Зарем навистина жените ги гледаш како поголема потенцијална опасност и причина за љубомора? Бејби спиј мирно и чувај се. Јас сум само твоја.
Срце... Толку сме презафатени и изгубени од работа што некако и близина како да изгубивме. Ама добро, добивме други работи во односот. Сепак, цел ден сум со тебе а ми фалиш. Ми фали нешто што ни знам да го дефинирам ни знам да го најдам. Вистина, ретко до сега да не сум знаела што е тоа што го сакам со тебе и ми треба. Сега се најдувам само затекната. Ама ок, се надевам дека и ова ќе се реши. Биди добар само.. Здрав, жив, среќен и успешен.. Те сакам
Плавоокцеееее а слушнам песна од ковачевич одма ме наврака на тебе ах бе аххххх, све би дала за уште една нок со тебе, па да умрам да не жалам
Пред да те запознаам имаше нешто во мене што ме боцкаше одвнатре, нешто што колку и да бев насмеана или пак тажна, пак некако остануваше во мене. Тоа нешто беше празнината. Откако те имам тебе се немам почувствувано празно. Ниту еднаш. Сум се чувствувала тажно, среќно, нервозно, возбудено, лошо, добро, разочарано, воодушевено... Сум била насмеана до уши и расплакана откако сме заедно, но дури и кога сум била тажна било подобро од таа проклета празнина. Бидејќи со тебе вреди се, секој ден и двајцата вложуваме во нешто што вреди, во нешто што се повеќе верувам дека еден ден ќе вроди со плод и ќе ни донесе среќен и исполнет заеднички живот, со здравје, љубов, успех и наша мала фамилија. Те сакам многу и те чекам да си дојдеш и да си одиме дома. Ти си тоа што ме исполнува, дури и кога мислам дека се ќе се сруши, дури и кога си далеку и ми недостигаш, знам дека ќе се вратиш по мене и дека те имам засекогаш покрај мене. Те сакам и те чекам срце мое.
Тоа беше последниот пат шо се понадевав дека може да бидеме повеќе од другари...доста беше, ме уништи, 2 години колку работи поради тебе пропуштив. Поради твоето играње ладно-топло, со сите се оддалечив поради тебе. Камоли никогаш да не ми ја даваше лажната надеж...уште подобро ќе беше никогаш да не се ни здружевме Ми ја сруши самодовербата што се не ми направи...а мислев се ќе е поубаво откако те запознав, згрешив..се стана и покомплицирано од претходно. Среќен си сега, си ги излечи комплексите поради недоволна љубов од твоите во детство, си наполни егото? Јас уште се трудам да ги излечам проклетите рани кои ми ги зададе...Никогаш не се ни бакнавме, а ти ми го скрши срцето како никој друг до сега.... 2 години играчки си играш со мене, глупа сум шо дозволив... Се трудам последниве месеци да се средам, малку се сменив физички, пак се појавуваш, ме викаше сами да излеземе, ми даде па од глупата ти надеж. Задржи си ја за тебе таа лажна надеж и не ми ги мешај више чувствата... треба и другарство со тебе да прекинам, а не па нешо друго. Оди си од срцево аман!
Каде си веќе?Ми требаш и сега кога не те познавам,не знам кој си,ама знам дека си вистинскиот.Дојди веќе.Сакам само да се изгубам од овој град,не верувам на никого,се се смени.Посакувам сега да зборуваме и да ти раскажувам ама ништо.
Дефинтивно не можам да бидам со човек каков што си ти, до пред некое време сакав многу да, ама сега више не сакам. Не можам да бидам со некој што цело време ме гуши, што на некој цело време морам да му пишувам, што се лути ако не му пишеш, и што не ми дава барем малце слобода во животот и ред други работи. Свати не сме во врска. Да ми се свига кај тебе тоа што секогаш ме држиш за рака, што ме чуваш, и пазиш, што секогаш ме испракаш до дома, што секогаш наогаш време за мене, што сакаш да ме видиш, што шетаме, и искачаме секаде, што правиш све за мене, што целото време, и внимание ми го посветуваш на мене, све што посакував од еден дечко да го имам ти тоа го имаш, и го правиш за мене. Ама останатите работи не ми се свигаат воопшто, и мислам дека ке биде најубаво да си останеме пријатели, затоа што сватив дека повеке сакам да те имам за пријател, и да ми бидеш пријател, него ли дечко, не сум спремна за нова врска, и за некој нов во мојот живот со човек како тебе. Можеби покасно, или еден ден ке се каам за ова што го пишав и што прекинувам на ваков начин, ама тоа е, најдобро е вака. Ти благодарам за сите убави денови поминати со тебе, ти посакувам се најубаво во животот.
Поминаа 24 часа љубов. Ќе поминат уште 24,па уште толку... Ќе се смени ли нешто,ќе биде ли полесно? Веројатно не . Само што повеќе ке фалиш .
И те нема, те нема и гледам како требало да биде, и гледам што требало да биде, и гледам што сум заслужувала и убаво е!!!
Убав мој, Те оставив да одиш, не мислев дека толку ќе ми недостасуваш... Не спијам со денови. Не, не е тоа од посесивност и љубомора. Твоето отсуство направи да сфатам дека сум заљубена. Уште неполни 40 часа и ќе бидеме повторно заедно. Твоето враќање колку што ме радува толку и ме плаши, не знам зошто. Можеби прерано ми се родија чувства према тебе. Еве ни јас не знам како. Не сум човек што лесно засакува и ги прими луѓето во своето срце. Но ти, ти ми влезе под кожа уште од самиот почеток. Зошто ли твоето доаѓање ме вознемирува, ме плаши... Изгледа ѕидовите кои животот ме натерал да ги изградам околу себе се причина што се плашам да сакам, што еве сега кога конечно се заљубив да чуствувам страв и бидам вознемирена. Рече дека периодов поминат таму те натерал да сватиш работи кои тука не си можел, ете тоа ме плаши... Ајде, нема да бидам Живко (нагалено од живчана-негов израз) и ќе си направам кафе, пиејќи го ќе продолжам со читање на книгата. Те сакам мало!
Те сонував минатата вечер. Заедно сме јас и ти, повторно кај тебе се гушкаме, а јас те гмечам, ти се радувам, те скокоткам, ти се смешкаш и ми велиш смири се. Ми недостигаш, многу.
Откако сум со тебе се чувствувам многу зависна, како да можеш целосно да го контролираш моето расположение, можеш да ме насмееш и расплачеш со само еден збор. Душава ме боли кога си ваков. Буквално ја чувствувам болката во мене, болката од страв дека ќе си заминеш, од страв дека веќе никогаш нема да те прегрнам, од страв дека ќе живеам во еден мрачен свет без тебе. Не знам што толку ме привлече кон тебе. Дали е тоа што никој друг не ми даде толку големо значење како ти? Дали е тоа што никој пред тебе не ме однесе на вистински состанок? Дали целиот тој страв и сета таа убеденост во мене дека без тебе јас би се распадала...дали тие ми се само во главата? Дали можеби само се плашам од тоа, а тоа всушност и не е така лошо. Можеби тоа е најдобрата одлука. Срцево ми го згази по стотти пат. Ме боли многу, и физички го чувствувам. Таман помислив дека конечно научив да бидам среќна, бев добра со тебе, ти ги почитував желбите... овој пат ценев, навистина ценев се. Со радост те чекав да се вратиш дома и да имаме прекрасно лето. Се испланирав. Требаше само да дојдеш. А ти што направи? Ми се налути за едно обично прашање. Ми вечиш не е така, не е обично прашање. А што е тогаш? Немам ли право на такво прашање? Светот ми се руши пред очите, а јас немам друг избор освен да продолжам напред. Колку пати се понижив пред тебе? Колку пати стоеше рамнодушно пред мене гледајќи ме додека страдам по тебе, уште повеќе засилувајќи ја арогантноста во тебе. Ме скрши. Многу пати си ме скршил. Си ме згазил. Си ме оставил да плачам и да му се молам на Господ да биде се добро. Како можеш во еден момент да си оној добриот, сладок дечко што го сакам најмногу, а во следниот да ми упатуваш толку лоши и погрдни зборови од кои ми се лоши. Како можеш да ми го правиш ова? За ништо.... баш за ништо. Те сакав многу и уште те сакам, ама не можам да ја разберам твојава рамнодушност, бесчуствителност, арогантност... Зарем толку е лесно да ме отфрлиш од животот, од срцето? Зарем толку е лесно после толку време, после се? За мене е многу тешко. Ова ќе биде сигурно најтешкото нешто што сум го направила. И ќе боли, премногу, знам...Вчера срцето ми го распарчи на милион делчиња. Не знам, стварно не знам дали некогаш ќе успеам да си го составам без тебе. Никогаш повеќе нема да е цело. Се плашам, а ти не си тука да ми кажеш ќе помине, да ми кажеш не плачи...срцево ми се стега. Не сакам да е крај, не сакам да има крај.... нека помине само.