостигаш премногу и ти си ми се па затоа душо потруди се ,се ке помине и никогаш пак нема да се разделиме .. Те љубам!
И кога ќе паднам илјада пати, ти си илјада првата причина да станам. Секогаш посилна, сега и со поголема волја. Те имам тебе, имам се.
Колку само ми е полесно, знаејќи дека пред тебе не мора да се преправам и да глумам чувства. Не морам да скријам солзи и да лажирам насмевка за да мислиш дека сѐ е во ред. Знам дека сакаш да ме гледаш среќна и насмеана, но и мене ми е многу полесно кога ти кажувам што ме мачи. Тогаш не ми се потребни ниту зборови. Само гушни ме, доволно ми е да знам дека си тука.
Дечко и психолог, реално можно е ? Еден час ми држиш психотерапија по телефон, како цел живот да си го учел тоа, а немаш допир точка и јас секогаш останувам вака Поради тебе ќе бидам старата повторно, и многу подобра, ти ветувам.
Само да може, ете само да може па за миг да се вратам старата јас, онаа што те сакаше, со сила , со самодоверба, со чекање, со страст, со потреба, со соништа, со целибат, со „ти си вреден за се“ Ех........само да може да се врати, да ја нема оваа што ден за ден ја правеше сам Ех.......само да можеш да ја вратиш..............
Се убедував дека не ми фалиш овие 5 дена и се трудев да не те мислам толку, ама самата помисла дека утре ќе те видам прави срцево да ми излета од радост Многу се 5 дена без тебе,премногу!