Не си свесен колку си сакан...Велиш дека сфаќаш колку те сакам, ама јас мислам дека немаш поим..Што и да направам за тебе ќе биде премалку за да ти покажам.. Единствен си и ќе останеш засекогаш !
Дали знаеш како и колку ми влијаеш, не ти не осеќаш не ме гледаш со тие очи.Јас се воздржував но не бидува се чудам што да ти кажам како да ти кажам па ако треба до тука да е. Само ми треба помош како да бидне тоа. Под кожа како ми влезе не си свесен а ни јас.
многу си ми смешен кога се срамиш да дојдеш кај мене дома. Ами миљо кај мене вцоба це цедиме немолја цо моите, аде доди!! Женче мое срамежливо
Одамна ме немаше во темава, позз до сите Иначе он топик: Убаво ми беше сите овие дена со тебе, за кои едвај чекав. Уште поубо кога те прашав за име и контакт....ама ко да знаев дека ништо нема да бидни меѓу нас. Мојата проклето добра интуиција така ми кажа. Затоа и не сум до толку разочарана, иако не очекував дека вака ќе биди. Дека ќе покажиш толкав НЕинтерес за мене. Ништо изгледа, не ни било судено. Оди уживај со таа која најверојатно ти е девојка, те пуштам да одиш од толку шо те сакам....
Покрај толку голема желба да дочекам утро со тебе,кога нели веќе не е можно реално да бидне тоа,па така потсвеста ми приреди изненадување,да утрово те сонував. Сонував како лежам покрај тебе и те гледам,беше облечен во црвена блуза,ги отвори очите и јас те прашав веднаш: како си,се наспа? Не ми даде одговор,само се насмевна,и толку сонот заврши,некој ме викна и прекина се...прекинаа моите потсвесни желби и соништа... Ех...
Во оваа време зборувавме најмногу..Се сеќаваш? Како вчера да ми ги раскажуваше најубавите приказни.Знаеш...Оваа вечер излегов,повторно ме следеше таа,ѕвездата уште е со мене знам дека секогаш ке ми го осветлува патот. П.С ми кажаа убави вести денеска за тебе.Искрено мило ми е само не знам зошто ме известуваат
Бевме толку блиску а не ми проговори...а еден збор да кажеше..да беше само еден збор...можи ќе сменеше се!
Не знам дали ќе можам да бидам на второ, трето, петто место во животот твој.. Со секоја постапка, многу работи исеков од себе за да те спојам тебе. Болиш.
Се надевам дека си добар.Не знам како да ти кажам а и да те сретнам нема да можам.Те сонував и тоа многу поразлично од порано.Дојде да се збогуваш со мене и беше тажен,ми кажа дека ке се вратиш да ми раскажеш како ти е без мене.Да,не си истиот сега и во сонови ме плашиш,почнав да мислам дека ке умре некој.Да можам сега ке ти се дерам ама немам како.
Покрај тебе оживувам, кога те гледам моите очи имаат поубав блескав сјај, на лицето ми се појавува вистинската насмевка и телото ми трепери од радост по многу години. Со години живееев за таа твоја прегратка, копнеев по мигот кога ќе бидам блиску до тебе... долго чекав но вредеше... Нашата љубов не е променета, ниту изгубена, напротив сеуште живее во нашите срца, нашите разговори се искрени, спонтани, се се случува како никогаш да не сме биле разделени ниту раскарани. Секој ден сонувам и на Бога му заблагодарувам за оваа среќа и му се молам за сите поубави денови кои допрва треба да ги проживеам покрај тебе.
Денес добив желба да се извинам на онаа во мене која вешто ја сокривам пред другите.Да ти се извинам затоа што не ти дозволувам да се протнеш низ маската на самоуверена и среќна жена, да ти се извинам што молчам и тогаш кога ти врескаш во мене, да ти се извинам затоа што упорно ги повторувам истите грешки поради кои ти страдаш.... Да ти се извинам затоа што барав среќа за нас две со погрешни и безвредни луѓе... Сакам да ти се Извинам и за сите кои никогаш не го направија тоа.... Затоа што ти најмногу го заслушуваш тоа
Е па, дојде и тој ден. Денот од кој што стравував. Денот во кој ќе заминеш во туѓина, а јас тука, тажна, без тебе, осамена, изгубена. Те сакам и ќе те чекам.
Овој ден беше твој ден.Цел ден од главата не ми излезе.Се нервирав,викав,те барав,се покајав.И што?Многу те брига нели?А и од каде ке знаеш како сум хаха..Повторно те нема и повторно завршив на друг форум и се смеев со непознати за да заборавам на тебе барем на кратко.Толку и ти значев и да ме има и да ме нема исто е.