Оној што ми рече дека секогаш ќе е тука за мене, после 2 години го снема. Ти, што милион пати рече да не сметам веќе на тебе, сеуште си тука. И знам дека секогаш ќе си. Зашто не си човек од збор туку од дело. Затоа вредиш повеќе од сите.
Znaes ljubovta mi ja sotre mi ja izgori so godinite. Zosto dozvoluvas mojot bes da zacaruva so mojot razum? Zosto ne ja zachuvuvame pochitta?
Колку и да сакам да бидам ,, добра ,, и ,, политички конкретна ,, и да кажам дека секогаш ти посакувам се најубаво - лажам! Да, во глобала ти посакувам да си среќен, ама од друга страна посакувам и да ти бапнам онака еден бокс по нежниот нос, па да си го бркаш по земја ко Мајкл Џексон што си го бркаше у спотон на Еминем! Ти посакувам некоја од која нема да бидеш ,, помал маж ,, , која за ништо у животот нема да ти биде поддршка, која нема да те направи поголем човек од мене, па сите да ти викаат колку си бил променет на подобро... Некоја смотана и кутра, да се вика исто како мене, и цел живот да посакуваш да биде јас! Нозете и јазикот да продолжат да ти се сечат секогаш кога ќе ме видиш, и после гооооооодиниииии кога ќе собереш муда да дојдеш и да ме побараш назад, да ти акнам една таква иронично - саркастична корпа смеејќи ти се у фаца, да ти иде да пропаднеш жив во земја! Те мразам.
Ме зафркна денес со палачинките ама нареден пат не си свесеен што ке ти направам..Цел ден у вц ке бидеш
Еден ден ќе гледаш слики од мене и ќе слушаш од заедничките познаници колку сум среќна со некој што ќе ме цени и ќе ме сака и ќе биде се што ти не можеше. Ама тој ден ќе ти е криво што си ми кажал такви работи и што си изгубил ваква вистинска љубов ама ај што е еден ден, ќе ти помине и така си бесчувствителен
Гледаш дека мојата одлука што сум ја донела била правилна, џабе ме убедуваше дека грешам, и дека ке згрешам во врска со нас. Јас кога ке донесам одлука некоја во мојот живот знам дека е правилна, и знам дека е најдобро така, и ја носам таа одлука до крај, без оглед дали ке се каам или не а јас немам зашто да се каам за оваа одлука што ја донесов верувај, затоа што знам што сакам, и знам дека повеке сакам да те имам за пријател, и мило ми е што останавме пријатели стварно многу. И те замолувам повеке да не ми пишуваш ни пријателски, затоа што не сакам ни така да имам контакт со тебе више. Најдобро е вака верувај. Ипак ти посакувам се најубаво во животот. Биди срекен секогаш
Милион пати те предупредив да внимаваш на тоа, милион пати ти кажав дека ми смета многу. Секој пат истиот одговор: извини, нема веќе, и нареден пат пак истото.. Трпев многу долго. Ми велеше дека многу се карам и брзо избувнувам. Ти реков да бидеш среќен се додека се расправам, тоа значи дека се уште се борам и ми значиш. Ти реков и дека многу ќе ти недостасува моето зборување и расправање кога ќе ја почувствуваш мојата тишина и те замолив да пазиш да не дојде до тоа. И еве сега, ти недостасува ли? Во право ли бев? Се увери ли дека е подобро да се дерам отколку да не кажувам ниту збор? Ти така одбра. Што беше до мене, трпев и многу повеќе од што требаше, ама убавина со сила не бидува
Без разлика колку и да се лутам, колку и да се караме еден со друг ти секогаш наоѓаш начин да ме смириш и покажеш дека имаш трпение со мене.
Мојот живот доби многу поубави бои откога ти си дел од него. Прекрасно е чувството да заспивам и да се будам покрај тебе.Нека ни потрае оваа радост и дај Боже да доживееме уште поубави и посреќни денови. Ме радува тоа што знам дека ме мислиш и се грижиш за мене, покрај тебе се чувствувам спокојно, сигурно ,опуштено, безбедно среќно и исполнето.
Те сакам, посакувам, мазам и пазам, те чувам како свето нешто, те гледам со очи полни сјај, подголтнувам кога те гледам, треперам кога ме допираш, се топам во твоите прегратки, мирно и безгрижно заспивам на твоите гради... Негувај го се ова, дупла скорпија сум, знам и поинаку да те третирам
Периодов само за тебе живеам, го знаеш тоа ама среди си ги мислите што побрзо. Не знаеш ни сам што сакаш. Не знам што ти станува, не можам да те препознаам од време на време...
Што да ти кажам? Синојка убаво ме потсети како во твоите раце се чувствував толку сигурна и заштитена. Да ти лежам на гради и да ти го слушам срцето како ти чука, би можела до бескрај Две тела стиснати едно до друго, се чувствуваат како едно Ми докажа дека имаме некоја посебна врска, ама не сме еден за друг Не сакам пак да завршам со скршено срце А толку ми е убаво со тебе, немаш појма