Се што чувствувам ти кажав, сега ми е полесно. Јас го направив моето, направив и повеќе од што треба, ти си на ред.
И душата би ја дала да можам да ти помогнам. Срцето ми се крши на илјада парчиња. Ме боли душата гледајќи те тажен. Плачам и се молам се да заврши, се да се реши. Знаеш дека секогаш сум тука за тебе, да те прегрнам, да те утешам. Во моментот само тоа и го можам.
Ти благодарам на убавата вечера, искрените зборови и сеќавањата на она што сме го поминале. Ти благодарам што постоиш! Те љубам!
Болиш... Болен е секој поминат ден без тебе. Те сакав, те сакам и ќе те сакам. Знам, многу те растажив, ти го скршив срцето, но откако те изгубив сфатив колку ми значиш и колку те сакам. Прости ми, прости ми за се.
Со тебе се ќе е убаво,биди со мене За тебе скоро се че направам, биди со мене Ама,имам услов изневерување нема,таајни нема ! ах да беше овде и малку да беше друг в карактерот- да не се фалеше на сите се, тогаш ќе е перфект хахх, но може ова е знак дека не сме еден за друг
Не очекував вчера да те видам. Ниту малце. Ме виде со него и со моите, сите среќни, славевме. Бев во најдоброто мое издание. Ти забележав изненаденост и болка во очите, знаеше дека имам дечко, знаеше и дека си го средив животот на далеку подобро од некогаш, но не те болеше се додека не го виде тоа со свои очи. Те заболе нели? Те заболе срцето. Си помисли дека ти можеше да бидеш до мене во тие среќни моменти, така? Таа болка не може да се спореди со онаа која ти ми ја приреди пред неколку години. Душата ми ја изгоре, и тоа не наеднаш, туку постепено ми ја гореше и ми ја газеше, се додека не остана ништо од она што всушност бев јас. Не, нема повеќе гнев во мене кон тебе, тој гнев одамна си замина и ме остави попаметна, посреќна и она за што ми е најмногу мило, посилна.
Ќе си одам да знаеш...ме слушаш?!? Алоооооо, прием нема мрежа Ниту слушаш ниту читаш, кај те најдов ваков
Господе... колку те сакам човеку! Ти си ми најголемата среќа во животов. Вчера посебно ме направи среќна. Се радувам кога си одлучен и решителен, се надевам ќе те држи уште долго. За нас се работи. За тебе и за мене. За нашата иднина. И треба и мора да работиме на нас. Секогаш. Те обожавам. Силно.
По нашето раскинување, првите денови ми беше најтешко спиев само по 2-3 саата, премногу ослабев, само молчев и немав волја за ништо ама ништо не можеше да се спореди со утрата, кога не можев да ти се јавам и да ти посакам добро утро. Во тие денови се сетив на мојата прва љубов, на таа чиста љубов во средношколските денови кога немав никакви грижи и тогаш ми се јави мојата прва љубов дознал дека сме раскинале, а срцево почна да ми трепери како на тинејџер не сум била свесна дека сеуште сум го сакала и колку и да сум мислела дека сум те заборавила јас само сум го сокрила во моето срце и душа. Секогаш ќе бидам таа девојка од средношколските денови која искрено те сака, а тоа ништо и никој не може да го промени и ти тоа добро го знаеш ми фалиш ама не сакам да ми се јавиш, страв ми е дека се ќе ти простам.
Знам дека згрешив. Не сакав да биде вака. Правиш да ми е полошо. Ако сакаш да е крај- добро, ама сакам да напишеш. Ми треба твоја порака. Ми треба да избувнеш во твој стил и да знам дека едно време бевме на иста страница и дека бевме посебни. Толку сакам. Нели можеш да го направиш ова за мене? Не ми е сеедно, ок?
Душава ми ја изгоре, срцево уште по тебе ми крвари... Се давам во солзи вечерва, плачам и те пцујам од немоќност што сеуште премногу те сакам и не можам ништо против тоа. Срцево сеуште само по тебе трепери, сеуште си единствен чии очи сакам син ми да ги има... ах, проклет да си...