Ме навикна да се чувствувам сакана. Ме навикна да се чувствувам безбедно, љубено, како никој ништо да не ми може. Ме натера да ти верувам со сета сила и цело тело. Со кое право ми го одземаш сето тоа ? Со кое право бегаш ? Со кое право не кршиш ? Неправеден си, себичен, неразумен. А јас , јас не можам да се борам против своите чувства и својот разум. Бараш од мене да сум слепа , глува и глупава. Слепо се вртам во круг... До кога ли....
Јaс знaм, тебе ништo не Ти знaчaм јaс. Нo не мoжеш ден дa не ми пишеш мaкaр смaјли, ми гoди дa знaм декa си пoмислил нa мене. Ах дa ме зaсaкaш
Знаев дека еден ден многу ќе се покаеш и ќе ме побараш пак, ама олку брзо? Само една недела помина...Ти недостигам а? Си доби тоа што требаше, не ме барај веќе аман, остави ме на мира да те заборавам !
Не верував во "љубовта на мојот живот". Не верував дека постои такво нешто. И тогаш ми се случи Ти. Ти си тој кој ми го обележа постоењето на овој свет. Ти си оној за кој ќе ми заигра срцето на старост кога ќе се спомне "љубовта на мојот живот ". Еден ден ќе сме среќни покрај други, но Ти ќе си моето "ништо" кога ќе ме прашаат што ми е. Еден ден ќе посакам да се вратам дома, да се загледам во твоите очи и да заспијам на гради слушајќи ти го срцето...
Размислувам веќе некое време што би ти кажала, ги бирам вистинските зборови ама после толку обиди, сфаќам дека се' е залудно. Ти нема да се промениш, а јас тоа го знам од почетокот. Знам и сама дека единственото решение ми е да се помирам со сите твои мани и да продолжиме или да ставам крај. Знаеш, кога сум со тебе нема нешто поубаво на светов, ама кога сум без тебе нема ништо полошо. Веќе прекинав да барам логично објаснување за она што го правиш, најверојатно зошто и не постои. Само знам дека овие денови многу ми фалиш, и сакам само да легнам до тебе, да те гледам во очи и да те гушкам до сабајле. Тогаш заборавам на сите наши разлики, и на моето ветување што го дадов сама на себе пред толку години, а сепак го прекршив со тебе... Кога сум со тебе, повторно се чувствувам како дете, лесно и безгрижно, некако како пак да го живеам тоа време од пред некоја година. Но, затоа и сите наши падови ги доживувам исто како што сум ги доживувала тогаш. Биди тука...
Не изгледaш бaш среќен нa фoтoгрaфијaтa сo неa. Мм дa си се нaсмевнaл,тaa цветa ти oвенaт сo нaсмевкa. Ѓaвoл.
Две години како го носам твоето презиме, а повеќе од седум те носам во срцево. И со секој поминат ден, со секоја помината борба сфаќам колку те сакам и колку ми треба твоето присуство. Сфаќам дека животот ни поставува препреки за заедно да ги поминеме, заедно да се бориме и знам дека на крајот на денот се ќе биде во ред и ќе спиеме мирно. Те сакам! Среќна годишнина.
Што повеќе би можела една жена да посака,кога веќе има маж кој те бакнува за добра ноќ и кога си лута (понекогаш без причина),наутро те буди со "принцезо",без разлика каде и да е,со поглед секогаш мене ме бара. Знам да бидам тешка понекогаш,но сфати ме,две години во заедница и тебе би те збудалиле. Само да знаеш дека те сакам мило,секогаш.
Заштити ме од она што го посакувам, насочи ме, заштити ме, прегрни ме цврсто, да ме убедиш повторно дека нашиот свет е најважен и најкомфорен. Понекогаш се плашам дека ќе заминеш, дека ќе те изгубам и дека мирисот на тебе и нашата постела ќе ме демне кај и да се свртам. Ги мразам чувствава во мене, избркај ги побрзо, ќе полудам..
Не се плаши од кучето што лае, плаши се од тоа што ќути! Идиоту... ти дури не заслужуваш ни да те мразам. Ти не си вреден ни за мојата омраза. Сите ќе платите за грешките. *Многу арно, не било на арно.