I want to listen your symphony. I want to touch your body, i want to call your name. I want to see your eyes and they to see me. I want to listen your soul, your heart Symphony, rapshody for me and you. Hmm... maybe.
Знам дека ти гори душата. Гори и мојата. Тек ке горат. Но за разлика од тебе како и секогаш,јас сум присебна. Тебе тоа никогаш не ти успеваше. Не очекувам ни сега. Призбавам дека ми недостигаш понекогаш. Поготово кога е малото во прашање. Ќе научам.ли да се носам сама со одговорностите? Можеби веќе и знам. Но стравот си го зема замавот.
Охх миличко мое штотуку се навикнавме еден на друг, после цели денови поминати заедно, јасно ни е и на двајцата дека мора да сме трпеливи до следното видување. Тешко ми паѓа кога се испраќаме,особено денес. Иако сме свесни дека само еден подолг пат не дели Уште сега почна да ми недостасуваш, сета облека ми мириса на тебе, на твојот парфем Со нетрпение чекам пак да се видиме А се спремам и јас да ми ти дојдам што поскоро и да те изнагушкам миличко мое
Ете сега нема да се видиме две-три недели, ама добро ќе ми дојде тоа. Од многу редовно гледање почнуваме да се караме, се лигавам и почнува се да ми смета. Ете, вака малку ќе одморам од тебе... Имам и обврски со факултет, со возачка, искачања, славење роденден со другарки.. Ќе ти покажам дека знам да уживам и без тебе, зошто нели така треба да биде... Ти знаеш да уживаш без мене. Ќе научам и јас. Убаво да си поминеш на одмор, да ми се вратиш уште поцрн од лани, па годинава не до октомври туку до ноември да те држи боичката. Ќе се погрижам многу да ти недостигам. Ќе бидам добра, ти ветуваммммм.
Леле колкав инаетчија си знаел да бидеш..Ама виде дека со мене не се излегува на крај па се откажа, нели? Одвикни се од тоа толку да ми се инаетиш И да, сладок си кога се лутиш и кога си малку љубоморен..А бе будало, само ти ме имаш еј, никој друг не ме интересира Те сакам срценце, вака ќе ти тверкам во септември
Некогаш не те гледам денови, не те слушам и така си дозволувам себе да ме разгалат. Некогаш без да се присетам си дозволувам да ми е убаво и туѓите очи и комплименти душава да ми ја галат. Е токму тогаш како денес, имам потреба да ти се јавам имам потреба твојата самодоверба, препотентност, твојата ароганција, твојата непоколебливост и твојата ладност да ги вкусам. Зошто само така ќе се однесам на местото каде што ме болело, зошто само така нема никогаш повеќе да дозволам да ме боли. Некогаш само она твоето „времето“ и секое време што го немаше и секоја порака што си правел во тоа време се доволни да знаеш. Доволни за да не те мислам векови потоа, за сигурно да не се вратам никогаш таму каде што ме болело. Некогаш, ете некогаш мора очите да ми се наполнат со солзи и утробата да ми се згрчи од бес, за никогаш, ете баш никогаш да не се најдам веќе пред тебе... Затоа некогаш морам да ти се јавам, прости ми, морам за да си потврдам
Кога бевме мали ме нервираше и мислев дека никогаш нема да биде човек од тебе..6 години подоцна ми се приближуваш и гледам дека си повеќе и од човек.Би рекла фраер,ама со јак карактер.Не очекував дека ке бидеш толку добра личност,искрен,отворен,забавен,прекрасен...
Дојде и тој ден. Ќе го надминеме и ова нели? Сети се само колку сме поминале заедно. Те имам тебе, ме имаш мене, гушни ме и ова ќе помине!
Шо играш сега ти побогу? Не разбирам. Ми треба мир, смиреност, опуштеност и само дружење. Мислам дека ти тоа можеш да го понудиш. Не ми требаат никакви љубовни триалогници, ни игри. Нејќам уште една афера. А најмалку со тебе. Но, зошто имам претчувство дека ова ќе биде наше лето?! Зошто мислам дека наскоро ќе бидеме многу повеќе од она што сме сега? А често ми се случува тоа што не сакам...
Знаеш дека како за не-знам-што-си-ми-мене-и-колку-си-важен предолго траеш? Враќам филм и излегува период од 2 и пол години скоро. Али сѐ е само онака, и тоа е во ред. Само, вчера се сетив на тебе и очекував денес да те видам. Иако потсвесно не сакам да се сретнеме. Си направив филм како би изгледала "нашата роаманса". Замисли: ни се изместуваат колената и одеднаш застануваме да си ги наместиме. Па следат "Успеа да го наместиш?", "Да, а ти?", "Не. Би сакала да ми помогнеш?", "Секако, дај да погледнам". Колку кјут би изгледале од страна. Можеби филмов се должи затоа што вчера најтешко си го наместив коленото и уште ме боли. Или па само фактот дека сум "во ПМС" речено.
Јави ми се, со нетрпение очекувам да ми заѕвони мобилниот... знам одбројани се деновите но барем да го искористиме секој преостанат момент за нас...