Те чувам јас но чувај ми се и ти, не дозволувај никој и ништо да ни ја уништи љубовта, мирот и спокојот што си го имаме.
Ова што го направи за мене и моите најблиски во последниве неколку дена, нема никогаш, ама никогаш да го заборавам. Од носењето по болници, купувањето храна и грижа постојано да сме со полн стомак, до обидите да нѐ насмееш, да нѐ натераш да гледаме попозитивно, да ни внесуваш надеж, да бараш врски за да ја чуваат како што треба... А тоа што денес си излегол од работа и извозел 50км само да се погрижиш мајка ми да не е сама и да нема лоши мисли...е тоа богами никој не го прави. Посакувам еден ден да можам да ти се оддолжам за сѐ. Се надевам нема да ми бидеш потребен во најлошото, се надевам нема да ја изгубам...
Знаев злато, знаев дека се ќе биде во ред. Немој веќе никогаш да ме плашиш на ваков начин. Толку, се заврши. Можеш да се насмееш. Знаеш ја сакам таа насмевка. И гушни ме силно, најсилно....
Deneska te sretnav so malata.cela na tebe e.za mig zdivot mi zastana.laden bran me obli po celo telo.pocuvstvuvav ogromna bolka. Me navrati nekolku godini nanazat.mnogu loso se pocuvstvuvav. Ke pomine li nekogas? Mora da pomine.drug izlez nema.
Ја упрскав, нели? Пробај сфати ме... Не можам туку така одеднаш буквално да издигнам доверба после сето оноа што го имам неколкукратно изградено, за да некоја после тоа ми го сроза до темел. И не дека не забележувам, итекако ги забележувам твоите реакции. Само остави ми време. Ти ветувам, ќе се увериш. Штом ги имаш моите симпатии, сакам нештото да оди понатаму. А и баш убаво ни` тргна муабетот на почетокот. Ете гледаш?
Eве година и повеќе помина откако сме заедно. Далеку сме од тоа што замислував дека ќе бидеме... Само не знам до кога вака... Стави ти крај на ,,врскава,, јас не сум психички спремна... Толку нервози, неспиени ноќи и потиснувања во себе не сум имала никогаш. Одбра да ја разбудиш таа страна кај мене.. А следува и одморот..
И сите велат „Алал да ти е , само насмеана си...“ и така беше... ете баш така пред да те запознам Чиниш прваче бев, кое веруваше во луѓето , во соништата, со љубовта, во светот... Чиниш од Пепелашка самовилата ја имав на рамото, па се од рака ми одеше И пак само насмеана бев... ете така искрено и од срце... И дојде ти... и замина тоа дете мало во неповрат... Се што за другите не важеше, ти мене во душата ми го ставаше... Те не верувај во луѓето... Те љубов не постои... Те криј ги проблемите не сака никој да ти помогне... Те не фантазирај... Те многу искрена си... Те лоша си... на друг сакаш нешто да му земеш... Те нападна си... јас не идам тука за тебе, за работа си идам... И мислиш кодот ми се смени.... Намуртена, тажна, неверна, депресивна и бескрајно несреќна в час станав... И станав само молчалив набљудувач на испадите љубовни кои си ги кажувал некаде... И станав подголтнувач на срањата што ми ги сервираше... Па немо гледав како мојот живот заминува во бестрага, верувајќи ти тебе дека мора тоа да ме снајде, оти грешна сум.... Па немо гледав како други мажи небото го постилаа пред други жени... Па немо слушав восхитувања, страсти, комплименти и си шепотев : „не , бе.... не си ти вредна така да ти биде...“ Па немо добивав услуги животни од мажи, ете милион пати поважни од тебе, потсетувајќи се како не смеев да те побарам за кафе, за разговор, а не за живот цел... Па немо научив да носам се на грбот, ете така со таа насмевка.... И ќути па помина... помина ти... и само мисливе дека несреќа заслужувам нека заминат со тебе ... и само нека остане ова прваче во мене кое пак почна на сите да им верува и во љубовта и во соништата.... а друго, друго не сакам...
Никогаш не претпоставував дека ако еден ден толку ме разочараш истовремено и несакајќи ќе ме освестиш толку ! Да баш како во сон кога е човек ,а некој ќе му истури вода . Инстант рестарт ми даде ти благодарам , ова е капката која што недостасувала изгледа ?! Сфатив дека се ми беше залудно , колку и да се трудам , колку и да се тешам себеси, макар и против себе се е залудно. Ти секогаш ќе бидеш добриот пред луѓето ја секогаш лошата , ти секогаш ќе се потпираш на мене ,а јас никогаш нема да можам на тебе . Не сакав споменик за се што сторив и дадов за тебе , посакав само мала благодарност , мала надеж за подобро утро.Јас не можам секогаш да го враќам бродот од погрешна насока , ни да го спасувам ако тоне . Тоа е твој брод не мој !!! Моите проблеми се само мои , а твоите се наши ?! Трчајќи околу тебе по тебе за тебе се заборавив себеси , се депримирав целата физичка и психичка и онака кревка (и ја имам живот и не ми е розов)ја испи .Поосамено и попредадено и попродадено не сум се осетила од минатата врска . Ја вложувам 99 % правам и што не треба да правам , глумам будала сакајќи да ти помогнам поради твоите проблеми , но доста е ! Нема да бидам повеќе твој вечен психолог, слушател , рамо за плачење , а за возврат да го добивам ова . Гледам другарите ти се поважни од мене , всушност се ти е поважно од мене . Постојаните излегувања , пијанки , пикнизи , риболови , безборј кафиња и пива . Јас , јас личам на 50 годишна жена која има грижа на совест ако излезе , а ти си депримиран вечерта .Заборавив кога последен пат сум излегла да се испијанам да се расположам , да поминам прекрасна вечер со моите другарки. Одамна не сум се насмеала од срце , да дишам без калкулации и нервози . Навистина зажалив што ја тргнав бариерата оној зид каде бев сигурна и безбедна . Но сепак ти благодарам без оглед на исходот каков и да е , благодарам што ме подразбуди дека не си совршенство ,дека грешиш упс ми грешиш и ме туркаш од себеси се повеќе. Не знам дали некогаш ќе успееш да ми надоместиш и ја да те гледам со исти очи , познавајќи се себеси никогаш. Тешките моменти и ситуации се најдобрите учители , а ја ваква лекција никогаш немаше да претпоставам дека ќе ми биде потребна . Нозете цврсто на земја од сега,никогаш нема да дозволам да се повтори ова никогаш ! Го загрозив и сопственото здравје трчајќи во најлошите моменти од твојот живот и животот на твоето семејство . За возврат добив заклучок дека сум строга и лоша дека ќе бидам џандар и дека сум специфичен карактер . Аааа ок , што сум лоша бар да си го подесам карактерот на моде лошо. Не сте ја виделе мојата лоша страна верувајте , посакувам и никогаш да не ме приморате да ја видите ,ама ме приморавте особено ТИ!Губејќи ја совршената слика за тебе , ја пронајдов својата , реалната најважната !
http://www.tekstovipjesamalyrics.com/tekst-pjesme/60886-mirza-selimovic-hiljadu-ruza-tekst-pjesme чувствувам песнава е за мене,јер таја не знаит балкански ххаххххаха
Не знам каде би била јас без тебе. Едноставно не можам да си го замислам животот кога ќе погледнам наназад, а да не нема нас двајца во таа приказна. Каде ќе бев? Само немој да речеш дека ќе бев посреќна, оти во тоа не сакам да поверувам, а и не можам. Се ми е со тебе. Со тебе дознав што е вистинска љубов. Да можеа ноќите да ти кажат како ми е секогаш кога не си покрај мене. А кога си посакувам тоа вечно да трае.
Иако беше кратко и најслатко со тебе, заради еден идиот се расипа се.. Ми фалиш, озбилно многу ми фалиш да се разбудам со порака за Добро Утро, и ако продолжеше знам дека ќе беше и најубо. Си рекол да не губам надеж, и не губам оти знам дека од тебе секогаш излегува она најдоброто. Ќе биди ли?