Таа твоја тактика топло-ладно кај мене НЕ палит!!!! Ме правиш да оладам. Е тогаш сеедно дали ќе молиш или не,тоа е ладното тешко кај мене да го згрееш. Прибери се. Само од корист си, кога имаш корист пишуваш,ѕвониш.
Се ќе се излезе добро. Се ќе биде во ред, верувај. Пак слатко ќе ми се смееш. Ќе те гушкам толку силно што коските ќе ти ги скршам. Ме боли тагата во твоите очи, ми недостига твојата насмевка. Ќе им кажеме збогум на маките и ќе си оствариме се што планиравме.
Сакам да те видам бе. Да ме видеше прееска од некаде само,си одам по улица забрзана и замижана од сонцето и оп гледам од подалеку се приближува службената кола,леле кога почнав да берам стомак,да одам исправено,се превозбудив и кога гледам не си ти,туку колегата бил
Тебе човек мора по сто пати да ти повторува. Оние шо трчаат по мене ко кучиња за да ме легнат не ти се другари. И радо би те шутнале тебе за јас да бидам со нив. Не го прават тоа зашто од тебе имаат корист, а јас нешто не сум заинтересирана за нивните лаења. Ама тебе другари не ти се. Не колни се во нив, не им верувај толку. Не бев и јас светица ама секога играв со отворени карти. Се ти кажував. Бев искрена и уште сум. И поголем другар ти сум од нив. Јас го ценам сето тоа што си го сторл за мене и како што ти не ме оставаш на цедило, нема ни јас тебе. Никогаш. Запамти го тоа.
Ти реков дека можам..Денеска се точно 8 месеци без да помислам на тебе ниту еден ден.Што е?Те боли сега тоа што навистина не сакам да те видам повеќе?Не ми посветувај песни затоа што одамна не постоиш за мене.Не те сакав тебе,ги сакав нашите дооолги разговори.Ти ме навикна на тоа.И..ти реков пред неколку години да не се заљубуваш во мене.Ти погреши,не јас.
Почна да ми фалиш.. Сепак, чувствувам дека оваа среќа кратко ќе трае.. не сакам да ти бидам товар.. не
Сакам кога наутро ги отварам очите и гледам како ме гледаш. Сакам кога твојот одговор е "доволно" на прашањето колку време си така. Сакам кога ми кажуваш да се одморам, а оти ти ќе средиш по дома, па дури и ќе пружиш алишта. Ама ова последново веќе немој, те молам. Ужасно лошо го правиш тоа. Сакам кога ги спремаш децата за во градинка. Или за спиење. Сакам кога ги успиваш. Сакам кога им раскажуваш приказни, а особено кога јас и ти сме главните ликови во нив. Сакам кога ми правиш коктели, а најмногу сакам кога правиш доручек. Само немој веќе палачинки. Сакам и кога излегуваме сами. Сакам кога ме прашуваш што мислам. Најмногу сакам кога цврсто и долго ме гушкаш. Не сакам кога бираш филм. И кога не го фрлаш ѓубрето исто. Не сакам кога стануваш навечер и од чоколадата ми оставаш само една коцка. Не сакам кога забораваш да платиш сметки. Не сакам кога се караме. Тогаш ич не те сакам. Не сакам ни кога заспиваш пред да се стемни. Не сакам кога брзаш. Не сакам ниту кога ме форсираш да се спремам побрзо. Ок, знам дека некогаш претерувам. Некогаш ми доаѓа да те мавнам со пепељара, ама после ќе треба повеќе да те сакам, јер видиш, грижа на совест. А од толкава љубов, после ќе треба сама да се мавнам со пепељара. Не морам да ти го кажам ова, оти тука си до мене и читаш. Додека пишувам ме гушкаш и се смешкаш. Коментираш низ заби за палачинките. За алиштата исто. Како ти сакаш да го правиш тоа, а не дека ќе престанеш да го правиш. Како да не те сакам?! П.С. Дојдов тука да ти кажам да се симнеш до кола и да ми ја донесеш фарбата што ја заборавив вчера.
А мислев јас не заслужувам љубов. А некој години потроши да ме убеди дека сум грешна. А мислев ќе плукам уште долго крв за еда грешка. А ти.... ти бе.... ти ти ме убеди дека не е така.... Нити умор има во тебе додека ги слушаш криковите мои беспомошни Нити раце те болат додека ме стегаш да се смирам Нити усни ти се тргаат додека сол од очиве им капе... Ти бе... ти во овие мигови ти ме смееш ми ја тргнаш маглава од очиве ми дуваш косата ми ги будиш соништата ми збо0руваш дека имам време.... Ти бе... ти ми покажуваш една друга љубов, која не мислев дека ја заслужувам Ти бе... ти што се смееш додека ти заспивам преморена Ти бе...ти што ковчињава со смев ми ги преборујуваш Ти бе...ти ти што заслужуваш се мое, а не знам да ти го кажам тоа!