Знам дека најпаметната одлука што можев да ја донесам вечерва е да си легнам што е можно порано, за да не мислам што правиш, кај си и со кого. И сега не е доцна за тој чекор, ама штом чекав до сега баш да видиме кога ќе си се прибереш. Требаше да си спијам од 9 бе, кога ќе станам веќе се да биде завршено...Ама ете, пуста моја неиздржливост... До 1:30 те чекам, ни минута повеќе, така да си знаеш, иначе скар. И има убаво да ми раскажеш се со ред каде, како, со кого, зошто итн. have fun
Лани дојде случајно. Годинава дојди намерно. Биди ми подарок за роденден. Предвреме добив еден куп поклони. Тебе ќе те чекам до крај ко највреден. Не сакам ова да ми биде тажен роденден и да сум сама во сите тие луѓе. Дојди си на своето... Посреќни сме заедно.
Вчера супер се покажа, морам да те пофалам, иако никогаш не би ти го кажала тоа реално. Ајде уште вечерва да не ме разочараш и од утре не се замарам, цело лето ќе сум мирна како маченце, нема да сум лошка стварно. Значи, од тебе зависи!
Неколку дена не сум пишувала за тебе, не сум ти кажала се што во реалноста никогаш не би се осудила...Имам потреба да пишувам за тебе, а тоа значи дека сеуште не сум те преболела како што се залажувам....ми недостигаш ама не сум несреќна, всушност сваќам дека ти ме правеше несреќна а вака ми е подобро
Видов слично возило каде што обично паркираш. Не знам дали беше ти а и не проверив. Видов дечко сличен на тебе во едно кафуле. Не знам дали беше ти а и не се свртив да проверам. Не знам ниту онаа објава на фб дали беше за мене па можеби и се зачуди што не реагирав никако. Знам дека порано или покасно ќе налетаме еден на друг и посреќна би била ако не проговориме. Ако порано секоја порака беше надеж дека е од тебе сега е спротивно. Не сакам да ми пишуваш ниту да ме бараш. Време е секој да оди на своја страна. Немам негативни емоции за тебе иако на моменти посакувам да жалиш по мене но верувам дека и тоа за брзо ќе ми помине. Време е да се фокусирам на нешта кои се многу побитни за мојата иднина а ти веќе не припаѓаш таму. Ти посакував се најдобро и немаш претстава колку сакав да те направам среќен но не ми дозволи. Повеќе си се лутам на себе си што не си ги исконтролирав емоциите доволно но сега и тоа не е важно. Конечно чувствувам мир и слобода.
Ми се плаче од мојава глава глупава. Како можев да си помислам дека ти би ми направил нешто лошо? И тоа толку убедена да сум, па и уште говор да спремам, испланирано да ми е како да ти се налутам. Епа стварно сум лоша значи. Ти си најдоброто нешто што ми се случило. Вечерва конечно видов колку само грешам кога се сомневам во тебе. Ти ветувам срце мое дека од сега па натаму ја имаш мојата доверба, ја заслужи! Знам дека ќе има моменти кога пак ќе се сомневам, ќе преувеличувам и правам драми. Ама верувај ми, веќе немам никаква дилема дека нашево вреди! Со сето срце верувам дека ме сакаш многу и јас те сакам тебе, толку сум среќна што те имам!!!! Ти го заслужуваш секое добро на светов, и јас цел живот ќе се трудам тоа и да ти го дадам. Колку неблагодарно од мене што пробував да ти најдам маана по секоја цена. Ти си ми надежта за среќа и подобар свет и едвај чекам да го поминам целиот живот покрај тебе. Ми фалиш премногу... ќе те убијам со бакнежи и прегратки за една недела... и нешто друго де Те сакам! Убаво спиј ми
Не сакам никогаш да заврши ова. Преубави моменти поминати заедно. Гушни ме силно и не ме пуштај. Не сакам да бидам далеку од тебе.
Не знаеше какво е чувството да ти недостига некој на кого ти не му недостигаш, но сега го знаеш тоа чувство многу добро. И се се врти во круг...Повторно ..
Те сакам! Претпоставувам какво чувство ќе те обвие кога после 9 месеци пак ќе го чуеш тоа. Никогаш не сум била посигурна дека животот сакам со тебе да го поминам. Сѐ си ми!
Не чујем те, не видим те направи глупост набрзина ама ќе се каеш полека, полека , ќе те боли, ќе ме молиш, ама нема да ти се вратам .!.
Со тебе научив како изгледа среќата и какво е чувството да бидеш искрено и безусловно сакан. Сѐ е полесно од кога си до мене, и радоста и тагата. Ти благодарам што ме избра баш мене. Единствен си ми.
Излегов на тераса малку на воздух, и надвор некој пар смирено си расправа: - Зошто ме правиш љубоморен? - Ама ти и така си љубоморен. - Добро, малце сум, ама ти намерно уште толку ме правиш. Ги оставив да си допраат муабет, си влегов внатре си отворив прозор. Ах бе љубов. Зошто јас и ти немаме вакви смирени разговори? Зошто секогаш оние драми ги правиш? Знаеш колку ми е потребен мир, а за инает ми го нарушуваш. Немам сили повеќе, таква личност сум едноставно, себеси ќе се ставам на прво место, затоа што јас ако не сум среќна, нема ни врската да ни биде. А ти ми ја убиваш среќата долго. Ова е последната шанса за нас, да бидеме среќни. Ти кажав, и искористи ја паметно.
Седиш со мене цела ноќ и не ти текна да кажеш дека одиш у друга држава и се бориш за тој успех...Сега сонувај и за излегувањето и за кафето и за се..Штета,убав пар ке бевме.
Се повеќе од сигурна сум дека не те сакам веќе,но тоа не го менува фактот дека сеуште на некој начин ме болиш. Да,секогаш кога ќе те видам се измачувам со прашањата што би било кога би било се поинаку,во глава ми се вртат разни приказни. Знаеш,периодов те немав долго видено и се прашував дали си во ред,и ете денес излезе пред мене и како и обично се гледавме во очи додека се разминуваме а не се поздравивме. Кога и да те видам само на телефон си закачен,е со кој зборуваш толку де