Да знаеш колку сакам да имам сила и желба да се дотерам денес, да одиме негде на вечера и да зборуваме за убави нешта, да наздравиме за твојот роденден и да се смееме. Имам вина што немам желба, а ти толку се трудиш секој мој роденден да го направиш посебен. Како да треба да глумам дека се радувам, а не сум способна. Сакам да се исклучам од сите лоши мисли кои ме окупираат деновиве, сакам да ти се посветам, да ги баталам моите проблеми барем денес. Среќен роденден, најмил мој, нека повеќе не ни се повтори овој лош период, да се држиме за рака само во весели мигови. Ништо повеќе не ми треба. Здравјето, мое, твое и на сите најблиски.
Еднаш ми рече: „некогаш ми беше гајле што мислиш за мене и за тоа што правам, ама период беше, и тој период заврши за мене одамна...“ и се прашувам во вакви денови дали знаеше кога тоа го рече колку лош период беше ти за мене? период кој за жал не помина така лесно... период кој ме раскрши на милион делови... период кој ме прекрои... крвав период...ама сепак период... ете го помина... реков да ти кажам и јас... да си знаеш
Многу ти е лоша навикава да ми се лутиш и да ме игнорираш како мало дете за некоја глупава ситница. Секој пат боли како првиот. И нека боли, така ми треба. Ајде, ќе ти помине и ова...
Многу ми недостигаш,премногу... Едвај чекам да поминат и овие месеци,и да си бидеме заедно и на малите им недостигаш и тоа премногуу...
Знаеш дека сум плашливка ама за тебе би го победила стравот од височина и би летала со авион. Се би направила во име на нашата љубов, за да бидеме заедно, да ги оствариме нашите соништа и желби... би идела и до крај на светот. Покрај тебе се чувствувам сакана, среќна, безбедна, смирена...те сакам многу мило мое . l:
Се обидувам да не бидам груба и себична, но многу лутина ти држам. Тој, за кого велев дека не користи никакви изговори кога ми е потребен, најде изговори во најтешкото. Благодарна сум што неа и се најде кога ја носевме во болница, тоа можеби беше најбитниот момент. Но, веста дека починала ја примив сама и не знам дали знаеш дека е најболното искуство во целиот живот. Пет саата ти немаше кола, а дали паметиш дека некогаш со ебани 100 денари доаѓаше кај мене, менуваше два автобуси, одеше и пешки, а вечерта пак те испраќав. Ама не, сега колата не ти беше тука. Дали знаеш дека се надевав дека ќе бидеш до мене на погребот, како последна почит кон неа, ама не, тебе те чекаа весели моменти, роденденот на внука ти и другарка ти се најважни. Дури и вчера, си отиде дома да си славиш со другарките, со кои патем искачаше додека јас не знаев што ќе биде со тета, со изговор дека и тебе ти треба малку промена. Ама јас вчера бев во толкав шок. И се прашувам, дали ако мене ми беше роденден, а ти ми липаше, неможејќи веќе да го задушиш плачот и ми кажеше со крвави очи - не ми се верува дека веќе нема да ја видам...дали сепак ќе си отидев вечерта, со изговор дека гости ме чекаат дома? Колку што можам некогаш да бидам позитивна изненадена, толку можеш и да ме разочараш. Што да кажам, оди си, шетај си, за тебе животот продолжува, моите проблеми дефинитивно не се твои. И не треба ни да бидат. Фала на лекцијата.
Се играше со мене?Еве јас се вратив,дома сум сега.Не си свесен дека ги броев деновите за да се вратам,за да се видиме,да бидеме заедно цел ден.Не го почуствував одморот затоа што по цели денови зборував со тебе на тел,мавав wi-fi за тебе,ти бирав кошула и ти кажував мислење додека јадев,ти го сликав секој мој поглед.Се чуствував многу поразлично со тебе и не се каам.Минатата ноќ кога се враќав на секоја бензинска ти пишував уште колку ми остана до Куманово,скокав од среќа кога стигнав.Бев уморна ама сепак со трчање ке дојдов денес,еве пак зборувавме цел ден и не ми спомна.Сакаше да се видиме кога бев 800км далеку а сега кога сум тука се срамиш од едно прашање?Офф бе
Мислев дека веќе не боли, ама боли бе, уште повеќе боли.. До кога вака?! Зошто те сакам и покрај се?! Сега пак сум јас крива нели, како и секогаш ти си господин совршен..
Колку само ми фалат деновите поминати заедно.. Ми фали да се дереш сред полна улица дека ме сакаш, да се сликаме и снимаме ко најретардираните суштества на светов и после да се смееме ко будали два саати, ми фали да ме караш кога ги грицкам ноктите и упорно да ми ја тргаш раката од уста хихи ми фали се затоа што знам дека со никој нема да имам таква слобода како со тебе..Со тебе бев 5 годишно детенце, се глупирав и никогаш не ми беше страв дека ќе ми се смееш или ќе ме прекориш затоа што секогаш ги продолжуваше моите глупости и правеше да се чувствувам како тоа што го правам да е најпаметното нешто на свет... Знаеш дека сите ни велеа дека сме најзабеганиот и најубав пар кој некогаш го виделе..Сите ни се воодушевуваа на врската.. И зарем мораше да испаднеш таков кретен и да ни го прекинеш тоа совршенство? Ми фали се, и ти ми фалиш, ама никогаш нема да ти признаам..Терај си со животот, заборави ме..Така е најдобро за двајцата
Како што се доближуваат деновите јас повеќе се напинам, се повеќе се нервирам. Некогаш си викам како истрпив еден огромен период цела вечност, та сега се нервирам кога сум се поблиску до тебе. Кога само денови се во прашање. Ех, незнам како до сега издржав, срцето ми е скршено на парчиња, станав мрачна, за прв пат почнав да мразам луѓе и да се мразам себеси. Цела наша случка ме смени, ме направи лоша и себична. Го молам Бог да го убрза времето, да те донесе кај мене, за ти да ми ја вратиш насмевката, онаа вистинската. Да те грабнам и да те одведам некаде далеку од штетни луѓе. Само јас и ти, да си го вратеме времето кое ни беше нефер одземено. За сега ми останува само да ги бројам деновите кои се болни и траат како вечност.
На оваа дата пред неколку години уживавав во твоите прегратки, се сеќавам го носев фустанчето кое многу ти се свиѓаше. Цело време се смешкав, те гушкав и бакнував како со месеци да те немав видено. Ама тоа време одамна помина, но спомените се уште свежи. Се сеќавам на нив кога ќе поминам кај местата на кои заедно седевме, градот од тогаш многу е сменет дури ми изгледа на ладно место откако тебе те нема. Те немам слушнато неколку месеци ама сакам да се јавиш за да знам дека си добро. Што друго да ти кажам кога ти се си знаеш, а јас знам дека пак ќе те видам и дека ќе имаме шанса за нов почеток
Ти, да ти со убавите плави очиња што ми дојде денес и што кажа: Тој парфем што ќе го одбереш само тој ќе го купам, по твој избор. Прв пат те гледам во животов алооо,ама сакам пак да те видам
Најдобро ти е да си одиш на време,да не ме ни запознаваш ни видиш,јас сум едно парче фигура на овој свет што ке те повреди на крај Сакаш да знаеш повеќе за мене.Што сакаш да ти кажам?Како да ти објаснам дека сум дволична,глупача,манипулаторка.Не губи време и ти.Јас не заслужувам ни љубов ни среќа.Заборави дека ме виде,слушна и се заљуби.Те сакам и затоа ке се тргнам.Знам дека страшно ке те повредам,иако ке мислам дека е за наше добро...Ти не знаеш колку осамено се чуствувам.Светот ми се рушиПосакувам да си до мене сега и да можам да ти раскажам се...Да те гушкам цело време и да знам дека е сега и никогаш повеќе,сакам да скокам бидејќи сум ниска а ти да ме тешиш и да ми велиш дека сме тука некаде хахах.Не ти кажав..Ми фали љубов во животот,се чуствувам празно..Good night