Фала ти. Што не ме заборави како оние што рекоа дека нема да ме заборават Што си тука за мене, а не како оние што само рекоа дека ќе се тука за мене Што беше идиот за на крај да испаднеш најголем човек Што ми покажа што заслужувам Што постоиш ти и што имам вистинска личност засекогаш И знај дека секогаш можеш да се вратиш само на едно место-дома!
Стојам пред плакар, гледам кое фустанче да го облечам и како проаѓа секунда по секунда и ми текнува дека ќе те видам, мислам дека срценцево ќе ми излезе од толку силно што ми чука. Зашто ми правиш вака бе, ќе полудам буквално...
И пак посакував и очекував да те видам вечерва,но не ми се посреќи,но во толкава гужва оп пред мене излегуваат брат ти,снаа ти и внука ти. Брат ти се повеќе ми личи на тебе,а внука ти првпат ја гледам во живо,леле колку беше само преслатка и пребела,права русинка беше. Добро бе,на кој е толку бела,вие во фамилија сте поцрни #прашањекоемемачи
Не знам со која смелост повторно ми пиша. Не знам како се осуди еј..страшна работа. Искрено ме изненади, ама непријатно. После тие твои зборови, пак се осудуваш да стапиш во контакт со мене. Ги пропушти сите шанси, тие зборови не ги очекував од тебе, не знам со кој памет се осмели да ми пишеш. Со тој твој памет, "далеку ќе стигнеш", ти имам кажано уште тогаш кога ги прекинав сите контакти со тебе.
Не можам да поверувам дека нашето заврши на тој начин. Дека никогаш повеќе нема да ми се јавиш и дека никогаш повеќе нема да те видам. Без да раскинеш со мене, без збор објаснување докажа дека ништо не ти значам. Не сакам ни јас да губам време со некој што не ме сака па збогум тогаш.
Во исто време сакам да се воздржам и работите да ги оставам да си течат една по една, но од друга страна, сакам да ти се фрлам во прегратки без притоа да ми е гајле што ќе биде со нас. Ми се живее во сегашноста со тебе, да се смееме, да водиме љубов, да се излечиме од претходните болки како што велиш ти. Се чувствувам како дете на кое му е дадена најомилената торта, сака да ја изеде лакомо цела, а знае дека ако ја изеде наеднаш ќе му е лошо. Е така, те меркам, лакомо те меркам
Земи си ручек од пекара. Дома освен насмеана жена и среќно дете нишо друго нема. А да. И за малиот храна има.
Немам зборови со кои би искажала како се чувствувам. Секој ден те чувствувам блиску до мене, срцето ми трепери како лудо.
Имав желба да ти пишам денес, да ти се јавам храброст немам некако се ми е полесно кога пишувам.... Ама одолеав, уште малку само уште малку да издржам после и онака ќе е касно за се.... Те изгубив, ме изгуби... Сега среќен ли си?
Да се наџемо на пола пута пола пркоса и пола уздаха, пола пољупца ти пола ја... Чекор по чекор, ќе си го пронајдеме патот, повторно ќе заблеснеме како најсајни еден крај друг, верувам во тоа, ние сме судени еден за друг.
Убаво беше кога цврсто ќе ме гушнеше со твоите раце, силно и себично на никој што не ме даваше, само покрај тебе се чувствував најзаштитено.
Извини.. Не сум добра, тоа е се. Знам дека повеќе нема да пишеш.. И немој, морам да те преболам..некако..