Ми фалиш, брее. Извини што на време не ти покажав дека не ми е сеедно, извини што те оставив да чекаш толку долго. Извини што се однесував рамнодушно. Би поправила се, би надоместила, само дај ми уште една шанса. Последна. Овој пат ќе биде различно. Ќе биде совршено. Само јави се, дај ми знак дека сеуште ти значам и дека сеуште има надеж. Јави се веќе, ми фалииш ПРОКЛЕТО МНОГУ.
Се сеќавам на она лето кога едвај чекав да те видам, да те гушнам и бакнам. Се сеќавам кога во таа ноќ шетавме, случајно дланките ни се допреа, а прстите ни се испреплетеа. Ми рече секогаш цврсто да те држам за рака. Тоа беше прв и единствен пат да те држам за рака. Ти имав ветив дека што и да се случи секогаш ќе бидам тука за тебе, а ти ме гушна. Но, одамна не сум те слушнала, а единствената слика што ја имав од тебе ја избришав. Спомените ги чувам, а чувствата се речиси како порано, но доволно е да ги видам твоите плави очи или да го слушнам твојот глас и сите грешки ќе ти ги простам чувај се и немој да направиш некоја глупост
Бев слепа, ама сега сфаќам се. Јас и ти сме како создадени еден за друг. Совршени - би биле совршени заедно. Да не упропастев се.. Се надевам не е предоцна. Се надевам.....
Како мало дете се радувам кога ќе те видам и скокам од радост до неботосе смеам како луда од среќа кога ќе ми зборнеш, кога ќе ти го слушнам гласот, кога ме допираш по рацете , по косата....се радувам што по долго време повторно си ги гледам најубавите сини очиња. Те сакам
How much you wanna risk? I'm not looking for somebody With some superhuman gifts Some superhero Some fairytale bliss Just something I can turn to Somebody I can kiss
На некој чуден начин ти сеуште ми значиш... некаде на дно на срцево не ми фалиш ти,туку ми фали тоа што мислев дека си ти. одамна си туѓ а мене си ми уште драг.
И ме праша другарка ми, ете онаа и тебе што те сакаше, „Добро кога престана да го сакаш, очите престанаа одамна да ти светат... зошто душо така?“ И се замислив.... и сите пакозни одговори мислев ќе и ги дадам в час, и ќе те напаѓам со милионите грешки што си ги направил. Молчев.... и таман мислев нема да речам ништо: Ете престанав да го сакам, оти ме натера да се сомневам во себе , да знаеш. Оти предолго го слушав дека искрени луѓе нема, дека љубов нема. Ете претанав да го сакам оти не веруваше никогаш во ништо, оти никогаш ништо не кажа, а зборовите мои ги исмеваше А најмногу ете тогаш се скршив мислам јас и тоа што го сакав, е кога во другите морав да барам утеха, и рамо за плачење, и топол збор. Ете тогаш престанав да го сакам, да знаеш Оти сите се знаеа, а јас од него се преплашував, ѕидови кревав за да не ме доповреди Ете така да знаеш, само тогаш престанав да го сакам, не после романтиките, идилите, вработувањата, не, само после тоа ...после тоа што ме направи ѕидар, човек преплашен од се, кој не верува во ништо веќе И се надевам доста и е истраги, се надевам веќе ќе ти го заборави името...
Оваа година ќе ја памтам по тоа што ми се вратија многу љубови. Бивши. Од оние што имаат оставено жар да тлее, па сега само додаваат ситни дрвца и огнот пак се вивнува. И искрено, убаво ми е. Убаво е да знаеш дека некој не те заборавил, дека не те избришал од животот, дека понекогаш мисли на тебе. Но, во оваа година ТИ ме остави. Двапати. Ме остави да лежам сама врз пепелот кој остана после нашата љубов. Ти не остави жар да тлее за кога сакаш да се вратиш. Ти истури вода и целосно го изгасна огнот. До скоро чувствував нешто за тебе. Еве секој ден станувам се по рамнодушна. И ќе избледиш. Но, ми остави многу убави работи како спомен од тебе. Затоа не те мразам. Ме повреди, но и ми помогна да се опоравам. После тебе ќе сум појака. Еднаш ми рече дека кога возам точак не треба да се плашам дека ќе паднам. реба да возам храбро, да држам баланс, да не мислам дека ќе паднам и ќе се повредам. Епа тоа ќе го применам и во животот. Ќе „возам“ храбро како да сум сама на патот, како да немам препреки. Нареден месец ќе ни е година. Ќе те спомнам и ќе ти „запалам свеќа“. Ти беше човек за секакви времиња. Штета што прерано замина.
Провокативни пораки на мобилен,тоа си ти,толку ти е силата.Можеби некоја паѓа на тоа,но не и јас.Јас те познавам,и знам дека после тоа нема содржина,празна страница си